Камило Хосе Села

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Камило Хосе Села е роден во Ирија Флавија, Падрон, Шпанија. Пред да стане професионален писател, Села студирал на Универзитетот во Мадрид, каде што се стекнал со диплома по право. Исто така учествувал во Шпансата граѓанска војна, се додека не се здобил со повреда од рачна граната и е ослободен.

Биографија[уреди | уреди извор]

По војната, Села се посветил на новинарска работа, како и на неколку други, претежно бирократски работи, вклучувајќи го и работното место на критичар. Во 1944 година се оженил за Марија дел Росарио Конде Пикавеа, со којашто во 1946 година го добива синот Камило Јозе Села Конде, вториот маркиз од Ирија Флавија. Во 1957 година е назначен за член на Real Academia Espanola. Села бил именуван и за маркиз на Ирија флавија од страна на кралот Хуан Карлос I. Назначен бил и за Кралски сенатор во Уставниот суд. Починал во Мадрид од хронично заболување на 17 јануари 2002 година, на 84-годишна возраст.

Творештво[уреди | уреди извор]

Првиот свој роман, „Семејството на Паскал Дуарте“, Села го објавил во 1942 година, на 26-годишна возраст и овој роман има особено значење поради учеството во оформувањето на повоениот шпански роман. Тој објавувил и две патувачки книги, „Патување во Ла Алкарија“, 1948 година и „Од Мињо до Бидасоа“, 1952 година. Најпознато дело на Села е „Кошница“, објавено во 1951 година, кое што се карактеризира со повеќе од 300 личности, а со чиј што стил се покажува влијанието на шпанскиот реализам. Од крајот на 60-тите години на XX век, со објавувањето на „Сан Камило“ во 1936 година, Села започнал со експериментирање. На пример, во 1988 година го пишува делото „Христос против Аризона“.

Награди[уреди | уреди извор]

Во 1989 година ја добил Нобеловата награда за литература. Во 1995 година ја добил наградата „Сервантес“. Во 1994 година ја добил наградата Premio Planeta.

Наводи[уреди | уреди извор]