Бјорк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Björk Guðmundsdóttir (родена на 21 ноември 1965) — исландска пејачка, текстописец, глумица и уметница која во својата четиридецениска кариера развила електронски музички стил кој бил под влијание на поп, експериментална, трип-поп, класична и авангардна музика. Таа пораснала во Рејкјавик и својата музичка кариера ја започнала на 11 години, а била препознаена и по тоа што во алтернативната рок-група Sugarcuber, била главен вокал. По распаѓањето на бендот, таа ја продолжила својата соло кариера и ги создала албумите Debut (1993), Post (1995), Homogenic (1997), Vespertine (2001), Medulla (2004),Volta (2007), Biophilia (2011),Vulnicura (2015) и Utopia (2017). Нејзините албуми и песни доживеале голем успех и биле продавани и познати низ целиот свет. Некои од тие песни се It’s oh so quiet, Army of me, Hyperballad, Play dead, Big time sensuality, Violent happy и многу други. Како признание за нејзината работа се наградите Order od the Falcon, пет BRIT Awards и 15 Grammy номинации. Во 2015 година нејзиното име се наоѓало на списокот на Time, за 100 највлијателни луѓе во светот. Бјорк глумела и во филмoт на Ларс фон Трир „Dancer in the dark“ и освоила награда за најдобра глумица на Cannes film festival и била номинирана за Academy Award for Best Original Song за песната I’ve seen it all.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Бјорк е родена на 21 ноември 1965 во Рејкјавик, каде што и пораснала. По разводот на нејзините родители, таа продолжила да живее со мајка ѝ. На шестгодишна возраст започнала да оди во музичко училиште, каде што изучувала класично пијано и флејта. Еден настап во нејзиното училиште, со песната I love to love од Тина Чарлс, ѝ отворил сосем Нов Свет и таа на 11 години го издала својот прв албум ‒ благодарение на тој настап, што бил емитуван на повеќе радио станици. Во нејзините тинејџерски години таа оформила женски панк-бенд, наречен Spit and Snot, една година подоцна ја оформила џез-фјужн групата Exodus. Заедно со басистот Јакоб Магнусон оформиле уште една група ‒ Cork the Bitch’s ass и го издале албумот Bite hard into hell. Таа сосем случајно се поврзала со музичари со коишто заедно настапиле на радио-шоу и од таму продолжиле да свират заедно.Настапувале под името Kukl. Доживеале големи успеси, настапувале на фестивал во Исланд и Данска, склучиле договор со Crass Records и го издале албумот The Eye.

The Sugarcubs, брак и мајчинство[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што открила дека ќе стане мајка, Бјорк продолжила со настапите и турите со бендот Kukl. Нивниот втор албум наречен Holiday in Europe излегол во 1986 година. Бендот се распаднал поради некои приватни конфликти. Истата година Бјорк и Елдон стапиле во брак и го добиле синот Sindri Eldon Þórsson. Многу кратко по раѓањето на нивниот син, Бјорк ја добила улогата во „The Jupiter Treе“, заснована на приказната на Браќата Грим и режирана од страна на Nietzchka Keene. Бјорк ја добила улогата на Маргит, девојче чија мајка била убиена поради тоа што изучувала и практикувала вештерство. Со бендот Sugarcubes (поранешен Kukl) склучиле договор со Електра Рекордс во US и го снимиле својот прв албум Life’s too good. Со бендот во 1988 година направиле турнеја во Северна Америка. Бјорк продолжила и со своите соло проекти и во 1990 година таа снимала придружни вокали за бендот Bless за албумот Gums. Истата година снимила колекција од популарни џез и оригинални песни заедно со џез-групата Tríó Guðmundar Ingólfssonar.Во 1991 година го запознала џез-музичарот Corky Hale и тие заедно имале снимачки сесии кои на крајот завршиле на нејзиниот иден албум Debut. Бјорк решила да го напушти бендот поради тоа што сакала да се посвети на својата соло кариера, но бидејќи имале склучено договор им преостанало снимање на уште еден албум и негова промотивна тура, согласно со договорот. Бјорк прифатила, а бендот Sugarcubes се распаднал по нивниот последен настап во Рејкјавик. Rolling Stone ги нарекле „најголемиот рок-бенд од Исланд”.

