Огнено оружје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пиштол
испукување на полн гас

Огнени оружја се специјално проeктирани и направени справи кои со голема брзина испалуваат, еден или повеќе проектили, користејќи ја добиената потисната кинетичка енергија на гасот ослободен во неколку секунди на согорување на експлозивот, односно полнење, на куршуми, односно на цевката. Куршумот може да биде цврст, течен, гасовит или само енергија, и може да биде слободен, како што се куршуми и артилерија шрапнел, или заробен, како што е случај со тазерски сонди и харпуни. Средствата за проекцијата варираат во зависност од дизајнот, но куршумите обично се под влијание на притисокот на гасот, произведени со побрзи согорувања на горивото или компримираните и складираните механички средства, кои делуваат на куршумите внатре на отворените цевки на пиштолот. Затворениот гас ги забрзува подвижните куршуми на подолгите цевки, давајќи доволна брзина да се одржи лет на проектили после прекинот на дејството на гасот на крајот на цевката. Алтернативно, може да се примени забрзувањето на генерирањето на електромагнетното поле, во кое случајот цевката не е неопходна, повеќе се користи водич.

Првите уреди кои се идентификувани како оружје се појавиле во Кина од пред околу 1000 години. До 12 век технологијата се проширила ширум Азија, а во Европа околу 13 век.

Историјата на огненото оружје[уреди | уреди извор]

Во последните векови, огненото оружје станало оружје кое е во најчеста употреба. Масовно почнале да го употребуваат Хуситите и во Хуситските војни. Современото војување од ренесансата се потпира на вакво оружје, кое имало големо влијание на експанзијата и историјата на западната цивилизација. Огненото оружје на многу начини го променило водењето војни.

Кај историското огнено оружје вообичаено се употребувал проектил во облик на кугла. Современото огнено оружје секогаш употребува проектил, кој што при врвот има шпицест облик кај оружјата со подолга цевка, додека кај оружјата со пократки цевки, проектилот е во вид на парабола или конус односно купено, додека на задната страна има облик кој понекогаш се стеснува. Топовските гранати се со сличен облик, но по правило содржат експлозивно полнење.

Првиот уред идентификуван како огнено оружје, бамбусова цевка која користела барут за исфрлање на копјето, се појавила во Кина околу 1000 годинa. Кинезите претходно измислиле барут во 9 век.

Еден од раните видови на огнено оружје е огненото копје, каде цевка наполнета со црн барут била прицврстена на крајот од копјето. Тоа се користело како пламенофрлач. Понекогаш во цевката се ставал шрапнел така што истиот излетувал заедно со пламенот. Најраниот приказ на барутно оружје е илустрација на огненото копје од средината на 10 век на свилено знаме од Дуенхуанг. Де'ан Шоуџенг Лу, еден запис на опсадата на Де'ана од 1132 година, сведочи дека силите Сунг користеле огнено копје против Џурџија.

Со текот на времето пропорцијата на шалитрата во пропелантот е зголемена за да се максимизира експлозивната силата. Заради примената на тие експлозивни сили, листот и бамбусот од кои биле оригинално направени огнените копја биле заменети со метали. Исто така шрапнелот бил заменет со проектили чија големина и облик на истите потполно ја полнеле цевката. Со тоа се остварени три основни карактеристики на огненото оружје: цевка направена од метал, барут со висока содржина на нитрати, и проектил кој во потполност го затвора отворот на цевката така што потполно се искористува ослободената енергија на пропелантот.

Една теорија за тоа како барутот е донесен во Европа е дека е пренесен долж патот на свила низ Блискиот Исток, една друга зборува дека стигнал во Европа во текот на Монголската инвазија во првата половина од 13 век. Англиските државни рекорди содржат „рибалдис“, вид топ од 1340-тите, кој Англичаните ги користеле во опсадата на Кале во 1346 година. Најстаро преживеало огнено оружје во Европа е пронајден во Отепа во Естонија и датира од 1396 година.

Во доцниот 14 век во Европа, развиени се мали и портабилни рачни огнени оружја, со што се направени први облици на лични огнени оружја. Во доцниот 15 век Османското Царство користело огнено оружје во својата редовна пешадија.

Прво успешно огнено оружје со брз оган била Гатлинговата пушка, кој ја измислил Ричард Гатлинг. Неа ја користеле снагите на Унијата во текот на Американската граѓанска војна од 1860-тата.

Првиот подморски пиштол за лична употреба бил MP18.1. Пронаоѓачот на ова оружје бил Теодор Бергман. Во употреба бил воведен во 1918 година до страна германската армија во текот на Првата светска војна, како примарно оружје на јуришните трупови.

Првата автоматска пушка ја вовеле Германците во Втората светска војна, под името StG44. Тоа било прво огнено оружје кое го премостува јазот меѓу далекометните пушки, митралези и краткометните подморски пиштоли. Од средината на 20-ти век развиено е огненото оружје кое испалува снопови на енергија наместо цврсти проектили, како и оружје кое не е базирано на употребата на барут.

Рачен топ на кинеската династија
Западноевропски пиштол
Голем османлиски топ

Видови огнено оружје[уреди | уреди извор]

Класично огнено оружје[уреди | уреди извор]

Пронаоѓањето на класично огнено оружје датира од 13 век. Класичното огнено оружје користи класична експлозивна материја - барут, со чие согорување во цевката односно чаурата, хемиската енергија се претвора во кинетичка енергија на гасот која го потискува проектилот со голема брзина.

Аркебуза е едно од првите рачно изработени примероци на огнено оружје, а археолозите мислат дека нејзината појава датира од 14 век. Настанала како замена за самострелот, но заради својата тежина од преку 5 кг и должина од околу 2 метри била исклучително непрактична за користење бидејќи морала да се користи и да се потпри на метална потпора што оневозможувало движење на војникот во текот на битката. Имала дрвен кундак и метална цевка, а дометот ѝ бил 200 до 250 чекори.

Мускетата настанала во 16 век како замена за аркебузата и била многу лесна и со тоа и му овозможувала на војникот да се движи. Мана и била што многу споро се полнела и што била доста непрецизна на растојание од 100 метри. Првите мускети за испукување се користеле на механизам на испукување со помош на фитил.

Топот е едно од ретките оружја кој со напредокот на цивилизацијата се унапредувал и кој и ден денес се користи. Ова оружје со мазна цевка на почетокот имало многу мал дострел и главно се користело за време на опсадите за разбивање на бедемите. Денес топовите се користат скоро во сите родови на војска, со напредокот на технологијата му се зголемил опсегот, калибарот, како и подвижноста.

Пиштолот како посебно оружје се развил од пушката на крајот од 15 век, а се разликува по должината на цевката, тежината и опсегот, а најчесто се користи за самоодбрана.

Пушката е веројатно оружје кое претрпело најмногу измени низ историјата, а сепак се користи и денес, иако поретко за борба, а сè почесто за лов.

Ловечко оружје[уреди | уреди извор]

Полициско[уреди | уреди извор]

Ракетно оружје[уреди | уреди извор]

Пронаоѓањето на ракетното оружје датира од 20 век. Ракетното оружје користи ракетно гориво кое согорува во ракетниот мотор, а хемиската енергија се претвора во кинетичка енергија на млазот на гасови, кои по законите на Физиката, излегувајќи со голема брзина низ отворот на моторот развиваат реактивна сила за движење на проектилот.

Уште една поделба на огнено оружје[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]