Свето Тодори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Свето Тодори
Поглед на Свето Тодори 4.jpg

Поглед на селото Свето Тодори

Свето Тодори is located in Македонија
Свето Тодори
Местоположба на Свето Тодори во Македонија
Координати 41°13′45″N 21°20′12″E / 41.22917° СГШ; 21.33667° ИГД / 41.22917; 21.33667Координати: 41°13′45″N 21°20′12″E / 41.22917° СГШ; 21.33667° ИГД / 41.22917; 21.33667
Регион Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски
Општина Coat of arms of Mogila Municipality.svg Могила
Област Пелагонија
Население 210[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 7245
Повик. бр. 047
Надм. вис. 604 м
Свето Тодори на општинската карта
Свето Тодори во Општина Могила.svg

Атарот на Свето Тодори во рамките на општината
Commons-logo.svg Свето Тодори на Ризницата


Свето Тодори — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од светецот на селската црква, Теодор Стратилат.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Селото се наоѓа речиси во средишниот дел на Пелагонија, во северниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[3]

Селото е потпланинско, сместено во подножјето на планината Древеник на запад и висорамнината на исток. Околни села се: Подино на север и Трновци на југ.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Крс, Богдан Манастир, Липа, Папрадиште, Дебела Леска, Гнојиште, Мрцкоа Падина, Мечкина Дупка, Свињи, Локви, Широка Бука, Тумбиња, Широки Дол, Страна, Јазбина, Петрегла, Лезоица, Лозишта, Чешмиња, Кутлина, Татарица, Пашиница, Чоролица, Црна Река, Чаирица, Ќосовица, Гладно Поле, Крге, Стеваница и Ќерамидница.[4]

Селото има збиен тип и е поделено на маала, кои се именувани по родовите во нив.[4]

Селото се наоѓа во котлината Пелагонија, југозападно од Прилеп и североисточно од Битола.

Историја[уреди | уреди извор]

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот вилает под името Исвети Тодор кога имало 25 семејства, 1 неженет и 4 вдовици, сите христијани.[5]

Околу илјада метри југозападно од селото се наоѓал манастир, кој подоцна запустел. Мештаните во 1954 година почнале да копаат на таа месност и наишле на ѕидови високи еден метар. На нив се познавале одредени траги од живописот. Подоцна биле ископани и 10 стари гробови.[4]

Во првата половина на XIX век тука се населиле Арбанаси, кои имале околу 20-30 домаќинства. Нивните гробишта биле сместени на патот за соседното село Подино, а во селото постоела и џамија. Сепак, сите овие се иселиле од селото и главно се преселиле во градот Битола. На нивните места дошле предците на денешните македонски родови.[4]

Во XIX век, Свето Тодори било село во Битолската каза, на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Поглед на селото од полето

Атарот зафаќа простор од 11,1 км². На него преовладува обработливото земјиште на површина од 510 хектари, на шумите отпаѓаат 339 хектари, а на пасиштата 224 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трновци живееле 210 жители, сите Македонци.[6] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Свето Тодори имало 128 Македонци, егзархисти.[7]

Од селото, речиси, половина население се иселиле и тоа преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година селото имало 481 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 256 жители, македонско население.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Свето Тодори живееле 210 жители, сите Македонци.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 210 128 406 477 481 453 447 264 256 210
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови[уреди | уреди извор]

Свето Тодори е македонско село. Сите родови во селото се доселени.[4]

Родови во селото се: Мицевци (4 к.), најстар род во селото, доселени се од Охридско, ја знаат следната генеологија Васил (жив на 80 год. во 1950-тите) Божин-Мице, основачот на родот кој се доселил; Димчевци (2 к.), деленици се од Мицевци; Нолевци (17 к.), доселени се од селото Трновци, имаат роднини во Ивањевци (Буџаковци), ја знаат следната генеологија Спасе (жив на 30 год. во 1950-тите) Ристе-Димче-Ноле, основачот на родот кој се доселил; Анѓелковци (9 к.), Ѓурчиновци (6 к.), Чорбевци (5 к.) и Грашковци (3 к.), и тие се доселени од Трновци; Горјановци (2 к.), доселени се во турско време од Бела Црква, таму се доселени од Смилево; Костевци (1 к.), доселени се однекаде; Ќеменовци (5 к.), доселени се од Добрушево; Прдлевци (2 к.), доселени се во турско време од Обршани, и таму се доселени однекаде; Пановци (2 к.), доселени се во турско време од Подино, таму биле доселени од Старо Подино; Стојановци (3 к.), шетале по сите села, овде се доселени од Српци во турско време; Бакревци (2 к.), доселени се од селото Света, Железник, а некое време живееле и во Трновци.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Поглед на основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Могила.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Ивањевци, во која селото Свето Тодори, се наоѓале и селата Беранци, Вашарејца, Древеник, Ивањевци, Лознани, Новоселани, Подино, Српци и Трновци. Во периодот 1950-1952, селото било исто така дел од Општина Ивањевци, во која влегувале селата Древеник, Ивањевци, Новоселани, Подино, Свето Тодори и Трновци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборното место бр. 0185 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 149 гласачи.[12]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Теодор Стратилат“
Археолошки локалитети[13]
Цркви[14]
Манастири

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Трновци

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Се знае за следните иселени македонски родови од селото: Рујановци (1 к.), живеат во Новоселани; Мориовчиња (4 к.), живеат во Граешница; Порталко (1 к.), живее во Кадино Село и Ночевци (2 к.), живеат во Долно Оризари.[4]

Од селото се имаат иселено над 200 лица. Најмногу се имаат преселено во градовите Битола, Прилеп и Скопје, како и во прекуокеанските земји и Европа.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 1 септември 2019. 
  2. 2,0 2,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. конс. 2019-09-01. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 268. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 1 септември 2019 г. 
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345. https://www.worldcat.org/oclc/41961345. 
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.68
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 237.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. „Описи на ИМ“. конс. 2 септември 2019. 
  12. „Претседателски избори 2019“. конс. 2 септември 2019. 
  13. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  14. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]