MusicBrainz

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
favicon of MusicBrainz MusicBrainz
MusicBrainz logo
Адреса семрежна музичка енцклопедија
Сопственик Задолжбина MetaBrainz
Мрежно место MusicBrainz.org
Место на Алекса нагативен пораст 25.763 (април 2014)[1]
Комерцијално не; ЈС/CC-BY-NC-SA
Регистрација се бара за уредување податоци

MusicBrainz (изг. мјузикбрејнс) — отворена музичка база на податоци слична на проектот freedb, а основана како одговор на ограничувањата наметнати врз CDDB. Меѓутоа, MusicBrainz не собира само метаподатоци з компактни дискови, туку претставува структурирана бааза за музиката воопшто.[2][3]

Базата чува информации за музичарите, нивните снимени дела и односот помеѓу нив. Минималната содржина на секој запис снимено дело опфаќа наслов на албумот, насловите на нумерите и времетраењето на секоја нумера. Записите ги пишуваат и одржуваат доброволни уредници, кои ги следат пишаните правила за стилот на заедницата. Во записите може да стои и земја и година/датум на издавање, назнака на ЦД-то, омотот, акустички отпечаток, прибелешки во слободен текстуален облик, како и други метаподатоци. На 6 февруари 2014 г., MusicBrainz содржел информации за околу 850.000 музичари, 1,3 милиони издадени дела и 13,5 милиони снимки.[4]

Крајните корисници може да бидат програми што се поврзуваат со MusicBrainz за да додаваат метаподаточни ознаки во нивните дигитални снимки во облик на MP3, Ogg Vorbis или AAC.

Програми што ја користат базата[уреди | уреди извор]

Покрај тоа, корисничките програми на freedb можат да дојдат до податоците на MusicBrainz преку протоколот на freedb, користејќи ја преодната служба од MusicBrainz кон FreeDB наречена mb2freedb.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Musicbrainz.org Site Info“. Alexa Internet. http://www.alexa.com/siteinfo/musicbrainz.org. посет. 1 април 2014 г. 
  2. Highfield, Ashley. "Keynote speech given at IEA Future Of Broadcasting Conference", BBC 27 јуни 2007
  3. doi:10.1109/5254.988466
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. „Статистики на базата“. MusicBrainz. http://musicbrainz.org/statistics. посет. 14 јуни 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]