Велгошти

Координати: 41°7′57″N 20°50′12″E / 41.13250° СГШ; 20.83667° ИГД / 41.13250; 20.83667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Велгошти

Панорамски поглед на селото

Велгошти во рамките на Македонија
Велгошти
Местоположба на Велгошти во Македонија
Велгошти на карта

Карта

Координати 41°7′57″N 20°50′12″E / 41.13250° СГШ; 20.83667° ИГД / 41.13250; 20.83667
Регион  Југозападен
Општина  Охрид
Област Охридско
Население 3.141 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6000
Повик. бр. 046
Шифра на КО 19006
Надм. вис. 727 м
Слава Петковден Летен
Мреж. место Велгошти
Велгошти на општинската карта

Атарот на Велгошти во рамките на општината
Велгошти на Ризницата

Велгошти — најголемо село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид, кое според неговата местоположба може да се смета и за предградие на самиот град.

Потекло на името[уреди | уреди извор]

Првото споменување на името е во Слепченскиот кодик во XVI век.[2]

Најверојатно етимологијата на името „Велгошти“ е прасловенска и доаѓа од *velьjь = голем, и *gostъ = гостин или големи, значајни гости. Слични имиња на села и реки има во Русија (Велегощи, Вельгош), Чешка (Велихошт, Velihošt), Албанија (Велагошти, Velagošti) и Грција (Велигости, Βελιγοστή).

Легенда[уреди | уреди извор]

Меѓу првите жители на селото бил и сточарот Веле, кој одгледувал кози и овци. Покрај неговата колиба поминувал патот од Охрид за Ресен и кај него редовно навраќале трговци и други намерници. Меѓу себе, но и со други, велеле дека дека „Веле гоштева“, со што со тек на време дошло до денешната форма на селото „Велгошти“.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на селото

Ова село се наоѓа во Охридското Поле, недалеку од самиот град Охрид, во североисточна насока, и од патот Охрид-Ресен, па затоа припаѓа на рурбалната зона на градот. Атарот на селото се издига до сртот на Петринска Планина, каде што се допира со подрачјето на Општина Ресен.[3] Селото е рамничарско-ридско, на надморска височина од 727 метри.[3]

Велгошти претставува најголемо село во Охридско. Се наоѓа во непосредна близина на градот Охрид. До крајот на Втората светска војна, сите куќи биле збиени и без некој особен ред во подножјето на стрмниот карпест отсек. Меѓутоа, во поново време, селото добило нови жители, чии куќи се изградени на рамнината покрај патот Охрид-Ресен. Поради тоа може да се каже дека е рамничарско село со современи куќи.[4]

Денес, селото припаѓа на приградската зона на градот Охрид. Поради ширењето на селото, истото ја загубило својата земјоделска функција. Најголемиот дел од жителите работат во индустријата.[4]

Во селото постојат пет маала: Давидовци (најстаро), Баракоа, Горно, Средно и Долно.[4]

Се наоѓа на подножјето на планината Петрино и е познато по природната околина. Поголемиот дел од населеното место е расположено на падините и во подножјето на ридовите: „На пљуска“, „Горни лозја“, „Црвени Камчиња“, „Олмец“, „Костeње“, „Турски Гробишта“ и „Чардак“. На запад, југозапад и на североисток селото е отворено кон Охридската Котлина.[2]

Поради тоа што селото е сместено на Коселскиот Расед, во селото може да се сретнат поствулкански појави, како што се мофетите.[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Постарите мештани кажуваат дека селото не се наоѓало на денешната положуба, туку во месностите Самој Куќи и В. Илинец. На овие места и денес се наоѓаат остатоци.[2]

Првите податоци за селото се објавени во книгата на Б. Нушиќ од 1894 година, кога во селото имало 200 куќи, од кои 20 турски. Тогаш, се споменуваат и старата црква „Св. Пантелејмон“ (позната и како „Св. Климент“) и два манастири. Над селото се наоѓал манастирот „Св. Илија“, додека на пониска положба се наоѓал манастирот „Св. Петка“, ѕидан од камен.[4]

Во XIX век, Велгошти било село во Охридската каза на Отоманското Царство.

За потребите на турското население, во селото постоела џамија, која денес е срушена. Од 1903 до 1912 година, сите Турци се иселиле во самиот град Охрид.[4]

Во текот на Илинденското востание, селото било запалено.[4] По пожарот, куќите биле обновени, но со послаб материјал. При земјотресот во 1911 година, куќите во селото повторно биле оштетени. Состојбата во селото била влошена и со отпочнувањето на Балканските војни и на Првата светска војна.[2]

Во манастирот „Св. Петка“ во селото на 6 јули 1901 година била создадена првата востаничка чета во Охридско.[2]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Пештера во близина на селото

Атарот зафаќа простор од 17,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 790,1 хектар, на шумите отпаѓаат 584,3 хектари, а на обработливото земјиште 359,3 хектари.[3]

Селото, во основа, има мешовита функција.[3]

До крајот на турската власт, мештаните живееле од тоа што сечеле дрвја на планината и нив ги продавале во градот Охрид. Исто така, чувале голем број на стока, особено овци и кози.[4]

