18 август
Изглед
18 август — 230-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (231-и во престапна година). Остануваат 135 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2026
Настани:
| 1201 | Основан е градот Рига. |
| 1572 | Во Париз се венчале Анри IV од Навара и Маргарита де Валоа, во обид да се помират католиците и протестантите. Обидот не успеал, бидејќи само неколку дена подоцна се случила Вартоломејската ноќ. |
| 1917 | Голем пожар во Солун уништува 32 % од градот и остава преку 70.000 луѓе без покрив над главата. |
| 1943 | На Славеј Планина, Дебрца формиран e првиот македонски „Мирче Ацев“; овој ден се слави како Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ). |
| 1958 | Во САД е објавен контроверзниот роман на Владимир Набоков - Лолита. |
| 1969 | Џими Хендрикс, со познатата изведба на химната на САД го затвора фестивалот „Вудсток“. |
| 1992 | Лари Берд се повлекува од активно играње кошарка. |
Родени:
| 1450 | Марко Марулиќ — хрватски поет. |
| 1685 | Брук Тејлор — англиски математичар. |
| 1750 | Антонио Салиери — италијански композитор и диригент. |
| 1814 | Иван Мажураниќ — хрватски поет. |
| 1898 | Стојан Христов — американски писател. |
| 1903 | Никола Мартиноски — македонски ликовен уметник. |
| 1933 | Жист Фонтен — француски фудбалер. |
| 1933 | Роман Полански — полско-француски режисер. |
| 1936 | Роберт Редфорд — американски глумец. |
| 1942 | Радко Полич — југословенски и словенечки глумец. |
| 1943 | Џани Ривера — италијански фудбалер. |
| 1952 | Патрик Свејзи — американски глумец. |
| 1969 | Едвард Нортон — американски глумец. |
| 1969 | Кристијан Слејтер — американски глумец. |
| 1971 | Ричард Џејмс — британски електронски музичар, познат под името Афекс Твин (Aphex Twin). |
| 1983 | Крис Бојд — шкотски фудбалер. |
| 1984 | Роберт Хут — германски фудбалер. |
| 1984 | Душан Баста — српски фудбалер. |
| 1992 | Богдан Богдановиќ — српски кошаркар. |
| 1997 | Ренато Санчес — португалски фудбалер. |
| 2000 | Ален Смаилагиќ — српски кошаркар. |
Починале:
| 1276 | Адријан V — римски папа. |
| 1503 | Александар VI — римски папа. |
| 1559 | Павле IV — римски папа. |
| 1642 | Гвидо Рени — италијански сликар — припадник на болоњската барокна школа. |
| 1850 | Оноре де Балзак — француски писател. |
| 1872 | Петар Прерадовиќ — хрватски писател. |
| 1977 | Тибор Дери — унгарски писател. |
| 2018 | Кофи Анан — седми генерален секретар на ООН, добитник на Нобеловата награда за мир во 2001 година. |
| 2024 | Ален Делон — француски глумец и режисер. |
Празници:
| Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ) |