Debut and Post[уреди | уреди извор]

Бјорк се преселила во Лондон и започнала да работи со продуцентот Nellee Hooper (продуцентот и на Massive Attack). Од нивната соработка произлегла песната Human Behaviour, заснована на примероци од ритам гитарата на Антонио Карлос Жобим. Во 1993 година Бјорк го издала својот соло албум Debut за којшто добила многу позитивни критики. Поради фактот што таа создавала музика уште како многу мала, овој албум бил на некој начин место каде што се споиле сите тие соработки, искуства, песни кои потекнувале од нејзините тинејџерски денови па сѐ до нејзините дваесетти години. На албумот се наоѓале песните Venus as a boy, The Anchor song, џез-стандардот Like someone in love, како и многу други.Таа во 1994 година добила награда за Best International Female и Best International Newcomer, а успехот на нејзиниот албум ѝ овозможил соработка со многу уметници. Работела со David Arnols на Play Dead, песна за филмот „Tahe Young Americans“, соработувала со Мадона за нејзиниот албум Bedtime stories.

Post е вториот албум на Бјорк, издаден во јуни 1995 во соработка со Nellee Hooper, Tricky, Graham Massey и Howie B. Бјорк на овој албум искористила различни звуци од трип-хоп до електронска музика, како и техно. Дел од песните на овој албум се Possibly Maybe, Enjoy, Army of me. Овој албум доживеал голем успех и бил рангиран на листата за 500 greatest albums of all time, според магазинот „Rolling Stone“.

Homogenic and Dancer in the dark[уреди | уреди извор]

Бјорк се преселила во Шпанија каде што го снимила својот албум Homogenic, издаден во 1997 година. Овој албум се смета за еден од најексперименталните и екстровертни дела на Бјорк, за кој и самата рекла: „I realized that I’d come to the end od the extrovert thing.I had to go home and search for myself again”. Дел од песните на овој албум се Joga, Bachelorette, All is full of love и други.

Во 1999 г. на Бјорк ѝ било понудено да направи музика за филмот „Dancer in the dark“, музичка драма за жена по име Селма, која била имигрант и морала да плати за операцијата што ќе го спречи слепилото на нејзиниот син. Директорот Ларс фон Трир ѝ понудил на Бјорк да ја игра улогата на Селма, убедувајќи ја дека композиторот на музиката најубаво ќе го претстави и ќе го долови ликот на Селма. Бјорк прифатила и, по издавањето на филмот, таа добила награда за најдобра глумица, а филмот ја добил наградата „Palm d’Or“ на педесет и третиот Cannes film festival. Таа изјавила дека снимањето било физички и емотивно пренапорно, но дека отсекогаш сакала да учествува во мјузикл, а овој филм ѝ го овозможил тоа. Саундтракот на филмот бил издаден под името Selmasongs и песната I’ve seen it all која била номинирана за најдобра оригинална песна наедно е и дует со Thom Yorke (Radiohead). Тие заедно настапиле на Оскарите во 2001 година.

Vespertine[уреди | уреди извор]

Во 2001 година Бјорк го издала својот албум Vespertine,во придружба на камерен оркестар и хор, а за овој албум таа соработувала со експериментални музичари како Matmot, DJ Thomas Knak и харфистката Zeena Parkins. За текстовите одбрала песни од американскиот поет E.E Cummings, а соработувала со режисерот Harmony Korine и драматургот Sarah Kane. Кога започнала турнејата за овој албум тие настапувале во театри и опери, грижејќи се за потребната акустика. На овој албум се наоѓаат три сингла Hidden place, Pagan Poetry и Cocoon. Дел од видеата на овие песни биле забранети на MTV поради одредени „непристојни“ теми во содржината. Бјорк исто така била повикана да ја сними песната Gollum’s song за филмот „Господар на прстените“, но таа одбила бидејќи била бремена. Бјорк во 2002 година го издала CD boc set Family Tree. На ова ЦД се наоѓале претходно неиздадени верзии на нејзините композиции, како и работата со Brodsky Quartet. Овој албум на некој начин претставува една ретроспектива за минатите 10 години од нејзината соло кариера. Песните за овој албум биле избрани од нејзините обожаватели преку анкета на нејзиното мрежно место На овој албум се наоѓа и песната It’s in our hands. Во 2002 година, на 3 октомври, Бјорк ја родила својата ќерка Isadora Bjarkardottir Barney. Бјорк и Brodsky Quartet снимиле композиција наречена Prayer of the Heart, а исто така Бјорк издала и Live Box на којшто имала лајв снимки од нејзините настапи.