По Втората светска војна, занимањата на селаните се промениле. Една половина од селото работи во градот Охрид, а другата половина отишла на печалба во странство.[4]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.284—    
19531.401+9.1%
19611.553+10.8%
19711.677+8.0%
19812.131+27.1%
ГодинаНас.±%
19912.382+11.8%
19942.241−5.9%
20023.060+36.5%
20213.141+2.6%

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 190 домаќинства и 540 жители.[6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Велгошти живееле 1.220 жители, од кои 1.190 Македонци христијани и 30 Македонци-муслимани.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Велгошти имало 1.140 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Велгоште е претставено како мешано македонско-албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 183 куќи.[9]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[10]

Селото е големо, со значителен пораст на бројот на населението. Во 1961 година, селото броело 1.558 жители, од кои 1.533 биле Македонци и 14 Албанци, а во 1994 година бројот се зголемил на 2.241 жител, од кои 2.210 биле Македонци, 8 Власи, 6 Срби и 3 Роми.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Велгошти живееле 3.060 жители, од кои 3.002 Македонци, 10 Власи, 8 Срби и 40 останати.[11]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 3.141 жител, од кои 2.673 Македонци, 6 Албанци, 2 Турци, 6 Роми, 8 Власи, 6 Срби, 46 останати и 394 лица без податоци.[12]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.220 1.140 1.284 1.401 1.553 1.677 2.131 2.382 2.241 3.060 3.141
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]

Родови[уреди | уреди извор]

Селото Велгошти е македонско православно, со исклучок на еден муслиманско-торбешки род. Поради својата близина до Охрид селото константно добива нови жители и полека почнува да наликува на охридска населба. Во Велгошти населението може да се подели на староседелци, постари доселеници и понови доселеници.[4]

Родови во селото Велгошти се:

  • Староседелци се: Буџаковци, Чинговци (од овој род е Живко Чинго), Настевци, Кочевци, Калачовци, Панџаковци, Шапкаревци, Крлевци, Ристевци, Љатковци, Милевци и други. Сите родови заедно имаат околу 300 куќи.
  • Родови доселени во текот на османлиското владеење се: Шибаковци, Шиковци и Шукаровци, заедно имаат 15 куќи и потекнуваат од заеднички предок кој дошол од селото Велмеј; Белевци (5 к.) доселени се од селото Велестово и Речковци (5 к.) доселени се од селото Речица.
  • Родови доселени после Втората светска војна, доселени се од разни села во разни региони, досениците се од следните региони:Дебарски Дримкол (60 к.), Струшка Малесија (60 к.), Дебрца (30 к.), Кичевско (15 к.) и Битолско (7 к.).

Торбешки род е: Торбеши (3 к.), доселени се од некое село во Струшко.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште „Живко Чинго“ во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Велгошти, се наоѓале и селата Велестово, Елшани, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Велгошти, во која влегувале селата Велгошти, Лескоец, Рамне и Скребатно.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат избирачките места бр. 1298, 1298/1 и 1305 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.005 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Климент“ со селските гробишта
Велгошкиот манастир „Св. Петка“
Археолошки наоѓалишта[20]
Цркви[21]
Манастири
Споменици
  • Споменик на паднатите за слобода — споменик во чест на жртвите од Втората светска војна. Откриен бил на 2 август 1973 година.
  • Спомен-плоча во чест на 80 години од создавањето на Првата востаничка чета во Охридско. Била откриена на 22 јули 1981 година;
  • Споменик на стреланите велоштани — споменик посветен на стреланите велоштани во 1913 година од страна на српскиот окупатор; и
  • Биста на Живко Чинго — биста пред платото каде се одржува Вечерта на Живко Чинго.

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Слави

Личности[уреди | уреди извор]

Биста на Живко Чинго во селото
Родени во Велгошти
Починати во Велгошти

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Постари иселеници од селото се наоѓаат во охридското село Долно Лакочереј (Трајковци, 8 к.; Пидановци, 13 к. и Прдуловци, 20 к.).[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Ристески, Стојан (1982). Велгошти: прилог за монографија. Охрид: Месна заедница на Велгошти.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 49. Посетено на 21 декември 2019.
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 Трифуноски, Јован Ф. (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Београд: Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
  5. Група автори (2016). „Појави на вулканизам на територијата на Република Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 59. ISBN 978-9989-110-90-0.
  6. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 100-101.
  7. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 252.
  8. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 164-165.
  9. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 31.
  10. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  11. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 декември 2019.
  12. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  13. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  14. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  15. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  16. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  17. „Бакрачески отвори нова градинка во Велгошти“. Република. 2013-10-22. Посетено на 2013-10-23.
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.
  20. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  21. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  22. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 190.
  23. 23,0 23,1 23,2 23,3 23,4 Ристески, Стојан (1982). Велгошти. Месна Заедница „Велгошти“=Охрид.
  24. Д-р Асен Групче, Охрид. Културниот живот и творештво во Охрид и Охридско во XX век, Скопје, 1998, 254

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]