Смрт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Череп, симболична претстава за смртта

Смрт е постојан крај на биолошкото функционирање на секој жив организам. Вистинската природа на смртта со векови е централна тема во светските религии, како и во философијата. Во повеќето религии постои верување во некој вид живот по смртта или реинкарнација. Современата наука ја смета смртта за конечна состојба.

Во медицината постои термин клиничка смрт, а тоа е состојба при која на пациентот му функционираат нормално срцето и белите дробови, но мозокот е мртов.

Статистика на смртноста[уреди | уреди извор]

Во 2014 година, во Македонија умреле 19.718 лица од кои 10.210 (51,8%) биле од машки пол. Најчеста причина за смртта биле болестите на кардиоваскуларниот систем (57,2%), додека 18,9% умреле од малигни неоплазми. Кај 4,2% од умрените, причина за смртта биле ендокрините, нутритивните и метаболичните болести, а 3,6% умреле заради болести на респираторниот систем. Во 2014 година, во Македонија умреле 233 доенчиња, т.е. 1,2% од вкупниот број на умрени лица. Кај возрасните, просечната старост на умрените мажи била 69,9 години, додека просечната возраст на умрените жени била 74,8 години.[1]

Смртта во јужнословенската митологија[уреди | уреди извор]

Смртта е персонифицирано битие чија единствена должност била да ја одзема душата од телото на смртникот. Смртта била прикажувана како битие во долга бела или црна облека, со качулка на главата од која најчесто не може да се согледа ликот. Смртта најчесто припаѓала на машкиот пол, иако во некои преданија таа е претставена како стара жена.[2]

Во народното творештво, смртта била ужасната од молбите и плачот на луѓето, па посакала од бога да ја ослободи од должноста, но тој одбил. „Еве јас отсега вамо ќе создадам турли - турли болести по луѓето и од болестите што ќе ѝ создадам луѓето ќе умираат и на болеста ќе ѝ викаат, а тебе ќе ти забораат да те колнат” - Марко Цепенков.

Според старите верувања, смртта е единствената која го знае мигот во кој секое живо битие треба да почине. Смртта доаѓа по божјите (или сопствени) закони и никој не е во можност да ја повика или да ја присили да му ја земе душата без таа да сака.

Смртниот час е миг на разделбата на душата од физичкото тело. По верувањата душата заминува на „друг/оној свет“. Зависно од моралните и хуманите однесувања на поединецот, по старите верувања, и смртниот час можел да биде краток, лесен и милозлив или долготраен, измачувачки и страшен.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Љубица Балабан, „Смртноста зголемена за 2,7 отсто, најчесто умираат од срцев и мозочен удар, ракот на второ место“, Дневник, година XIX, број 5800, 26 јуни 2015, стр. 4.
  2. Гордана Стојковска, Речник на јужнословенска митологија, Издавачки центар Три, Скопје, 2004.

Види исто така[уреди | уреди извор]