Medula and Draving Restraint 90[уреди | уреди извор]

Во август 2004 година, Бјорк го издала албумот Medulla. Карактеристично за овој албум е тоа што било планирано да биде заснован само на вокали.Овој план бил малку изменет и на овој албум, освен гласовите на Tanya Tagaq, Rahzel (beatboxer), Dokata(beatboxer), Mike Paton, се појавиле и хорови, како и некои музички инструменти. Во август 2004, Бјорк настапила на летните Олимписки игри во Атина со песната Oceanina. За оваа песна таа соработувала со артисти како Shlomo и со лондонскиот хор. Други песни од овој албум кои доживеале голем успех се: Triumph of a heart, Where is the line, Who is it. Во 2005 година Бјорк соработувала со Matthew Barney во филмот „Drawing Restraint 9”, поврзан со истражувањето на јапонската култура. Во овој филм, покрај тоа што глуми, Бјорк е одговорна и за саундтракот на филмот. Во 2005 г. Бјорк се појавила во документарниот филм „Screaming Masterpiece“, чија тема била исландската музичка сцена. Во филмот се прикажани разни снимки од бендовите Sugarcubes и Tappi Tikarrass, како и разговор со Бјорк. Во овој период таа добила уште една BRIT Award за најдобар женки соло артист. Во 2006 направила ри-мастер на нејзините три соло албуми и на двата саундтрак албуми. Почетниот бенд на Бјорк, The Sugarcubes, на 17 ноември во 2006 година повторно направил концерт во Рејкјавик. Финансиските средства биле донирани за дискографската куќа Smekkleysa, што според Бјорк: „continue to work on a non-profit basis for the future betterment of Icelandic music".

Volta[уреди | уреди извор]

По повод трибјутот на Joni Mitchel, Бјорк ја испеала песната The Boho dance, во 2007 година. Нејзиниот албум Волта, бил издаден на 7 мај 2007. Содржел 10 песни и за овој албум соработувала со артисти како хип-хоп продуцентот Timbaland, пејачката Anohni, поетот Sjon, Mark Bell, Toumani Diabate инструменталист (жичен инструмент кора), музичката група Konono No 1, Min Xiaofen инструменталист ( 4-ри жичен инструмент,пипа), како и женски ансамбл од Исланд. Исто така, на овој албум Damian Taylor свирел електронски музички инструмент (вид на синтисајзер) Reactable. Песни од овој албум се: Earth Intruders, Innocence, Declare independence, Wanderlust, The dull flame of desire. Со овој албум Бјорк направила 18-месечна турнеја, настапила на многу фестивали и по девет години се вратила во Латинска Америка, каде што настапила во Рио де Жанеиро, Богота, Лима Сантијаго де Чиле, Буенос Аирес. Потоа настапила во Австралија и во Нов Зеланд на фестивалот Big Day Out. Бјорк издала уште една песна под името Nattura за која додала: „To encourage active support for a more environmental approach to Iceland's natural resources." За оваа песна придружните вокали ги испеал фронтменот на групата Radiohead, Tom Yorke.

Во мај 2010 година, Royal Swedish Academy of Music, објавиле дека Бјорк е добитник на Polar Music Prize, заедно со Ennio Morricone. Во септември истата година таа ја издала The comet song, како дел од саундтракот на филмот „Moomins and the Comet Chase“. На 7 декември 2010 г., песната Trance била издадена како музика за краток филм на Nick Knight насловен „To Lee, with love“.

