Бјернстјерне Бјернсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бјернстјерне Бјернсон

Бјернстјерне Мартинус Бјернсон (Квикне, Норвешка, 8 декември 1832Париз,Франција, 26 април 1910) — норвешки поет, драмски писател, романописец, новинар, општественик и политичар, добитник на Нобелова награда за литература во 1903 година како доказ за неговото значајно и многустрано творештво што се одликува со свежина и духовитост.[1]

Рани години[уреди | уреди извор]

Бил син на пастор лутеранец. Исклучително надарено дете, од малечок почнал да пишува стихотворби и да уредува сопствен весник. Во 1852 година се запишал на Универзитетот во Осло, но веќе следната година, откако станал полнолетен, ги напуштил студиите и се вклучил активно во политичкиот, театарскиот и литературниот живот.[1]

Работни ангажмани[уреди | уреди извор]

За помалку од две години негови театарски и литераатурни критики се појавуваат на страниците во разни весници; се борел за национална самобитност на норвешкиот театар. Во 1854 година станува театарски критичар на весникот „Моргенбладет“ во Осло. Од 1856 година почнал да го уредува „Илустререт фолкеблад“, периодично издание, во кое првпат објавува народни приказни. Од 1857 до 1859 година е директор на Норвешкиот театар.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Припаѓа на Романтизам како правец во литературата, макар што делата му се одликуваат и со по некоја боја на Натурализам . Се заложувал за слобода на норвешкиот народ и придонесувал во борбите за одцепување од Шведска. Пропагирал идеи на Дарвинизам и Позитивизам. Помагал во борбите на Срби и Словенци против националните угнетувања во Австроунгарската монархија.

Бјернсон бил познат по тоа што бил член на „Големата четворка“ норвешки писатели заедно со Хенрик Ибзен, Јонас Лие и Александер Киланд. Бјернсон бил еден од изворните членови на Комитетот за Нобелова награда, а во 1903 година и сам ја добил Нобеловата награда за литература. Бјернсон исто така бил познат по тоа што ги напишал зборовите за норвешката химна кои доаѓаат од песната „Да, ние ја љубиме иваа земја, напишана во 1859 година. Во истата година почнал да го издава дневниот весник „Афтенбладет“, во кој ги изнесувал своите либерални погледи.

Од 1865 до 1867 година бил директор на националниот театар во Осло.

Пишувал приказни во народен дух, а негов литераурен опус го чинат и песни, драми, комедии и романи.

Дела[уреди | уреди извор]

Драми[уреди | уреди извор]

  • Меѓу битките, 1857;
  • Крал Свен 1861;
  • Сигурд Слембе
  • Пастор Санг
  • Над човечки моќи
  • Стечај
  • Нов систем

Романи[уреди | уреди извор]

  • Синеве сулбакен, 1857;
  • Лрне, 1859;
  • Томас Рендален
  • Весело момче
  • Рибарка

Комедии[уреди | уреди извор]

  • Младо вино преврива

Пиеси[уреди | уреди извор]

Под влијание на идеите на Чарлс Дарвин, Георг Брандес, Иполит Тен и други светски мошне познати филозофи и критичари, Бјернсон создал творештво со социјална ориентација. Тој бил автор на таканаречени проблемски пиеси, жанр кој добива силен развој во драматургијата на Хенрик Ибзен. Најзначајните творби ги напишал во 70-тите и 80-тите години.

  • Банкрот, 1875;
  • Уредник, 1875;
  • Крал , 1877:
  • Една ракавица, 1883;
  • Географија и љубов, 1885;

Сите овие биле проникнати со актуелни општествено-политички и морални проблеми.[1]

Општествена дејност[уреди | уреди извор]

Бјернсон развил мошне активна општествена дејност за граѓански права и за мир. Континуирано одржувал меѓународни контакти и често патувал во Италија, Франција, Данска и Германија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „МИКЕНА“, Битола, 2009

Надворешни врски[уреди | уреди извор]