Васил Пуфката
Изглед
| Димитар Мирасчиев | ||
| Роден | непознато непознато | |
|---|---|---|
| Починал | 2 август 1911
Крушари, Егејска Македонија | |
Васил Пуфката — македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Георги Мучитанов - Касапчето и Васил Пуфката во 1909 година во Битола, го ликвидирале Јово Јовановиќ, поранешен деец на ВМОРО кои се ставил во услуга на турската власт. По атентатот двајцата се засолниле во Ениџевардарско и стануваат помошници војводи на Апостол Петков .
На 2 август 1911 година Апостол Петков заедно со Георги Мучитанов и Васил Пуфката загинуваат во ениџевардарското село Крушари (денес Абелиес, Грција), биле предадени и отруени од поранешниот четник и секретар на четата, Тодор Чифтеов [1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Мария Атанасова. Ениджевардарското слънце Апостол Петков. Во: „Български войводи“, София, 1985, стр.191.