Олга Токарчук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Олга Токарчук
Токарчук (2018)
Роден(а)29 јануари 1962 (1962-01-29) (57 г.)
Сулехув,  Полска
НационалностПолјачка
Занимањеписател, есеист, поетка, текстописец, психолог
Значајни делаТалкачи
НаградиНике (2008, 2015)
Виленица (2013)
Брикепрајс (2015)
Меѓународна Букеровска награда (2018)

Олга Навоја Токарчук (полски: Olga Nawoja Tokarczuk;[1] р. 29 јануари 1962 во Сулехув) — полска писателка, есеистка, текстописец, поетка, психолог; лауреат на Меѓународната Букерова награда 2018 за романот Талкачи,[2] двократен лауреат на литературната награда „Нике“ за романите „Талкачи“ (2008) и „Јакубови книги“ (2015), како и добитничка на Нобеловата награда за 2018 година.[3]

Биографија[уреди | уреди извор]

Олга Токарчук израснала во Сулехув, потоа со родителите се преселила во Кетжа, каде завршила средно во гимназијата „Ц.К. Норвид“. Дипломирала психологија на Варшавскиот универзитет. За време на студиите како волонтерка се грижела за лица со психички болести. По студиите работела како психотерапевтка во диспанзер за психичко здравје во Валбжих. Кога нејзините први литературни дела станале популарни, дала отказ на работа и по преселувањето во Нова Руда се посветила на пишувањето. Сега живее во Вроцлав, исто така и во Крајанув околу Нова Руда, во Средните Судети. Пејзажот и културата на таа околина се превиваат во неколку нејзини дела. Води прозни работилници на Литературно-уметничкиот отсек при Јагелоњскиот универзитет во Краков.

Творештво[уреди | уреди извор]

Токарчук дебитирала во 1979 година со својата прва збирка раскази „Напреку“, објавена под псевдонимот Наташа Бородин. Како романописец дебитирала во 1993 година, со книгата „Патување на луѓето на книгата“, која добила награда од Полското друштво на издавачи на книги, а била објавена во „Мандрагора“. Во 1995 година се појавил нејзиниот втор роман, „Е.Е.“ во кој се зборува за созревањето на девојче кое наеднаш добива парапсихички вештини кои исто така наеднаш ги губи. Голем успех постигнала со романот „Правек и другите времиња“[4] од 1996 година. Во 1998 година ги објавила збирката раскази „Орман“ и романот „Денски дом, ноќен дом“. Во 2004 година се појавила збирката раскази „Последни приказни“ која се состои од три одделни приказни, кои се појавуваат во независни времиња и простори од себе. Таа е автор и на стихотворбата „Бардо“. „Шупа“, која содржи опис на подвижна шупа од манастирот на редемптористите во Шлезиски Бардо. Исто така, Токарчук е почесен граѓанин на овој град.

Во првата половина на октомври 2007 година се појавил романот „Талкачи“ на кој Токарчук работела три години. Таа споменува дека повеќето забелешки ги правела за време на патувањата, нагласувајќи дека „...тоа не е книга за патување. Во неа нема опис за споменици и места. Ова не е дневник за патување, ниту репортажа. Попрво сакав да го насочам погледот кон тоа што значи да се патува, движи, измешува. Каква смисла има тоа? Што ни дава тоа? Што значи тоа“ - пишува авторката во воведот. Како што вели самата Токарчук, „пишувањето роман за мене е преносно во зрелоста со раскажувањето на бајки на самиот себе. Така како што прават децата, додека да заспијат. При тоа се служат со јазикот на пограничната зона од сонот и јавето, опишуваат и измислуваат“. Во своите дела Токарчук пишува за „темната страна на полската историја“ и за колонизацијата на територијата на која претходно живееле малцинствата, поради што била прогласена за предавник од десничарските кругови.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „STOWARZYSZENIE KULTURALNE "GÓRY BABEL" | Rejestr.io“. rejestr.io. конс. 2019-10-10. 
  2. Olga Tokarczuk's 'extraordinary' Flights wins Man Booker International prize“, The Guardian, 22 мај 2018 (посет. 22 мај 2018 г).
  3. „Награда за книжевност добија двајца автори“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 32.
  4. Правек и другите времиња
  5. „Награда за книжевност добија двајца автори“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 32.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]