Оружје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пруски бајонет

Оружје претставува секој предмет кој служи за повредување, убивање или онеспособување на човечки или други живи суштества, односно за уништување и онеспособување други предмети или материјални добра поврзани со одредени луѓе или општества. Оружјето служи како за напад така и за одбрана, односно во случај на закани и заштити. Во поширока смисла, секое средство (па и психолошко) со кое некому намерно се нанесува повреда или штета се нарекува оружје.

Поделба на оружјата[уреди | уреди извор]

За поделба на оружјата постојат различни критериуми, кои варираат од различни дефиниции или воени доктрини. Најпознато е она спрема намената, изворот на енергија или принципот на делување според кое оружјето се дели во десет главни групи:

Оружјето спрема потребниот број на луѓе се дели на поединечно и колективно оружје, а според начинот на борба и употреба на нападно и одбранбено оружје.

Производство и трговија со оружје[уреди | уреди извор]

Според податоците на весникот „Њујорк тајмс“, во 2014 година, вкупната вредност на продажбата на оружје во светот изнесувала 71,8 милијарди долари, т.е. малку повеќе во споредба со 2013 година (70,1 милијарди). Притоа, најголем извозник на оружје во светот биле САД, кои оствариле вкупен извоз во вредност од 36,2 милијарди долари во споредба со 26,7 милијарди во 2013 година. На тој начин, САД учествувале со над 50% од светската трговија со оружје. На второто место била Русија, која успеала да продаде оружје во вредност од 10,2 милијарди долари (10,3 во 2013 година), на третото место била Шведска со извоз на оружје вреден 5,5 милијарди долари, по што следувале Франција (4,4 милијарди) и Кина (2,2 милијарди). На страната на побарувачката, најголем купувач на оружје во 2014 година била Јужна Кореја, со увоз вреден 7,8 милијарди долари, додека Ирак склучил договори за набавка на оружје во вредност од 7,3 милијарди долари, а Бразил бил третиот најголем купувач на оружје (6,5 милијарди).[1]

Оружјето како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Оружјето како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

  • „Роман за оружјето“ - книга на македонскиот писател Ермис Лафазановски.[2]
  • „Малихери пукаа“ - македонска народна песна.[3]
  • „Пушки ми пукнаја, мамо“ - македонска народна песна.[4]
  • „Белокосиот револвер“ - поетска збирка на францускиот писател Андре Бретон од 1932 година.[5]
  • „Пушка“- песна на српскиот поет Лаза Костиќ.[6]
  • „Збогум на оружјето“ - роман од американскиот писател Ернест Хемингвеј од 1929 година.

Оружјето како тема во музиката[уреди | уреди извор]

  • Смртоносно оружје (англиски: Deadly Weapons) — американска панк-рок група.[7]
  • „Ладно оружје“ — песна на македонската рок-група Архангел од 1991 година.[8]
  • Револвер“ (англиски: Revolver) — музички албум на британската поп-рок група Битлси (The Beatles) од 1966 година.[9]
  • „Домет на пушката“ (англиски: Riffle range) — песна на американската рок-група Блонди (Blondie) од 1976 година.[10]
  • „Смртоносно оружје“ (англиски: Deadly Weapons) — песна од истоимениот музички албум на израелската рок-група Минимал компакт (Minimal Compact) од 1984 година.[11]
  • „Така е кога ќе посегнам по мојот револвер“ (англиски: That's When I Reach For My Revolver) — песна на американската рок-група Мишн оф Бурма (Mission of Burma) од 1981 година.[12]
  • „М-16“ — песна на американската Хардкор панк група Дисендентс (Descendents) од 1982 година.[13]
  • „Мојот узи тежи еден тон“ (англиски: Miuzi Weighs A Ton) — песна на американската рап-група Паблик енеми (Public Enemy) од 1987 година.[14]

Оружјето како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „САД лани заработиле 36,2 милијарди долари, за 10 милијарди повеќе отколку во 2013 година“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 9.
  2. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 22.
  3. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 31.
  4. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 65.
  5. „Белешка на составувачот на изборот“, во: Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 104.
  6. Родољубиве песме. Београд: Просвета (без дата), стр. 55.
  7. Deadly Weapons (2) (пристапено на 17.12.2023)
  8. Архангел, Архангел 1. Litium Records 001, 2000.
  9. YouTube, The Beatles: Revolver Songs Ranked (пристапено на 31.1.2017)
  10. YouTube, Blondie Rifle Range 1976 (пристапено на 8.2.2017)
  11. Minimal Compact – Deadly Weapons (пристапено на 17.12.2023)
  12. YouTube, That's When I Reach For My Revolver - Mission Of Burma (1981) (пристапено на 13.5.2017)
  13. YouTube, Descendents - Milo Goes to College (Full Album)(пристапено на 31.5.2017)
  14. DISCOGS, Public Enemy ‎– Yo! Bum Rush The Show (пристапено на 23.8.2019)
  15. „HRT (пристапено на 22.11.2017)“. Архивирано од изворникот на 2020-08-14. Посетено на 2019-08-23.