Тодор Бајрактаров
| Тодор Бајрактаров | ||
| Роден | Лажец, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 15 јули 1902
| |
Тодор Бајрактаров Фурнаџиев или Фурнаџијата ― македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Тодор Бајрактаров е роден во битолското село Лажец, тогаш во Османлиското Царство. По занимање, тој бил фурнаџија. Работел во Битола и станал јатак на Дељо Лесковски и Стојан Донски, по што тој станал член на месната терористичка група на ВМОРО. Во февруари 1902 година, тој станал нелегален четник при Георги Сугарев. Откако војводата се разболел, четата била предводена од Бајрактаров. Загинал со целата своја чета во 1902 година во борба против османлиските сили во селото Чарлија (Горна или Долна Чарлија). Со него загинале четниците Ристо од Будаково, Благо и син му Димитар од Бач, Боже од Трап, Темелко од Лера, Мице и Цветан од Кичевско и еден папуџија од Битолско, се спасил само четникот Петре Тасев од Могила.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Илюстрация Илинден, 1930, бр. 29, стр.15