Biophilia[уреди | уреди извор]

Овој албум бил издаден во 2011 година. Во него се споиле иновациите од областа на технологијата, како и теми од науката и природата; образовни програми за деца, голем број лајв настапи и, секако, првото место каде што се случил настапот со овој албум т.е. во Манчестер, на Интернационалниот фестивал на 30 јуни. Првата песна во овој албум е Crystalline. Интересно за овој албум е тоа што биле изработени серија на iPad апликации, направени од страна на програмери и дизајнери, една апликација за сите 10 песни. Втората песна е Cosmogony, потоа Virus и Moon. Исто така, дел од програмата на Бјорк биле и образовните работилници за деца од 10 до 12 години, кои ја истражувале поврзаноста на музиката и науката. Reykjavik City Board of Education ја донеле оваа програма во сите училишта во градот за наредните 3 години. Бјорк издала ремикс албум Bastards, заедно со Death Grips и Omar Souleyman. Во 2013 година е избрана за документарна програма на Channel 4, заедно со David Attenborough наречена When Bjork Met Attenborough. Тука тие разговарале за човечката поврзаност со музиката, фокусирајќи се на албумот и на разговор со научникот Oliver Sacks. Во 2014 година бил издаден концерт филм „Bjork Biophilia Live“ во повеќе од четиристотини кина.

Vulnicura[уреди | уреди извор]

Во соработка со продуцентите Arca и The Haxan Colak, таа го издала својот деветти студиски албум, Vulnicura. Овој албум има многу поемотивни и посурови теми во споредба со претходните. Ова делумно е поврзано и со фактот што во овој период таа ја прекинала љубовната врска со Mattew Barney. Својата турнеја Бјорк ја започнала во март во „Carnegie Hall“, настапувајќи со Black Lake и некои други песни од албумот, во придружба на ансамблот Alarm Will Sound и перкусионистот Manu Delago. На 2 октомври бил најавен Vulnicura Stings, чиста акустична верзија на албумот со аранжмани за жичени инструменти и пијано. Албумот бил објавен на 6 ноември 2015 година, во форма на ЦД ‒ дигитално и во винил издание. Овој албум бил номиниран за Gramy Award за најдобар алтернативен музички албум.

Utopia и Cornucopia[уреди | уреди извор]

Овој албум бил издаден на 24 ноември 2017 година и таа објаснила дека албумот е на некој начин потрага по утопија, но исто така дава акцент на моментот љубов: „Spending time with a person you enjoy is when the dream becomes real." Бјорк изјавила дека нејзиниот претходен албум бил како пекол: „it was like divorce! So we were doing paradise... We have done hell, we have earned some points." Таа го продуцирала албумот заедно со Arca, со кого соработувала и за претходниот албум. Врската со Arca ја опишала како „the strongest musical relationship [she's] had". Utopia бил номиниран за најдобар алтернативен музички албум на 61st Annual Grammy Awards. На 12 ноември 2018 г. Бјорк објавила нов концерт, на кој централно место ќе заземе албумот Utopia, сега преименуван во Cornucopia. Бјорк го објаснила овој концерт како спој на дигиталната и акустичната музика. Моментално Бјорк ја планира единаесеттата концертна турнеја наречена Bjork Orkestral, на која ќе ги изведува своите песни во оркестрални аранжмани. Исто така, бил закажан и настап на „Bluedot Festival“ во јули 2020 година, но настанот е одложен поради пандемијата со COVID-19.

Уметност[уреди | уреди извор]

Стил[уреди | уреди извор]

Во нејзината тридецениска музичка кариера таа развила електричен и авангарден музички стил, којшто се спојува со аспектите на електронска, алтернативна, трип-хоп,експериментална, џез, рок и современа класична музика. Нејзината музика била предмет на критичка анализа, додека Бјорк постојано се спротивставува на категоризација на одреден музички жанр. Таа себеси се нарекува поп-артист. Нејзиниот албум Debut се смета за еден од првите албуми кои внесуваат електронска музика во мејнстрим поп-музиката. Нејзината музика се одликува со постојано истражување на врската помеѓу природата и технологијата. Бјорк соработувала со голем број музички продуценти, фотографи, модни творци. Бјорк верувала дека постои одреден степен на непризнавање на авторството во нејзината дејност и дека тоа често се поврзува со моментот – жена. Во едно интервју, во 2016 година, таа изјавила: „If a guy had done all the arrangements and production on his album, he would have credit for his work. It's always like I just turn up and sing and go home."

