27 март
Изглед
Предлошка:Март 2026 27 март — 86-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (87-и во престапна година). Остануваат 279 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1713 | Врз основа на Договорот од Утрехт, Шпанија ѝ го отстапила Гибралтар на Англија. |
| 1903 | Во штипското село Карбинци, четите на војводите Гане и Стојан Бочварот се судриле со турскиот аскер при што борбата завршила со трагичен крај за македонските револуционери. |
| 1941 | Избиваат демонстрации против пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. Извршен е воен удар на чело со генералот Душан Симовиќ и новата влада го поништува пристапувањето на Југославија кон Силите на оската. |
| 1968 | При пробен лет со авион загина Јуриј Гагарин, херој на Советскиот Сојуз и првиот човек кој полетал во вселената. |
| 1977 | Во Санта Крус, на Канарските Острови, во Атлантскиот Океан, се случи најтешката авионска несреќа во историјата на цивилното воздухопловство. Во судирот на два авиони „џамбо џет“ на Американската авиокомпанија и на Холандското кралско воздухопловство загинаа околу 580 патници. |
| 1992 | Врз основа на Договорот од Скопје, потпишан од претседателот на РМ Киро Глигоров и генералот на ЈНА Никола Узелац, војската на ЈНА ја напуштила територијата на Република Македонија. |
| 1999 | Над територијата на СР Југославија е соборен американски бомбардер од типот F-117. Ова е единствен случај бомбардер од овој тип да е соборен од непријателски оган, откако претходно е детектиран со помош на нискофреквентен радар. |
Родени:
| 972 | Робер II Побожниот — крал на Франција. |
| 1785 | Луј XVII — крал на Франција. |
| 1845 | Вилхелм Конрад Рендген — германски физичар. |
| 1886 | Лудвиг Мис ван ден Рое — германско-американски архитект. |
| 1891 | Лајош Зилахи — унгарски писател. |
| 1911 | Вероника Тушнова — советска и руска поетеса. |
| 1918 | Борис Чипан — македонски архитект. |
| 1921 | Иван Рабузин — хрватски сликар. |
| 1927 | Мстислав Ростропович — советски и руски виолончелист. |
| 1949 | Дубравка Угрешиќ — хрватска писателка. |
| 1951 | Сања Илиќ — српски композитор и музичар. |
| 1953 | Анимари Мозер-Прел — австриска скијачка. |
| 1958 | Лазе Манасковски — македонски глумец. |
| 1963 | Квентин Тарантино — американски режисер. |
| 1966 | Жарко Паспаљ — српски и југословенски кошаркар. |
| 1969 | Мараја Кери — американска пејачка. |
| 1971 | Дејвид Култхард — британски возач на Формула 1. |
| 1983 | Василиј Кошечкин — руски хокеар. |
| 1986 | Мануел Ноер — германски фудбалски голман. |
| 1990 | Наталија Санчес — шпанска глумица и пејачка. |
| 1990 | Хоселу — шпански фудбалер. |
| 1994 | Виктор Ангелов — македонски фудбалер. |
Починале:
| 1378 | Григориј XI — римски папа. |
| 1462 | Василиј II Московски — московски кнез. |
| 1625 | Џејмс I — крал на Шкотска и Англија од династијата Стјуард, кој владеел од 1603 до 1625 година. |
| 1770 | Џовани Батиста Тјеполо — венецијански уметник. |
| 1918 | Мартин Шеридан — американски атлетичар. |
| 1968 | Јуриј Гагарин — советски космонаут, прв човек кој полетал во вселената. |
| 1972 | Мауриц Корнелис Ешер — холандски графички уметник. |
| 2006 | Станислав Лем — полски писател на научна фантастика. |
| 2000 | Ијан Дјури — англиски рок-музичар и глумец. |
| 2010 | Василиј Смислов — руски и советски шахист. |
| 2019 | Драган Бошњак — српски и југословенски фудбалер. |