Христо Лапајков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Христо Лапајков
Роден 1873
Велгошти, Охридско, Македонија
Починал непознато
непознато

Христо Илиев Лапајков — македонски револуционер, охридски селски војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Илинденци во Охрид, 1941 година, пред: Евтим Апочев, Антон Шибаков и Јанко Добринов, назад: Глигор Гков, Ламбе Арнаудов, Христо Лапаjков, Димитар Аџанец и Ташко Арсов.

Лапајков е роден во 1873 година во Велгошти, Охридско, тогаш во Отоманското Царство. Добива основно образование, а од 1901 година е илегален деец на ВМОРО. Врши терористички наредби на организацијата. Во 1902 година го ликвидирал шпионот Лазар Речков од Велгошти. Лапајков е четник при Никола Русински, поп Христо Трпев, учествува во борбата од 13 јануари 1903 година, во која војводата е убиен, а потоа е четник при Никола Митрев. Во Илинденското востание е во велгошката чета и станува нејзин војвода по ранување на војводата Антон Шибаков на 7 август.

По востанието Христо Лапајков е уапсен и осуден на 7 години затвор, но во 1904 година е амнестира [1]. Од првиот брак има син, кој се занимава со дрводелство во Охрид и ќерка од бракот со Султанка П. Шапкарева.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация . Войводи и ръководители (1893 – 1934). Биографично-библиографски справочник. София, 2001, стр. 93.