Цено Куртев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 1877
Златица, денес Бугарија
Починал 2 април 1905
Драмче, денес Република Македонија

Цено Куртев е бугарски подофицер, револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Првите години[уреди | уреди извор]

Цено Куртев е роден во Златица во 1877 г. Служи како подофицер во 24-ти Черноморски полк во Бургас. Член е на ВМОРО од 1900 г. Активен член на Тајните македоно-одрински подофицерски братства. Во крајот на јануари 1903 г. Куртев влегува во четата на Михаил Герџиков, која што навлегува во Одринско да го подготви населението за предстоечкото востание.

Илинденско востание[уреди | уреди извор]

Учествува на конгресот на Петрова нива во текот на јули 1903 г., на којшто е определен да го раководи востанието во Василикоска околија во реонот на село Резово.

Во тој реон востанието започнува на 3 август, кога четата на Цено Куртев напаѓа и убива тројца стражари во Резово, коишто се обидуваат преку насилие да ги соберат пушките на населението. На 4 август четите на Цено Куртев и Петар Ангелов ја напаѓаат турската војска во село Маџура.

Судирот продолжува 5 часа. Осумнаесет турски војници се убиени, а двајца – заробени. На 6 август четата на Цено Куртев го опсадува турскиот гарнизон во село Корфу колиби . Судирот продолжува два дни и дури на 7 август вечерта преживеаните Турци успеваат да избегаат [1]. На 8 спроти 9 август Цено Куртев го срушува фарот кај Инеада, за да го отежно придвижувањето на турските војски по море. На 11 август четата на Цено Куртев го напаѓа село Лиман, а на 13 август влегува во град Ахтопол, којшто веќе е напуштен од турскиот гарнизон.

Војводата ги разбива државните солници и ја раздава солта на населението од Ахтопол и соседните села – Бродилово, Кости, Каланџа и Стефаново[2].

Подоцнежна дејност[уреди | уреди извор]

После востанието Цено Куртев се прибира во Бугарија, но продолжува активно да учествува во дејноста на ВМОРО. Во текот на 1904 г. Цено Куртев е испратен како војвода на чета во Кочанско, Вардарска Македонија.

Таму дејствува под раководството на околискиот војвода Крстјо Б’лгаријата. На 1 март 1905 г. Цено Куртев влегува во Македонија во текот на Ќустендилскиот пункт на ВМОРО, на чело на чета од 14 души и се упатува кон Кочанскиот реон. Дел од четниците треба да пристапат како пополнување во четата на Крстјо Б’лгаријата.

Двајцата војводи и стари пријатели така и не успеваат да са сретнат. Војводата Цено Куртев загинува на 2 април 1905 г. со целата своја чета во судир со турската војска при село Драмче, Кочанско, уште на неполни 28 години.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. ТРАКИЙСКО ДРУЖЕСТВО “АНТИМ ПЪРВИ”, гр. БУРГАС
  2. Христо Силянов, „Спомени от Странджа. Бележки по Преображенското въстание в Одринско — 1903 г.“