Кадино Село

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кадино Село
Кадино Село is located in Македонија
Кадино Село
Местоположба на Кадино Село во Македонија
Координати 41°18′24″N 21°27′34″E / 41.30667° СГШ; 21.45944° ИГД / 41.30667; 21.45944Координати: 41°18′24″N 21°27′34″E / 41.30667° СГШ; 21.45944° ИГД / 41.30667; 21.45944
Регион Прилепско поле
Општина Coat of arms of Prilep Municipality.svg Прилеп
Население 269 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 613 м
Слава Мала Богородица
Кадино Село на општинската карта
Кадино Село во Општина Прилеп.svg

Атарот на Кадино Село во рамките на општината
Commons-logo.svg Кадино Село на Ризницата

Кадино Село е село во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Кадино Село е сместено во јужниот дел на Прилепско Поле. Лежи меѓу Галичани на исток, Мало Коњари на север и Боротино на запад.

Историja[уреди | уреди извор]

За време на Отоманската Империја, Кадино Село му припаѓало на некој прилепски кадија, по што го добило и името.[1] Турците го нарекувале Кади-ќој. На 24 март 1902 година, охридскиот војвода Методија Патче при престојот во Кадино Село ќе биде предаден на властите. Војводата со својата чета која броела седум членови од старата кула во селото се бореле против 500 турски војници. Борбата траела до наредниот ден, а кога им снемало муниција војводата и револуционерите херојски се самоубиле. Кон крајот на турското ропство во Кадино Село биле затекнати осум чифлици, чии сопственици биле: Рашид-бег, Гура-ефенди, Музуровци, Изет-ага, Фаик-паша, Ештреф-ефенди, Алиабовци и Милан Небреклија.[1] По 1912 година повеќето жители ја купиле земјата од чифликсајбиите, а помал дел ја добиле со аграрната реформа.[1]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Кадино Село живееле 300 жители, сите Македонци.[2]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кадино Село имало 264 Македонци, егзархисти.[3]

Според пописот од 2002 година, Кадино Село има 269 жители, сите Македонци.[4]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[5]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 340[2] 264[3] 520 533 564 521 418 328 314 269

Родови[уреди | уреди извор]

Кадино Село е македонско село.

Родови во селото се: Самарџиовци (11 куќи) и Митревци (6 куќи) порано чинеле еден род - Кутловци. Доселени се од некое битолско село, ја знаат следната генеологија Велко (жив на 60 год. во 1950тите) Ѓорге-Илија-Коте, се доселил неговиот татко; Стевчевци (3 куќи) доселени се однекаде; Јовевци (7 куќи) родот го основал Јове, доселени се во првата половина на 19ти век од селото Мало Коњари, таму им се род Анѓелевци. Ја знаат следната генеологија Диме (жив на 100 год. во 1950тите) Ристе-Јове, основачот на родот кој дошол; Музуровци (7 куќи) доселени се од селото Утово, Железник, за нив се вели дека се Брсјаци; Ќебаковци (10 куќи), Ѓорчевци (7 куќи) и Врбовци (5 куќи) порано биле еден род - Вршиконоповци, доселени се од некое битолско село; Боневци (3 куќи) и Цветановци (3 куќи) доселени се однекаде; Малкадија (2 куќи) доселени се пред 1912 година од селото Дрен во Тиквеш; Чукале (1 куќа) доселени се пред 1912 од некое соседно село; Черговци (1 куќа) и Мертовци (1 куќа) доселени се од Крушеани; Парталко (1 куќа) доселени се после 1912 година од Свето Тодори; Мицковци (1 куќа) потекнуваат од домазет доселен од селото Загорани; Чагорци (1 куќа) доселени се од Заполжани после 1918 година, подалечно потекло од селото Чагор.[6]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Мажи од Кадино Село во народни носии, почеток на XX век

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

;Починале

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

ФК Кадино

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село.

Ангелевци иселени се во Мало Коњари. Бошевци иселени се во Мало Рувци. Муловци иселени се во Алинци. Барлевци и Илијовци иселени се во Галичани. Чапраговци иселени се во Големо Коњари. Има иселеници и во Прилеп. Највеќе иселеници има во Галичани. А народот од Кадино Село, вели дека пола село од Галичани потекнува од Кадино Село.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Ф. Трифуноски, Јован (1998) (на српски). Битољско-прилепска котлина. Српска академија наука и уметности. стр. 335. 
  2. 2,0 2,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 246.
  3. 3,0 3,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  4. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  6. 6,0 6,1 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]