Германци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Знаме на Германија

Германци (германски: Deutsche) се етничка група што дели иста германска култура, односно чии припадници го зборуваат германскиот како мајчин јазик и имаат германско потекло. Германци исто така се викаат и носителите на германско државјанство.

Најголемиот број Германци живеат во Германија (75 милиони). Од вкупно 100 милиони говорници на германскиот јазик во светот, околу 75 милиони се сметаат за Германци. Постојат и други 70 милиони луѓе со германско потекло (главно во САД, Бразил, Аргентина, Казахстан и Канада) чиј мајчин јазик не е германски, но кои сепак се сметаат за етнички Германци, со што вкупниот број на Германци во светот е помеѓу 75 и 160 милиони, во зависност од критериумот (германски како мајчин, целосно германско потекло или делумно германско потекло). Во САД, 15,2% од државјаните се декларираат како германски Американци, според пописот од 2000 година, што е повеќе од сите други етнички групи.

Германците како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Германците како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Според Гете, Германците се „чуден свет“, зашто тие „си го отежнуваат животот со длабоки мисли и идеи, кои ги бараат сите и секаде ги применуваат“.[2] Понатаму, според него, „Германците не можат да се ослободат од малограѓанштината“.[3] Во своето дело „Ecce homo“, германскиот филозоф Фридрих Ниче вели дека „без сомнение, Германците се идеалисти“,[4] но зборува и за „нивното невоспитување in historicis“,[5] тврдејќи дека тие ги имаат на душа „сите големи културно злосторства во текот на четири столетија“, а сето тоа предизвикано од нивниот „кукавичлук пред реалноста“.[6] Воопшто, Ниче се сметал себеси за „презирач на Германците par excellence“,[7] велејќи: „Германците за мене се невозможни“.[8] Во романот „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“, српскиот писател Светислав Басара вели дека организираноста, педантеријата и дисциплината на Германците претставуваат истовремено нивна предност и проклетство.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Discogs, The Original Adam & The Ants* ‎– Deutscher Girls (пристапено на 4.9.2019)
  2. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 7.
  3. J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 20.
  4. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 142.
  5. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 143.
  6. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 145.
  7. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 147.
  8. Фридрих Ниче, Ecce Homo (Ево човека) – Како постајеш, шта си. Сарајево: Издање И. Ђ. Ђурђевића, 1918, стр. 148.
  9. Svetislav Basara, Uspon i pad Parkinsonove bolesti. Beograd: Dereta, 2011, стр. 120.