Смолани

Координати: 41°20′04″N 21°46′26″E / 41.33444° СГШ; 21.77389° ИГД / 41.33444; 21.77389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Смолани
Смолани во рамките на Македонија
Смолани
Местоположба на Смолани во Македонија
Смолани на карта

Карта

Координати 41°20′04″N 21°46′26″E / 41.33444° СГШ; 21.77389° ИГД / 41.33444; 21.77389
Регион Пелагониски
Општина Прилеп
Област Раец
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7500
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20098
Надм. вис. 557 м
Смолани на општинската карта

Атарот на Смолани во рамките на општината
Смолани на Ризницата

Смолани — село во Општина Прилеп, средишно-јужна Македонија. Денес нема жители.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото е сместено во областа Раец, во подножјето на планината Дрен и источно од градот Прилеп.

Историја[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Смолани е населено уште од неолитот, за што сведочи наоѓалиштето Крушкова Нива околу 1 км североисточно од селото.[3]

Во XIX век Смолани било македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Смолани имало 215 жители, сите Македонци христијани.[4][5]

На почетокот на ΧΧ век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Слулани имало 200 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[4][6]

Население[уреди | уреди извор]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Смолјани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.[7]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194862—    
195345−27.4%
196120−55.6%
19712−90.0%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]

Кон средината на XX век бројот на жители значајно опаднал, и продолжил да се намалува во текот на следните децении, за да се сведе на само 2 жители во 1971 г. Во текот на таа деценија селото е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Смолани немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 215 200 62 45 20 2 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Родови[уреди | уреди извор]

Смолани било македонско село, кое сега е иселено.

Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:

  • Староседелци: Данчевци со Буцаровци (7 к.) и Станојовци (6 к.)
  • Доселеници: Петковци (4 к.) доселени биле на почетокот од 19 век од мариовското село Вепрчани; Стевковци (1 к.) доселени биле во почетокот на 19 век од раселеното село Глоговица.[13]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Археолошки наоѓалишта

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Според истражување од почетокот на 1920-тите, потомци на преселници од Смолани имало во следниве населени места:[16]

  • Ваташа, Кавадаречко: Пинџуровци (2 куќи)
  • Раец, Кавадаречко: Силевци (1 куќа)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 313. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 246. ISBN 954430424X.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 22.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  14. „Црква „Свети Димитриј", село Смолани“. Old Prilep. Архивирано од изворникот на 2018-03-06. Посетено на 5 март 2018.
  15. Илюстрация Илинден, Година XV. Книга 1 (151), Януарий 1944 г., стр.15
  16. Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 401-410. line feed character во |accessdate= во положба 13 (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); |access-date= бара |url= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]