4 март

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Март 2024 4 март — 63-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (64-и во престапна година). Остануваат 302 денови до крајот на годината.

Настани:

1789  Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД.
1933  Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објавил својата „Нова политика“ (New Deal), чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата.
1942  Во Софија, бугарската полиција го уапсила поетот Никола Јонков Вапцаров.
1945  Во Белград бил основан фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“.
1945  Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите го искажале расположението на македонскиот народ за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија.
1952  Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна.
1965  Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни.
1965  Со премиерата на претставата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова, започнал со работа Драмскиот театар во Скопје.

Родени:

1188  Бланка Кастиљска — сопруга на кралот Луј VIII.
1678  Антонио Вивалдивенецијански свештеник и композитор.
1878  Петар Успенски — руски филозоф.
1927  Перо Квргиќ — хрватски глумец.
1934  Александар Митевски — македонски поет.
1935  Бент Ларсен — дански шахист.
1947  Јан Гарбарек — норвешки џез-музичар.
1951  Кени Далглиш — шкотски фудбалер и тренер.
1954  Кетрин О'Хара — американска глумица.
1954  Франсоа Фијон — француски премиер.
1961  Теодосиј Спасов — бугарски џез-музичар.
1962  Мирсад Баљиќ — босански и југословенски фудбалер.
1965  Халед Хосеини — авганистански писател и лекар.
1967  Еван Дандо — американски рок-музичар.
1968  Киријакос Мицотакис — грчки политичар.
1974  Младен Крстаиќ — српски фудбалер и тренер.
1982  Лендон Донован — американски фудбалер.
1983  Зоран Балдовалиев — македонски фудбалер.
1985  Хрвоје Чале — хрватски фудбалер.
1990  Дрејмонд Грин — американски кошаркар.
1992  Бернд Лено — германски фудбалски голман.

Починале:

254  Луциј Iримски папа.
561  Пелагиј I — римски папа.
1193  Саладин — курдски државник и воен водач.
1805  Жан Батист Грез — фрацуски сликар.
1832  Жан Франсоа Шамполион — француски научник.
1852  Николај Васиљевич Гогољ — руски писател, хуморист и сатиричар.
1967  Владан Десница — југословенски писател.
1974  Михаил Тихонравов — советски ракетен стручњак и научник.
1993  Томислав Ивчиќ — хрватски поп-пејач.
1996  Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Гаврил — поглавар на Македонската православна црква.
2002  Велибор Васовиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.
2008  Семка Соколовиќ - Берток — југословенска глумица.
2019  Лук Периамерикански глумец.
2019  Кит Флинт — британски поп-пејач, член на групата „Продиџи“ (Prodigy).