Никола Митрев-Езерски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 1865
Елшани, Охридско, Македонија Македонија
Починал 1904
најверојатно во Варна, Бугарија

Никола Митрев - Езерски познат како Елешанец,[1]Елшанчето, Елшански[2] — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација

Биографија[уреди | уреди извор]

Езерски бил роден е во 1864 година во селото Елшани, Охридско. Поради тешките услови за живот наметнати од големата сиромаштија никогаш не посетувал училиште, туку рано почнал да работи како надничар. Во потрага по работа тргнал со група печалбари во Бугарија, и подалеку, дури во земјите под Кавказ. За време на еден краток престој во Варна, разбрал дека таму постои македонски револуционерен комитет на кој решил да му се придружи. Избувнувањето на Илинденското востание го затекнало на Кавказ. Оттаму, со дружина од 12 Македонци од Ресенско и Костурско, тргнал кон Македонија за да се вклучи во борбите. Иако останал неписмен до крајот на животот, тој поседувал голема одлучност и организациони способности, поради што во Илинденското востание бил назначен за раководител на Езерскиот востанички реон - така и го добил прекарот Езерски. По задушувањето на востанието, Езерски го продолжил отпорот од густите шуми на планината Галичица. На крајот било решено да се скрие оружјето и сите борци да се вратат во своите домови. Тогаш, за да се спаси од прогонот на Османлиите, Езерски решил да пребегне во некое место каде бил на печалба и каде би можел полесно да се снајде.[3].

Последен пат бил виден во Софија, во 1904 год., со други пребегнати борци од Охридско. Потоа, за понатамошниот негов живот не се знае многу. Според кажувања на некои македонски печалбари, Никола Митрев - Езерски својот живот го завршил во Варна, поради болест стекната по патот [4]. Неговите потомци живеат во Елшани.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 79
  2. Николов, Борис. ВМОРО - псевдоними и шифри 1893-1934, Звезди, 1999, стр.71
  3. Борбата в Костурско и Охридско (до 1904 год.). По спомените на Иван Попов, Смиле Војданов, Дејан Димитров и Никола Митрев, соопштенија на Љубомир Милетич, Материали за историята на македонското освободително движение, кн. III, София 1926, с. 108-110
  4. Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009