Беровци
Беровци — село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото Беровци се наоѓа во Пелагонија, односно во јужниот дел на Прилепско Поле.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Беровци живееле 230 жители, сите Македонци.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Беровци имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според пописот од 2002 година, селото Беровци има 334 жители, од кои 333 Македонци и еден друг.[4]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Беровци има 365 жители.
Следува табела на народносната структура на населението:
Народност | Вкупно |
Македонци | 340 |
Албанци | 1 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
Други | 24 |
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 230[2] | 120[3] | 252 | 302 | 352 | 375 | 357 | 355 | 353 | 334 |
Родови[уреди | уреди извор]
Беровци е чисто македонско православно село, сите родови во селото се доселенички.
Родови во Беровци се:
- Доселеници: Вршковци (2 к.), потекнуваат од предокот Марко, доселени се околу 1850 година од селото Ерековци; Куциовци (1 к.), доселени се околу 1850 година од селото Прилепец; Штрклевци (3 к.) и Милевци (2 к.), доселени се околу 1850 година од селото Галичани; Томевци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Галичани, таму имаат истоимени роднини; Беџовци (4 к.), доселени се пред 1912 година од Алинци; Џелиловци (5 к.), доселени се од Марул и таму се доселиле однекаде; Черкезовци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Галичани, пред тоа живееле во Боротино и Лагово; Емровци (2 к.), доселени се пред 1912 година од Кадино Село, подалечно потекло од Бела Црква; Јанчевци (5 к.), стари деленици од Емровци. Овие два рода во Бела Црква имале роднини тоа биле Куцовци. Подалечно потекло од Смилево во Железник; Јаричевци (1 к.), доселени се 1925 година од Алинци, таму припаѓале на родот Головодовци, подалечно потекло од селото Света во Железник; Алексовци (1 к.) доселени се од Леништа; Бутрак (1 к.), доселени се од Галичани, после 1918 година, гранка се од родот Бутраковци кои живеат во Големо Коњари, подалечно потекло непознато; Гулабовци (1 к.), доселени се во текот на Втората светска војна од селото Сливово во Дебрца; Грујовци (1 к.) доселени се од Мало Коњари и Апчевци (1 к.) доселени се од Прилеп пред 1912 година.[6]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Археолошки наоѓалишта[8]
- Селска Црква — осамен наод од римско време;
- Кметица — неопределено наоѓалиште од непознат период;
- Црквиште — неопределено наоѓалиште од непознат период;
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 1432 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 297 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Мојсовци (7 к.) иселени се во Веселчани, Вишиновци (5 к.), иселени се во Алинци, Трајковци (3 к.) се иселени во Мало Коњари, Апчевци (1 к.) иселени се во Мажучиште и Николовци се иселени во Шелеверци. Од родот Куциновци има иселеници во Прилеп.[6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
- ↑ 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.148-149.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 6,0 6,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина. Белград: САНУ. стр. 332–333.
- ↑ Осветување на камен-темелник на нова црква во с. Беровци, Прилеп
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.