Долна Чарлија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Долна Чарлија е село во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Долна Чарлија
Долна Чарлија is located in Македонија
Долна Чарлија
Местоположба на Долна Чарлија во Македонија
Координати 41°8′26″N 21°26′20″E / 41.14056° СГШ; 21.43889° ИГД / 41.14056; 21.43889Координати: 41°8′26″N 21°26′20″E / 41.14056° СГШ; 21.43889° ИГД / 41.14056; 21.43889
Општина Општина Могила
Население 198 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 568 м
Долна Чарлија на општинската карта
Долна Чарлија во Општина Могила.svg

Атарот на Долна Чарлија во рамките на општината


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Oпштина Могила, на 15 км од градот Битола, на левиот брег на Црна Река.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според пописот од 2002 селото брои 198 жители, сите Македонци.[1]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Долна Чарлија живееле 325 жители, сите Македонци.

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Долна Чарлија имало 208 Македонци, егзархисти.[2]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[3]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 325 208[2] 428 474 538 457 507 254 236 198

Родови[уреди | уреди извор]

Долна Чалгија е македонско село.

Родови во селото се: Цветановци (8 куќи) најстар род во селото, доселени се однекаде во 18ти век; Мантевци (6 куќи) и они се доселени однекаде; Вртковци (8 куќи) живееле во Оптичари, па потоа шетале по другите села, и дошле тука; Ибишовци (4 куќи) доселени се на крајот од 19ти век од селото Клепач, подалечно потекло од Преспа; Дивогасковци (2 куќи), Ржаносламовци (7 куќи), Павлевци (2 куќи) и Ченкаровци (2 куќи) доселени се во 1903 година од селото Трап; Бончанци (3 куќи) доселени се 1903 година од Бонче; Кулаковци (4 куќи) порано се викале Катранџиовци. Изгледа се доселени од некое село во Порече; Шкрепа (1 куќа) доселени се од Далбеговци; Ношпалци (2 куќи) доселени се од Ношпал; Цапаровци (1 куќа) доселени се од Цапари; Поречанци (1 куќа) доселени се од Порече.[4]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[5]
Археолошки локалитети[6]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  2. 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. 1914-1997., Trifunoski, Jovan F., (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања. Srpska akademija nauka i umetnosti. ISBN 8670252678. OCLC 469501519. http://worldcat.org/oclc/469501519. 
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Надворешни врски[уреди | уреди извор]