Габриел Гарсија Маркес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Габриел Гарсија Маркес
Gabriel Garcia Marquez.jpg
Роден/а 6 март 1928
Колумбија Аракатака, Колумбија
Починат/а 17 април 2014
Мексико, Мексико
Занимање писател

Габриел Хозе Гарсија Маркес (шпански: Gabriel García Márquez; 6 март 1928 - 17 април 2014) — колумбиски писател, новинар и политички активист, добитник на Нобеловата награда за литература. Роден во Аракатака, северна Колумбија, главно живеел во Мексико и Европа, а најголем дел од времето го поминал во Мексико Сити. Голем број литературни критичари се согласуваат дека Маркес, заедно со Хорхе Луис Борхес и Хулио Кортазар, е еден од најголемите латино-американски писатели на 20 век.[1]

Животен пат[уреди | уреди извор]

Маркес прво работел како новинар.

Политички погледи[уреди | уреди извор]

Маркес бил познат по своите левоориентирани погледи. Бил личен пријател со кубанскиот претседател Фидел Кастро и има искажано голем број симпатии за одредени латино-американски револуционерни групи, особено во текот на 1960-тите и 1970-тите. Исто така, тој бил критички настроен кон владата на Колумбија, иако нема докази дека отворено ги поддржувал герилските групи ФАРК и ЕЛН кои се борат против владата.

Книжевен опус[уреди | уреди извор]

Во 1955 година ја објавил својата прва позначајна книга „Приказната на бродоломецот“ која била критикувана од страна на владата на генералот Густаво Рохас Пинаља. Во 1967 година, Маркес го објавил романот „Сто години самотија“, со кој набрзо постигнал светска слава и кој претставува негово најзначајно дело. Нобеловата награда за литература ја добил во 1982 година. Во 2002 година го објавува своето автобиографско дело „Да се живее за да се раскаже“, а во 2004 година се појавило неговото последно дело „Сеќавање на моите тажни проститутки“.

Бујната раскажувачка техника на Маркес го доживеала своето крешендо во романот „Есента на патријархот“, а веќе следното дело, „Хроника на една најавена смрт“ претставува пресврт во стилот и зачекорување кон нов, но сепак својствен пат. Во „Хрониката“ авторот се враќа кон економичноста, вредностите и возбудливото, едноставно раскажување карактеристично за неговите постари раскази, како што се: „Еден ден“, „Дремка во вторник“, „Вештачки рози“, итн. Сепак, Маркес и понатаму ги задржува своите омилени мотиви: тешкотијата да се закопа мртовецот, инсистирањето на телесното, ироничните хиперболи, некои знаци во природата итн. Исто така, за „Хрониката“ е карактеристично тоа што Маркес творечки го преобликува влијанието на некогашниот Маркес и се ослободува од влијанијата на Фокнер и Ками, кои ја нарушуваат целовитоста и хармонијата на неговите рани дела („Отпадници“ и „Кобен час“).[2]

Романи[уреди | уреди извор]

Повести[уреди | уреди извор]

Збирки раскази[уреди | уреди извор]

Друга литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Раде Силјан, Странски автори и дела, Матица Македонска, Скопје, 2001, стр. 474.
  2. Branko Anđić, „Čas antike u karipskom polisu“, во: Gabrijel Garsija Markes, Hronika najavljene smrti. Beograd: Narodna knjiga, 1982, стр. 111-112.