Јоанис Терзис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Иванчо Терзиовски (грчки: Ιωάννης Τερζής, Јоанис Терзис) бил македонски револуционер, деец на ВМОРО, подоцна преминал на страната на грчката вооружена пропаганда во Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Иванчо Терзиовски е роден во Костурско село Косинец, тогаш во Османлиската империја, денес Јеропиги, Грција. Се вклучува во четите на ВМОРО. Подоцна се приклучи на грчката воружена пропагнада против ВМОРО и станува четник на Јоргос Цондос (капетан Вардас). Учествува во борба со Османлиите во Корештата. Подоцна со друг ренегат Герго Количев се обидува да организира грчки комитет во Крчишча. По 1906 година предводи сопствена чета со која тероризира егзархиските села. На 3 јули 1907 година неговата четата, заедно со оние на Јоргос Томбрас (капетан Рупакјас) и Николаос Платанијас (капетан Лахтарас), разврзуваат борба на четата на Атанас Кршаков во која организацискиот војвода загинува. Потоа соработува со Павле Илиев и Јоргос Диконимос до Младотурската револуција во 1908 година [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Αρχείο Διεύθυνσης Εφέδρων Πολεμιστών Αγωνιστών Θυμάτων Αναπήρων (ΔΕΠΑΘΑ), Αρχείο Μακεδονικού Αγώνα, φ. Τ-432
  2. Ιωάννης Σ. Κολιόπουλος (επιστημονική επιμέλεια), Αφανείς, γηγενείς Μακεδονομάχοι, Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών, University Studio Press, Θεσσαλονίκη, 2008, σελ. 78