Селма Лагерлеф
Селма Лагерлеф Selma Lagerlöf | |
---|---|
![]() Селма Лагерлеф, 1909 | |
Роден/а | Селма Отилија Ловиса Лагерлеф 20 ноември 1858 Вермланд, Шведска |
Починат/а | 16 март 1940 Морбака, Вермланд, Шведска | (возр. 81)
Занимање | Писател |
Националност | Шведско |
Значајни награди | Нобелова награда за литература 1909 |
Селма Отилија Ловиса Лагерлеф (20 ноември 1858, Морбака, област Вермланд - 16 март 1940, Морбака, Шведска) — истакната шведска романописецка, добитничка на Нобеловата награда за литература во 1909 година за вискоиот идеализам и духовната возвишеност што го карактеризира нејзиното творештво.
Животопис[уреди | уреди извор]
На тригодишна возраст се разболела од детска парализа и останала куца. Детството и минало главно во читање книги. Поради болеста не можела да посетува училиште и се школувала во домашни услови. Ја завршила Кралската женска академија (1882). Истата година татко ѝ умира; поради големите долгови семејниот имот во Морабака е продаден. Лагерлеф се вработила како учителка во женското училиште во Ландскруна.
Творештво[уреди | уреди извор]
Почнала да го пишува романот во два тома „Сагата за Јоста Берлинг“ и со неговите први глави учествувала и победувала на литературниот конкурс распишан од списанието „Инду“. За да го доврши романот привремено го напушта училиштето, со тоа што е издржувана од својата пријателка бароницата Софи Алдеспаре. Во 1891 година романот излегува и го добива признанието на истакнатиот дански критичар Георг Брандес. Романот на Лагерлеф ја поддржува романтичарската традиција со подвлечен интерес за скандинавскиот фолклор. По 1891 година Лагерлеф одново е учителка. Во 1894 година го објавува својот втор роман „Невидливи врски“. Малку подоцна ја напушта учителската кариера и целосно се посветува на писателската дејност, со тоа што добива финансиска помош од Шведската академија и стипендија од кралот Оскар. Во следните години патува во Италија, потсетувајќи ја Сицилија, и своите впечатоци ги изнесува во романот „Чудата на Анархистот“ (1898). Во 1899 и 1900 година ги посетува Палестина и Египет и по враќањето го објавува двотомниот роман „Ерусалим: во Далрана“ (1901) и „Ерусалим:во Божји гроб“ (1902)- психолошки расказ за историјата на едно шведско семејство што емигрирало во Палестина. Лагерлеф е исклучително популарна во својата татковина; нејзините романи се примени добро и со средства добиени од нив успева во 1904 година одново да го откупи семејниот имот.
Автор е на познатиот роман за деца „Прекрасното патување на Нилс Холгерсон“ (1906). Лагерлеф се зацврстува меѓу водечките писатели во шведската литература во 20-тите години како блескава белетристка. Активно се занимава и со опшествена дејност, особено во областа на женското движење. Делегат е на Маѓународниот конгрес на жените во САД (1924). За време на Втората светска војна застанува отворено на антихитлеровските позиции; во 1940 успева да издејствува шведска виза за поетеса Нели Закс за да ја спаси од нацистички концентрационен логор. Лагерлеф е меѓу најзначајните фигури во шведската култура и е меѓународно позната.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2009
|
|