Прејди на содржината

Харпун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Харпун
Харпун за китолов.

Харпун (од француски: harpon) е долг инструмент во форма на копје кој се користи во риболовот за фаќање на риби или други поголеми водени цицачи како што се китовите. Оваа задача ја исполнува преку пенетрација на целното животно, за потоа рибарот користејќи јаже или ланец прицврстен за крајот на проектилот да го извлече пленот. Харпунот исто така може да биде употребен и како оружје. Постојат и експлозивни харпуни, а денес харпунот еволуирал и во рачен харпун, полесна верзија која е користена од нуркачите за заштита од опасна морска фауна.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]