Тале Андонов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тале Андонов
Роден 2 февруари 1890
Царев Двор, Македонија

Тале Андонов Христов (Хаџиев) — македонски револуционер, ресенски војвода, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешна македонска револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Тале Андонов е роден во 1890 година во ресенско село Царев Двор, тогаш во Отоманското Царство. Завршува IV простор и се приклучува на ВМОРО. Во 1906 година станува четник при Петар Христов Германчето. По обновувањето на револуционерната организација од 1910 до Балканските војни во 1912 година е четник при Крсте Трајков. По Втората балканска војна од 1913 до 1915 година е војвода на самостојна чета во Ресенско [2][3].

По 1919 година учествува во создавањето на ВМРО. Во 1923 година е со четата на Александар Протоѓеров и Георги Поп Христов во Битолско и во септември е делегат на окружниот конгрес во планината Томорица [4]. Во пролетта 1925 година ја поминува реката Вардар заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Христо Андонов и Наум Јосифов и Петар Ангелов [5]. Во 1925 година е делегат од Битолскиот револуционерен округ на Шестиот конгрес на ВМРО [6].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 10
  2. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 9.
  3. Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 21.
  4. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 76.
  5. Спомени на Георги Попхристов
  6. Пърличев, Кирил. VІ конгрес на ВМРО (1925), Веда МЖ, София, 2005, стр. 96, 98, 100, 101.