Томас Транстремер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Златен венец Томас Транстремер Nobel prize medal.svg
Transtroemer.jpg
Транстремер во 2008 г.
Роден/аТомас Госта Транстремер
15 април 1931 (1931-04-15) (90 г.)
Стокхолм, Шведска
Занимањепоет, психолог
НационалностШвеѓанин
Период1954
Значајни делаНедовршениот рај
Прозорци и камења
Балтик
За живите и за мртвите
Тажната гондола
Значајни наградиНобелова награда за литература
2011
Сопруг/аМоника Блад

Томас Транстремер (шведски: Tomas Tranströmer, р. 15 април 1931) — шведски поет, психолог и преведувач. Во неговата лирика се даваат описи за нордиската зима, ритамот и убавината на пејзажите и природата. Низ неговата поезија се чувствува и прикриена нишка на мистика, помешана со блага религиозност. Ужива голема меѓународна почит, за што говори и податокот дека неговите дела се преведени на повеќе од 60 светски јазици. Се смета за еден од најзначајните повоени европски поети. Во 2011 година ја добил Нобеловата награда за литература, со што станал седмиот носител на такво признание од својата земја.[1] Освен на Нобеловата награда, Транстремер е добитник и на Златниот венец од Струшките вечери на поезијата, со кој се закитил во 2003 г.

Шведската кралска академија откри еден многу интересен податок поврзан со името на овој поет. Имено, Транстремер бил номиниран буквално секоја година за Нобеловата награда, почнувајќи од 1993. Како причини поради кои ја понел оваа престижна награда, кралската академија ги наведе големите филозофски теми кои се опфатени во неговите стихови, како прашањата за смртта, историја, спомените и природата. По прифаќањето на наградата, речиси веднаш биле преведени првите два тома од Томасовата поезија на повеќе странски јазици. Инаку, Транстремер е 108-от добитник на ова признание, и првиот Швеѓанец од 1974 г.[2]

Дела[уреди | уреди извор]

  • 17 поеми (1954)
  • Тајни на патот (1958)
  • Неодвршениот рај (1962)
  • Звуци и шини (1966)
  • Патеки (1973)
  • Балтик (1974)
  • За живите и за мртвите (1989)
  • Тажната гондола (1996)
  • Големата загатка (2004)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Салсбери, Стивен. „Гледајќи го невидливото: Суштината на поезијата на Транстремер. Philadelphia Inquirer.
  2. Босман, Џули. „Шведски поет ја доби Нобеловата награда за литература“. The New York Times.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]