4 август
Изглед
4 август — 216-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (217-и во престапна година). Остануваат 149 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2026

Настани:
| 1914 | Во текот на Првата светска војна, Германија врши инвазија врз Белгија. Како одговор на ова, Велика Британија и објавува војна на Германија. САД објавува неутралност. |
| 1936 | Генералот Јоанис Метаксас прогласи фашистичка диктатура во Грција. Режимот ја забрани употребата на македонскиот јазик и истовремено изврши апсење на голем број Македонци, поради изразување на националните чувства. |
| 1944 | Во Амстердам, Холандија, фашистичката полиција се упати во тајното засолниште на еврејското семејство Франк, го уапси и го одведе во концентрационен логор. Меѓу уапсените беше и 15-годишната Ана Франк, која со својот Дневник остави еден од најпотресните напишани документи за човековите страдања во Втората светска војна. |
| 1984 | Горна Волта го променува своето име во Буркина Фасо. |
| 1993 | Исламската Република Иран ја призна Република Македонија. |
Родени:
| 1792 | Перси Биш Шели — англиски поет. |
| 1859 | Кнут Хамсун — норвешки писател и Нобелов лауреат од 1920 година. |
| 1900 | Луј Армстронг — американски џез музичар и трубач. |
| 1940 | Абдураман Вахид — четврти претседател на Индонезија. |
| 1947 | Клаус Шулце — германски композитор. |
| 1957 | Валдис Валтерс — латвиски и советски кошаркар. |
| 1969 | Макс Кавалера — бразилски рок-музичар. |
| 1975 | Аднан Гулшаир ел Шукријумах — член на терористичката организација „Ал-Каеда“. |
| 1982 | Лука Антонини — италијански фудбалер. |
| 1985 | Антонио Валенсија — еквадорски фудбалер. |
| 1993 | Џовани Ди Лоренцо — италијански фудбалер. |
| 1998 | Ерџан Османи — албанско-турски кошаркар. |
Починале:
| 1060 | Анри I — француски крал. |
| 1875 | Ханс Кристијан Андерсен — дански писател. |
| 1890 | Иван Мажураниќ — хрватски поет и политичар. |
| 1908 | Радое Домановиќ — српски писател. |
| 1911 | Александар Радев — бугарски политичар. |
| 1981 | Драган Бојаџиев — македонски музички публицист. |
| 1984 | Ричард Бартон — велшки глумец. |
| 2020 | Рајко Дујмиќ — хрватски поп-музичар. |