Матеј Геров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Матеј Геров
Matey Gerov MOO.JPG
Роден 14 октомври 1871
Тетово, Македонија
Починал 20 август 1918
Софија, Бугарија

Матеј Геров (Тетово, 14 октомври 1871 - Софија, 20 август 1918) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Женевската група и Македонската револуционерна организација, подоцна новинар во Бугарија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Геров е роден во Тетово на 14 октомври 1871 година. Студирал на Правниот факултет во Софија. На 27 септември 1903 година се пријавил да ги продолжи студиите во последниот семестар на Правниот факултет во Белград.[1] Како член на ВМРО од крилото на „сарафистите“ бил испратен е да го аранжира пречекот на Борис Сарафов во српската престолнина за разговорите со српските државници и новинари во ноември 1903. Ја поддржувал националната програма на Македонскиот клуб и на весникот „Балкански гласник“ и изјавил во печатот дека „не е ни Србин, ни Бугарин, туку Македонец“.[2] Во следната година ја напуштил Србија. Подоцна учествувал во формирањето на Сојузот на бугарските конституциони клубови во 1908 и како новинар, наполно се предал во служба на бугарската политика во Македонија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Архив Србије, Белград, ф. ВШ, V- 114/1903
  2. ВШ, V-94/1904 и ВШ, I–12/1904
  3. "Македонија", VII, 5, Белград, 1. II 1904, 1.

Види исто така[уреди | уреди извор]