Корешта
Корешта (дијалектно: Корешча; грцизирано: Κορέστια, Корестија) — историско-географска и етнографска област во Егејска Македонија, денес во Грција. Го зафаќа северозападниот дел од денешната административна област Западна Македонија.
Потекло на името[уреди | уреди извор]
Според некои грчки и македонски научници, името на оваа област произлегува од древномакедонската област Орестида.[1][2] Според Љубица Станковска, „Корешта“ доаѓа од личното име Корета.[3]
Историја[уреди | уреди извор]
Корештата за првпат се среќава во грамота на византискиот цар Василиј II од 1019 г. во која се определуваат правата на Охридската архиепископија, на која ѝ е одземен статусот на патријаршија по поразот на Самуиловото Царство.
Географија[уреди | уреди извор]
Корештата на северозапад се граничи со планината Корбец (Трикларио), на североисток со Бигла (Варнудас), на југоисток со областа Пополе и на југозапад со Нестрамско. Низ оваа област поминува Желевска Река (Рулска Река), а нејзина притока е Беличка Река.
Населени места[уреди | уреди извор]

Корештата опфаќа вкупно 22 населени места, распоредени во четири општини во денешна Грција е едно село во денешна Албанија. Три села се сосема напуштени и отпишани како населени места, а од нив се останати само рушевини.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Историја — Општина Костур (грчки)
- ↑ Аргировски, Мито. За етимологијата на Корешта. Onomastica Jugoslavica бр. 6, Загреб, 1979, стр. 112-113.
- ↑ Станковска, Љубица. „Топонимски варијации во Костурско-Леринската област“. во: Македонските дијалекти во Егеjска Македонија, Скопjе, 1994, стр. 241.
- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
Координати: 40°39′50″ N; 21°11′46″ E / 40.6639° N; 21.1960° E