Прејди на содржината

Павел Ковачев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Павел Ковачев
Роден 30 јуни 1872
Мустафа Паша, Одрински Вилает, Османлиска Империја
Починал 15 мај 1959(1959-05-15) (возр. 86)
Крџали, НР Бугарија

Павел Ковачев — револуционер, деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Павле Ковачев е роден во 1872 година во Мустафа Паша (денес Свиленград), тогаш во Османлиското Царство. Во 1894 година завршил во Солунската машка гимназија. Две години изучувал педагогија во Јена. Се вратил во Османлиското Царство и работел како учител во Свиленград, Велес, Скопје, Сер и на други места. Влегол во ВМОРО и станал благајник на окружниот комитет, додека е учител во Одрин од 1902 до 1903 година. За време на Илинденското востание, тој раководел со граничниот премин на ВМОРО во Бургас. Во февруари 1904 година, тој бил делегат на Варненскиот конгрес [1].

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 79.