Карлос Фуентес

Од Википедија — слободната енциклопедија
Carlos Fuentes (2002)

Карлос Фуентес (шпански: Carlos Fuentes, 1928 - 2012) бил мексикански писател, дипломат и универзитетски професор.

Животопис[уреди | уреди извор]

Карлос Фуентес е роден во Панама, во семејство на дипломати. Детството го поминал во повеќе градови во Латинска Америка, а од 1934 до 1940 година живеел во Вашингтон, каде го продолжил образованието и го научил англискиот јазик, што подоцна му овозможило и тој да стане дипломат. Исто така, тој предавал на неколку угледни универзитети, како: Харвард, Принстон, Кембриџ, Корнел и Колумбија. По убедување бил социјалист и бил приврзаник на запатистите, ја поддржувал Кубанската револуција, а потоа и сандинистите во Никарагва, а тоа било причина за раскинувањето на односите со неговиот близок пријател Октавио Паз. Поради спротивставувањето на американската интервенционистичка политика, на Фуентес му бил забранет влезот во САД, а негови блиски пријатели биле Чарлс Рајт Милс и Луис Буњел.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Карлос Фуентес се смета за еден од најголемите современи латиноамерикански писатели, а неговите дела се преведени на 24 јазици. Неговите најважни романи се:[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Karlos Fuentes, Smrt Artemija Kruza. Beograd: Dereta, 2015.