Авион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
првиот лет 1903 година

Авион е летечка направа со крила и мотор. Првиот авион, наречен „Флаер“, е измислен во САД од страна на браќата Орвил и Вилберт Рајт. Првиот документиран полет е направен на 17 декември 1903 година и траел 12 секунди. Тој ден се напревени вкупно четири летови од кои најдолгиот треал 59 секунди и биле прелетани 279 метри.[1] Веќе во 1905 година е изведен првиот контролиран лет од страна на „Флеар 3“.

Во Првата светска војна, авионите почнале да се користат како оружје. Најпознат пилот, со најмногу победи, од тоа е време е германецот Манфред Вон Рихтофен, попознат како „Црвениот Барон“. Помеѓу двете светски војни дошло до забрзан развој на авионите. Во 1919 година, Алкок и Браун го прелетале Атланскиот океан, а во 1927 година Чарлс Линдберг сам го прелетал истото растојание. Истата година биле воведени редовни летови помеѓу САД и Канада, а во 1930 година почнал и развојот на млазниот мотор, кој започнува сериски да се вградува во авионите на почетокот на Втората светска војна. Авионите се користат и за комерцијални цели, како за превоз на патници така и за превоз на товар.

Типови авиони[уреди | уреди извор]

Модерните авиони денес можат да летат со брзина од над 800 км/ч, а во зависност од типот, полетуваат со брзина од 130 до 290 км/ч.

Постојат неколку типови авиони:

  • мали авиони за тренинг и рекреација сè до големи патнички;
  • транспортни цивилни и воени авиони;
  • авиони чиј крила се собираат кога се на земја (фиксни неподвижни во лет) поради полесен транспорт или сместување на поголем број авиони на носачите на авиони;
  • авиони со променлива геометрија на крила. Овие авиони кога ќе ја постигнат оптималната брзина и висина при летање ги „повлекуват“ крилата кон трупот, со тоа се намалува нивниот распон.

Едни од најпознатите авиони во светот се : Боинг 727, Боинг 737, Боинг 747, Боинг 777, Ербас А320, Ербас А330, Ербас А340, Локид Л1011 ,МекДонел Даглас МД82, АТР72, Цесна 172 и др.

Фабрики за авиони[уреди | уреди извор]

Најголеми и најпознати фабрики за изработка на авиони се „Боинг“ (Boeing) и „Ербас“ (Airbus). Постојат и други фабрики, како „Фокер“, „Даглас“, „АТР“, „Сааб“ итн., но првите две се со најголем број на продадени авиони. „Боинг“ е првиот произведувач на авиони, а седиштето му е во САД. Во минатото, „Боинг“ бил производител на најголемиот патнички авион во светот „Боинг 747“, познат како „Џамбо Џет“. „Боинг“ е водечки производител според бројот на продадени авиони, а нивниот најпопуларен авион „Боинг 737“ е продаден во повеќе примероци отколку сите продадени авиони од компанијата „Ербас“.

Ербас“ е произведувач на авиони од Европската унија, а акциите на компанијата се сопственост на повеќе фирми од ЕУ. „Ербас“ е компанија која го изработила најголемиот патнички авион во светот - „Airbus А380 Super Jumbo“. Станува збор за авион кој има две „палуби“ по целата должина на трупот и е во состојба да прими преку 550 патници.

Авионот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Авионот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Авионот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • „Авион“ (Aeroplane) - песна на исландската поп-музичарка Бјорк (Björk) од 1993 година.[6]
  • „Авионот на Џонсонови“ (Johnson's Aeroplane) - песна на австралиската поп-рок група „Инексес“ (INXS) од 1984 година.[7]
  • „ДЦ-10“ (DC-10) - песна на швајцарската панк-рок група „Клинекс/ЛиЛиПУТ“ (Kleenex/LiLiPUT).[8]
  • „Во авионот над морето“ (In The Aeroplane Over The Sea) - албум на американска рок-групаЊутрал милк хотел“ (Neutral Milk Hotel) од 1998 година.[9]
  • „Собори го авионот“ (Hit the plane down) - албум на американската рок-група „Пејвмент“ (Pavement) од 1994 година.[10]
  • „Авиону ќе ти ги скршам крилата“ (Avionu slomiću ti krila) - песна на српската рок-група „Рибља чорба“ (Riblja Čorba).[11]
  • „Бев пилот-камиказа“ (I Was a Kamikaze Pilot) - песна на австралиската рок-група „Худу Гурус“ (Hoodoo Gurus) од 1984 година.[12]
  • „Приватен авион“ (Private Plane) - песна на американската рок-група „Хускер Ду“ (Hüsker Dü) од 1985 година.[13]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Telegram from Orville Wright in Kitty Hawk, North Carolina, to His Father Announcing Four Successful Flights, 1903 December 17“. World Digital Library. 1903-12-17. Посетено на 2013-07-21.
  2. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 97.
  3. Драган Георгиевски, Метаморфузија, Темплум, Скопје, 2013.
  4. Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008.
  5. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 14.
  6. Discogs, Björk ‎– Debut (пристапено на 10.8.2020)
  7. YouTube, The Swing - 06 - Johnson's Aeroplane (пристапено на 6.7.2017)
  8. YouTube, Kleenex/LiLiPUT - DC-10 (from Kleenex/LiLiPUT) (пристапено на 1.7.2017)
  9. Neutral Milk Hotel - In The Aeroplane Over The Sea (пристапено на 3.5.2017)
  10. Pavement - Hit The Plane Down (пристапено на 29.11.2016)
  11. YouTube, Riblja Corba Avionu slomicu ti krila (посетена на 19.4.2017)
  12. YouTube, Hoodoo Gurus (1984) Stoneage Romeos (пристапено на 15.12.2017)
  13. Discogs, Hüsker Dü ‎– Flip Your Wig (пристапено на 1.7.2020)