Еволуција[уреди | уреди извор]

За време на нејзините почетоци, Бјорк била дел од разни бендови коишто свиреле различен музички жанр, панк рок во Spit and Snot, џез фјужн во Exodus, пост-панк во Tappi Tikarrass и готик рок во Kukl. Додека била дел од бендот Tappi Tikarrass, Бјорк била под големо влијание на бендови како: Siouxsie and the Banshees, Wire,the Passions,the Slits, Joy Division и Killing Joke. Албумот Gling Glo бил сниман заедно со триото Gudmundar Ingolfssonar на кој се прикажани џез и популарни стандарди, со Sugarcubes развиле авант-поп и алтернативен рок. Во раните ʼ80-ти Бјорк била дел од голем број на пост-панк и алтернативни бендови и нејзиниот контакт со андерграунд сцената во Лондон ѝ овозможил да си го најде својот музички идентитет. Debut претставува еден од првите албуми кои ја запознаваат поп-музиката со електронската музика. Како голем обожавател на денс- музиката, таа во овој албум ја вметнала во голем број од нејзините песни. Овој албум на некој начин ја рефлектира тогашната современа средина во Лондон, каде што живеела во раните ʼ90-ти и на некој начин била под влијание на бендовите кои циркулирале во тој период ‒ бендовите Portishead и Massive Attack.

Албумот Post, издаден во 1995 година, претставува една широка емотивна палета на музика, напишан при престојот на Бјорк во Англија и бил резултат на цела таа мултикултурна енергија сместена во Лондон. Албумот е на некој начин баланс помеѓу електронски и органски елементи, т.е електронски и реални инструменти.

Албумот Homogenic е на некој начин навраќање на нејзините корени, т.е. Исланд, и целиот албум е фузија на жичени инструменти, односно соработката со исландскиот жичен октет, како и традиционално пеење, комбинација од зборување и пеење илустриран во песната Unravel. Во 2001 албумот Vespertine ја продолжил приказната со органски и електронски текстури, но се разликува од претходниот албум поради тоа што има поголема интима. Пеењето на Бјорк отстапува од нејзиниот дотогашен стил, пеењето во овој албум е блиску до шепот во одредени делови и остава простор за нејзиниот интимен текст. Medulla е албум кој е конструиран претежно на човечки вокали, сензуален речиси како и претходниот албум. Во овој албум се застапени класични хорови, како и beatboxing. Следниот албум Volta претставува на некој начин совршен баланс помеѓу нејзината работа во ʼ90-тите години и нејзините експерименти во 2000. Во овој албум се застапени инструменти како пипа и кора и дувачки ансамбл.

Влијанија[уреди | уреди извор]

Во биографијата за Бјорк на Mark Pytlik, таа кажала: „If I were to say who influenced me most, I would say people like Stockhausen, Kraftwerk, Brian Eno and Mark Bell”. Според „The Big Issue“, уметникот кој ја инспирирал Бјорк да пишува свои песни бил Joni Mitchell. Таа рекла дека: „Mitchel created her own, and found it ʼvery liberatingʼ." Додека одела во музичко училиште, таа се интересирала за авангардна музика, класична, минималистичка, како и џез. За The „Gardian“ таа изјавила дека го смета Stockhausen како основа за електронската музика.

Кога Бјорк била прашана за музичките влијанија за нејзиниот албум Post, таа одговорила:

„I'm influenced by everything. By books, by the weather, by the water, by my shoes, if they're comfortable or not. Everything. One of it is music, but I think it is very important with people who are dealing with making music that they are not only influenced by music. [...] It should be beyond style, beyond influence, it should be about pure emotion, and real life."

Глас[уреди | уреди извор]

Бјорк е сопран, во вокален опсег од Е3 до D6. Нејзиниот глас е уникатен и препознатлив, со голема дарба за впечатливи вокални линии. Во 2012 година Бјорк правела операција поради појавување на полип. Процесот бил проследен со строга диета и строги вежби, при што Бјорк не зборувала три седмици. Но сепак и пред ривјуто на албумот Biophilia, моментот пред операцијата, Бјорк звучела моќно, посебно на песната Thunderbolt.

Националното Јавно Радио ја вбројува Бјорк на листата за 50 Great Voices и MTV ја рангирале на осмото место на листата за 22 Greatest Voices in Music. Според „Roling Stone“, таа е вбројана помеѓу 100 најдобри текстописци. Нејзиниот глас, талент, како и огромната вложеност во работата, нејзиниот труд, соработките со многу уметници и истражувањата на различните стилови на музика се најбитните и најдрагоцените работи што таа ги претстави и сподели со многу генерации.