22 август
Изглед


22 август — 234-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (235-и во престапна година). Остануваат 131 денови до крајот на годината.
Настани:
| 476 | Варварскиот водач Одоакар го опустошил Рим и се прогласил за крал на Италија. Со тоа завршило постоењето на Западното Римско Царство. |
| 565 | Свети Колумба прв го здогледал чудовиштето од Лох Нес. |
| 1642 | Чарлс I го нарекол Парламентот „предавници“. Започнала Англиската граѓанска војна. |
| 1846 | САД го анектираа Ново Мексико. |
| 1849 | Изведен е првиот воздушен напад во историјата: Австрија од беспилотни воздушни балони исфрлила бомби врз Венеција. |
| 1864 | Дванаесет земји ја потпишале Првата женевска конвенција. Основан е Црвениот крст. |
| 1911 | Откриена е кражбата на „Мона Лиза“, прочуеното дело на Леонардо да Винчи, од парискиот музеј во Лувр. |
Родени:
| 1647 | Дени Папен — француски физичар. |
| 1760 | Лав XII — римски папа. |
| 1862 | Клод Дебиси — француски композитор. |
| 1878 | Ладислав Клима — чешки писател и филозоф. |
| 1902 | Денг Сјаопинг — премиер на НР Кина. |
| 1917 | Џон Ли Хукер — американски блуз-музичар. |
| 1920 | Реј Бредбери — американски писател. |
| 1924 | Кузман Смилевски — македонски партизан. |
| 1928 | Карл Хајнц Штокхаузен — германски композитор. |
| 1946 | Васил Тоциновски — македонски писател. |
| 1958 | Вернон Рид — американски рок-музичар. |
| 1963 | Тори Амос — американска поп-пејачка. |
| 1964 | Матс Виландер — шведски тенисер. |
| 1966 | ГЗА — американски рапер. |
| 1967 | Лејн Стејли — американски пејач. |
| 1968 | Александр Мостовој — руски фудбалер. |
| 1987 | Џанлука Брамбила — италијански велосипедист. |
| 1988 | Артем Ѕјуба — руски фудбалер. |
| 1995 | Дуа Липа — британска поп-пејачка. |
| 1996 | Жуниор Фирпо — доминиканско-шпански фудбалер. |
| 1997 | Лаутаро Мартинес — аргентински фудбалер. |
Починале:
| 1241 | Григориј IX — римски папа. |
| 1280 | Никола III — римски папа. |
| 1350 | Филип VI Валоа — француски крал. |
| 1452 | Ричард III — англиски крал. |
| 1545 | Чарлс Брендон — Прв војвода од Сафолк. |
| 1553 | Џон Дадли — англиски политичар. |
| 1831 | Ференц Казинци — унгарски поет. |
| 1883 | Иван Сергеевич Тургенев — руски писател. |
| 1891 | Јан Неруда — чешки поет и новинар. |
| 1920 | Андерс Цорн — шведски сликар и бакрорезец. |
| 1925 | Војтех Хинаис — чешки сликар и графичар. |
| 1958 | Роже Мартен ди Гар — француски писател, добитник на Нобеловата награда во 1937 година. |
| 1978 | Џомо Кенијата — африкански борец против колонијализмот. |
| 1986 | Џелал Бајар — третиот претседател на Турција. |
| 2004 | Ота Шик — чешки економист и политичар. |
| 2010 | Стјепан Бобек — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
| 2018 | Ед Кинг — американски рок-музичар. |