11 август
Изглед
11 август — 223-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (224-и во престапна година). Остануваат 142 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2025
Настани:
| 480 п.н.е. | Персијците под водство на Ксеркс I извојуваат победа над Спартанците под водство на кралот Леонид, чии војници се бореле до смрт, во Термопилската битка. |
| 1918 | Прва светска војна: Завршува Битката кај Амјен. |
| 1929 | Бејб Рут станува првиот бејзболист во историјата со повеќе од 500 претрчувања. |
| 1934 | Отворен е федералниот затвор на островот Алкатраз во Калифорнија. |
| 1941 | Британскиот премиер Винстон Черчил и претседателот на САД Франклин Рузвелт ја формулираа прочуената „Атлантска повелба“, чии начела ги прифатија и Обединетите нации во својата Декларација од 1945 година. Три дена подоцна, тие ја потпишаа повелбата. |
| 1960 | Чад прогласува независност. |
| 1966 | Џон Ленон одржува конференција за печат во Чикаго и се извинува за својата изјава од 4 март во која вели дека Битлси се попопуларни од Исус. |
| 1972 | Последната американска воена копнена единица го напушта Јужен Виетнам. |
| 1999 | Целосно затемнување на Сонцето во Европа и Азија. |
| 2003 | НАТО презема команда над мировните сили во Авганистан. Тоа е прва интервенција надвор од Европа во 54 годишната историја на НАТО. |
Родени:
Починале:
| 1578 | Педро Нуњес — португалски математичар. |
| 1844 | Јернеј Копитар — словенечки преродбеник. |
| 1898 | Никола Филипчев — македонски револуционер. |
| 1919 | Ендрју Карнеги — американски индустријалец и филантроп. |
| 1939 | Џаноберто Бугати — италијански конструктор на автомобили. |
| 1956 | Џексон Полок — американски уметник, претставник на апстрактниот експресионизам. |
| 1987 | Живко Чинго — истакнат македонски прозаист и драмски писател. |
| 1996 | Баба Ванѓа — македонско-бугарска јасновитка. |
| 2010 | Хорас Лант — американски славист и македонист. |
| 2014 | Владимир Беара — југословенски фудбалер и тренер. |
| 2014 | Робин Вилијамс — американски глумец. |
| 2019 | Гордан Михиќ — српски и југословенски сценарист. |
| 2025 | Габи Новак — хрватска и југословенска пејачка на забавна музика. |