Гордана Јовиќ Стојковска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гордана Јовиќ Стојковска
Gordana Jovic Stojkovska.jpg
Занимање писател
Националност Србинка
Државјанство македонско и српско
Образование Филозофски факултет
Високо образование Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Период 1988-денес
Тематика проза и поезија
Правец современа македонска книжевност

Гордана Јовиќ Стојковска романсиер, раскажувач, поетеса, преведувач и книжевен критичар, создава на српски и македонски јазик.

Биографија и почетоци[уреди | уреди извор]

Гордана Јовиќ Стојковска е родена 1961 во Грделица[1], Србија, каде што го има завршено основно и средно образование. Во Скопје по запишување на студии на Биолошки факултет, но својата родна Грделица ја носи во себе како огромна инспирација која што е присутна во речиси сите нејзини романи и како дескриптивнен мотив, но и како плодна почва за креирање на чудесни ликови со судбини на луѓе кои едноставно не можат и не посакуваат да се разделат од своите корења.


Гордана Јовиќ Стојковска живее и работи во Скопје. Книжевната кариера ја започнала уште од рани младешки денови објавувајќи во списанијата за култура и млади во тогашната Југославија. По одлуката да живее во Скопје го изучува македонскиот јазик, на кој што ја објавува својата прва книга Noctambulissmus (Северно талкање) која што е објавена како награден ракопис на тогаш југословенскиот конкурс за дебитантска книга при Книжевниот клуб Куманово. Со оваа поетска книга Гордана Јовиќ Стојковска добива награда Млада Струга 1989. Од крајот на истата година раководи со Книжевна младина на Македонија како Претседател. Во неа во периодот до 2002 година промовира и објавува голем број дебитантски книги на сега афирмирани млади писатели, воспоставува контакт и соработка со врвни автори од Бугарија, Кипар, Турција, Русија и одржува континуирана соработка со писателите од просторот на дотогашната Југославија. Во периодот од 1990 до 1994 Јовиќ Стојковска работи во МРТВ како сценарист, каде што реализира детски ТВ драми и серии, меѓу кои се издвојуваат првиот детски игран филм во Македонија на турски јазик „Споменар“ и серијалот „Децата на Македонија“. Активно се бави со книжевна критика и афирмација на српската книжевност во Македонија и обратно, а во тоа време ја промовира и современата македонска книжевност во Бугарија на Книжевните колонии во Несебар и на Филолошкиот Факултет во Софија, каде во организација на др Константин Оруш учествува во Курсот по македонска книжевност. Преку програмата Исток - Исток при Отворено опшество Македонија, организира конференции од областа на културна идентификација на кои учествуваат представници на речи си сите земји од Југоисточна Европа. Учествува во организација на речиси сите важни книжевни манифестации и соработува со голем број списанија, меѓународни редакции и др. По престанок на буџетско финансирање на Книжевна младина на Македонија, Јовиќ – Стојковскава работи извесен период како самостоен писател, потоа како уредник на списанието МАГ, а во 2009 година го формира центарот за издавштво и промоција на автори и дела Слово љубве - букви букс во Скопје.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Noctambulissmus – поезија, Куманово1988;
  • Поме|у – поезија, Студентски збор, Скопје 1990;
  • Сонкобија –раскази, Студентски збор, Скопје 1991;
  • … - фрагментарни роман, Култура, Скопје 1994;
  • Боја на безвремето – роман, Штрк, Скопје1996;
  • Мостување – поема, Нушиќ, Скопје1999, птевод на англиски [2];
  • Последниот таласон – роман, Три, Скопје2003;
  • Тајна на тринаесетиот знак – роман, Три, Скопје 2006;
  • Очи пуне чипке – роман, УСЗМ, Скопје 2008;
  • Ѕидање на сонцето - роман, 2011.
  • Речник на јужнословенска митологија, Три, Скопје 2004 и на
  • Српско -македонскиот речник, Слово љубве, Скопје, 2014.

Сите нејзини романи се објавени на српски и македонски јазик, нејзините дела се преведени на повеќе светски јазици, застапени се во повеќе антологии. За својот книжевен опус Јовиќ –Стојковска има добиено повеќе значајни награди меѓу кои: Млада Струга, Златната значка на Културно просветна заедница на Србија и Сесловенското признание – Белорусија.

Преведувачка дејност[уреди | уреди извор]

Во нејзината библиографија се истакбуваат и преводи на најистакнатите современи книжевни автори од српски јазик, меѓу кои ги издвојува:

  • Псевдо –Гојко Челебиќ, роман, Штрк, Скопје, 1997;
  • Чаршиски муабети –Раде Јовиќ, поезија, КММ , Скопје, 2000;
  • Kуќа на мртвите мириси –Вида, Огњеновиќ, роман, Три, Скопје,2004;
  • Ситничарница “Kај среќната рака” –Горан Петровиќ, роман, УСЗМ, Скопје, 2007;
  • Прсти на лудите очи - Рајко Васиќ, роман Слово љубве, Скопје, 2011 и др.

И од македонски на српски:

  • Макета – антологија на македонски расказ, од Kатица Ќулавкова
  • Вештица (роман) - Венко Андоновски
  • Бајазит и Оливера (роман) - Драги Михајловски
  • С друге стране (раскази)- Фросина Стојковска и др.

Други активности[уреди | уреди извор]

Член е на Друштво на писателите на Македонија, член е на Здружение на писатели на Србија, на Медитеранската академија на писателите (Орден на медитеранските трубадури) и др. Член е и на повеќе меѓународни книжевни и културолошки асоцијации и редакции. Гордана Јовиќ Стојковска е председател на Српска заедница во Македонија од 2010 година. Иницијатор е и еден од раководителите на културно едукативниот проект Даница преку кој го иницира покренување на списанието за деца и млади со исто име, како и други проекти за зачувување на културниот и јазичкиот идентитет на српскиот народ во Македонија.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр.246.
  2. http://mujweb.cz/apejcinova/Translation/abridging.htm
  3. http://www.rts.rs/page/radio/ci/story/27/%D0%A0%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D0%BE+%D0%91%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4+1/1815848/%D0%92%D0%B5%D1%87%D0%B5%D1%80%D0%B0%D1%81+%D0%B7%D0%B0%D1%98%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%BE.html гостување во радио-телевизија Србија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]