Анри Бергсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анри Луј Бергсон
Бергсон во 1927 г.
Роден(а)18 октомври 1859(1859-10-18)
Париз, Франција
Починал(а)4 јануари 1941(1941-01-04) (возр. 81)
Париз, Франција
НаградиНобелова награда за литература (1927)
ПериодФилозофија на XX век
ПодрачјеЗападна филозофија
Школаспиритуализам
Претежна дејност
метафизика, епистемологија, филозофија на јазикот,
филозофија на математиката
Значајни идеи
траење, созерцание, витален потстрек, отворено општество

Анри Луј Бергсон (француски: Henri-Louis Bergson; 18 октомври 1859 - 4 јануари 1941) — француски филозоф, претставник на интуиционизмот и филозофијата на животот. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1927 година за „неговите богати и обновувачки идеи и за особената умешност со која се претставени“.

Анри Луј Бергсон -в„Есеј за непосредните податоци на свеста“ (дисертација, 1889)
Анри Луј Бергсон - „Аристотеловата метафизика“ (Дисертација, 1889)

Животопис[уреди | уреди извор]

Бергсон е роден во Париз, 18 октомври 1859, на еверјски родители во седумдетно семејство. Бергсон бил исклучително одличен ученик за време на неговото детство. Како и неговиот германски современик, Едмунд Хусерл, тој првично се занимава со математика. Во 1877 Бергсон добива прво место на престижен математички натпревар нудејќи решение на проблем Зачнат од Паскал. Бергсон покрај се одлучил да се подготви за престичното Екол Нормал во одделот за книжевност и хуманистички науки. Неговиот учител по математика, разочаран, наводно изјавил, „можеше да бидеш математичар, но одбра да бидеш само еден филозоф“.

Во 1878, Бергсон станува француски државјанин, имајќи избор да одбере и англиско државјанство. Примен е во Екол Нормал заедно со Емил Диркем и Жан Жорес. Бергсон дипломира во Екол Нормал во 1881. На крајот на филозофското образование во Франција, студентите се должни да положат високо селективен испит, пишувајќи текст на одредена тема, во случајов „Која е вредноста на современата психологија?“, на која Бергсон е рангиран како втор. Започнал да предава отпрвин во средно училиште, а неколку години подоцна и на Универзитет во градот Анжерс.

Неговата академска кариера набргу расте објавувајќи неколку познати текстови и трудови во реномирани списанија. Овие трудови му овозможуваат да стане професор во престижниот Колеж де Франс, а подоцна и во неговото матично Екол Нормал. Во овој период Бергсон ја посетува и Америка, каде извршува големо влијание врз прагматизмот на Вилијам Џејмс и воопшто американската книжевност. Во овој период, искрснува Првата светска војна, а со ова и почетокот на неговата политичка кариера. Најпрвин е пратен во Шпанија, а набргу е пратен на дипломатска мисија во САД да се сретне со американскиот претседател Вудро Вилсон. По неговата посета на Вашингтон, Бергсон изјавува: „Штотуку преживеав незаборавни часови. Човештвото ми се виде преобразено. […] Франција се спаси. Беше најголемата радост во мојот живот.“ Во меѓувреме, Бергсон соработува со американската влада со цел создавање „друштво на народите,“ тело со претставници од сите нации кои се залагаат за воспоставување мир. Ова друштво постои сè до 1946, кога прераснува во Обединетите нации. Следствено, Бергсон се прославува повеќе поради своите политички постигнувања отколку поради својата филозофија.

Во 1922, Бергсон е прогласен за претседател на Меѓународната комисија за интелектуална соработка - претходникот на УНЕСКО. Таму, Бергсон учествува во дебата со Ајнштајн, која, според Мерло-Понти, претставува „криза на разумот“. Бергсон ги објавува своите размисли за Ајнштајн под наслов Траење и истовременост. Сѐ уште постои контраверзност околу ова дело. Бергсон дозволува книгата да се печати сè до шестото и последно издание. Во втората половина на дваесеттите години, Бергсон страда од сериозен артритос, што го принудува да се повлече од јавниот живот. Во 1928, награден е со Нобелова награда за книжевност. Бергсон умира на 3 јануари 1941 на возраст од 81 година. Втората светска војна е веќе започната и Германија успешно ја окупира Франција. Постојат гласини дека Бергсон се заразил од болеста која го доведува до смрт чекајќи во ред да потпише дека е евреј. За жал, Бергсон потпишува тестамент во кој наложува сите негови списи да бидат уништени. Неговата жена наводно ја проследува неговата желба, палејќи ги сите негови документи. Поради ова, Бергсон, за разлика од негови други современици не достигнува висока популарност, имено најголемиот дел од неговите списи се уништени.

Творештво[уреди | уреди извор]

Во 1889 го објавува својот труд „Времето и слободната волја“. Во 1932 година е издаден неговиот последен труд во кој ги изразува неговите религиозни тенденции „Двата извора на моралот и религијата“. Други мошне важни дела се „Материјата и помнењето“ (1896) и „Творечка еволуција“ (1907).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Hancock, Curtis L. (May 1995). „The Influence of Plotinus on Berson's Critique of Empirical Science“. Во R. Baine Harris (уред.). Neoplatonism and Contemporary Thought. Congress of the International Society for Neoplatonic Studies held in May 1995 at Vanderbilt University. 10. International Society for Neoplatonic Studies. Albany: State University of New York Press. стр. 139ff. ISBN 0-7914-5275 Проверете ја вредноста |isbn=: length (help). |access-date= бара |url= (help)