Волково (Прилепско)
| Волково | |
| Координати 41°18′6″N 21°34′5″E / 41.30167°N 21.56806°E | |
| Општина | |
| Население во атар1 | 34 жит. (поп. 2021)[1] |
| Шифра на КО | 20018 |
Објаснувања за населението 1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
| |
Волково — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Волково Село е сместено во јужниот дел на Република Македонија. Од Прилеп селото е оддалечено 6 км јужно. Волково Село се наоѓа на источниот обод на Пелагонија. Селото е сместено на североисточните падини на Селечка Планина. Надморската висина на селото е приближно 780 метри. Климата во селото е планинска заради нагласената надморска висина.
Историја
[уреди | уреди извор]Во XIX век селото било дел од Прилепската Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Население
[уреди | уреди извор]Население во минатото | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Волково живееле 98 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Волково имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Влаково е претставено како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 14 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Волково живеат 42 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 34 жители, од кои 33 Македонци и 1 Албанец.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
| Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Население | 98 | 96 | 163 | 161 | 148 | 79 | 79 | 33 | 41 | 42 | 34 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
[уреди | уреди извор]Волково е македонско православно село, сите родови во селото се доселнички.
Родови во Волково се:
- Доселеници: Дурлевци (13 куќи) од Мало Рувци прешле во Чумово, а од таму во Волково. Во Чумово нивни роднини се Батковци, го знаат следното родословие: Лазар (жив на 41 г. во 1954 година) Ордан-Ристе-Јосиф-Митре, кој се доселил; Мрсевци (4 куќи) доселени се после родот Дурлевци исто така од Чумово; Пашаќулевци (2 куќи) за нив се вели дека шетале насекаде (Небрегово, Дреново, Прилеп) овде дошол предокот Ристе во 1900 година; Томевци (1 куќа) доселени се од селото Галичани, во Галичани и Беровци имаат истоимени роднини; Деловци (3 куќи) доселени се од Прилепец во 1910 година. Таму имаат истоимени роднини.[11]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачкото место бр. 1433 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 26 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]
- Голема Нива — населба од енеолитското време;
- Петочна Вода — депо на монети од хеленистичкото и римското време;
- Селски Гробишта — осамен наод од римското време;
- Гробишта — ранохристијанска црква со некропола; и
- Долзи Нивје — некропола од железното време.
- Цркви
- Манастири
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]Култура и спорт
[уреди | уреди извор]Иселеништво
[уреди | уреди извор]Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.
Од родот Мрсевци има иселеници во Прилеп (две семејства). Од родот Дурлевци има иселеници во Лагово и Прилеп. Дурлевци се иселени во Старо Лагово. Родот Чурлиновци е изумрен, биле доселени однекаде.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.245.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот Вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- 1 2 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 291. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Миткоски, Александар; Темелкоски, Душко (2019). „ГЕОРЕКОГНОСЦИРАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНИТЕ ПРИЛЕП, ДОЛНЕНИ, КРИВОГАШТАНИ И КРУШЕВО“ (PDF). Каламус. Посетено на 30 декември 2025.


