Тони Морисон
Тони Морисон Toni Morrison | |
---|---|
![]() Морисон во 1998 | |
Роден/а | Клое Арделиа Вофорд 18 февруари 1931 Лорин, Охајо,САД |
Починат/а | 5 август 2019 Бронкс, Љу Јорк, САД | (возр. 88)
Занимање | романописец, есеист, писател за деца, професор |
Апсолвент на | Хавард Универзитет (БА) Универзитетот Корнел (MA) |
Жанр | Американска литература |
Значајни дела | Најсилното око (1970), Сула (1973), Песната на Соломон (1977), Нејзиното бебе (1981), Возљубени (1987) |
Значајни награди | Претседателски медал за слобода, Национален медал за хуманитарни науки, Нобелова награда за литература, Пулицерова награда |
Сопруг/а | Харолд Морисон (1958-1964) |
Деца | 2 |
Потпис | ![]() |
Тони Морисон (вистинското име ѝ е Клое Ентони Вофорд, родена на 18 февруари 1931, Лорен, Охајо, САД - 2019) — американска писателка, добитничка на Нобелова награда за литература во 1993 година за романите што се одликуваат со поетски талент и ја опишуваат суштествената страна на американската стварност.
Животопис[уреди | уреди извор]
Потекнува од работничко семејство на афроамериканци. Во 1953 година го завршила универзитетот „Хауард“, а во 1965 година била уредник во книгоиздавателството „Рендом Хауз“ во Њујорк. Од 1989 година била професор по хуманитарни науки на Пристонскиот универзитет, Њу Џерси. „Молчењето ни било долго и длабоко“, вели Морисон. Барајќи ја врската меѓу сегашноста и минатото, Морисон раскажува за ликот на афроамериканците, принудени да ги поднесуваат ужасите на ропството и ексцесите на расизмот. Била членка на Американската академија за уметност и литература.
Творештво[уреди | уреди извор]
Како писателка Морисон дебитира со романот „Најсиното око“ (1970). Авторка е на уште пет романи, меѓу кои се „Песна на Соломон“ (1978), „Љубена“ (1987), кој ја добил Пулицеровата награда, и „Џез“ (1992). Во нејзиното творештво се опишуваат животот и историјата на црнците во Америка.
Наводи[уреди | уреди извор]
|
|