Димитрие Дурацовски
Димитрие Дурацовски (15 февруари 1952, Струга) — македонски писател.
Животопис[уреди | уреди извор]
Дурацовски е роден на 15 февруари 1952 година во Струга.[1]. Завршил Училиште за применета уметност во Скопје. Работи како ликовен соработник во Народниот музеј во Струга. Член е на ДПМ од 1989 година.
Творештво[уреди | уреди извор]
Дурацовски е автор на книгите:
- Тајна историја (раскази, 1986),
- Црни пророци (раскази, 1996),
- Insomnia (роман, 2000),
- Бледи сенки, далечни гласови (роман, 2014).[2]
Дурацовски е припадник на т.н. петта генерација или Петти круг на автори, кои на македонската книжевна сцена се јавиле во 1980-тите години. Целиот опус на Дурацовски е во знакот на постмодернизмот. Со романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој направил голем пресврт во стилот. Во двете збирки раскази, тој пишуваал во стилот на фантастиката и ониричноста, со користење цитати, парафрази и позајмувања од други книжевни дела. Во „Инсомнија“, тој ја напуштил строгата, контролирана функционалност, вметнувајќи долги автобиографски пасажи и есеизирања. Во романот „Бледи сенки, далечни гласови“, тој ја напуштил функционалната димензија и навлегува во т.е. постмодерна носталгија.[3]
За романот „Insomnia“, Дурацовски ја добил наградата "Рациново признание".[4]
Награди[уреди | уреди извор]
Во 2019 година, Дурацовски ја добил наградата „11 Октомври“ за животно дело.[5][6]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Cvetanovski, Savo; Milena Mitrovska, Michael Black (1990). Аnthology of the Macedonian postmodern short story. Naša kniga.
- ↑ Роберт Алаѓозовски, „Постмодерна носталгија“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 83.
- ↑ Роберт Алаѓозовски, „Постмодерна носталгија“, Економија и бизнис, број 198, 25 декември 2014, стр. 83-84.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 85.
- ↑ „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ПЕПИ МИРЧЕВСКИ, ДИМИТРИ ДУРАЦОСКИ И ЉУПЧО КОЦАРЕВ на семрежното место на САКАМ ДА КАЖАМ
- ↑ „Награда за животно дело за глумецот Мирчевски“, Слободен печат, година VII, број 1783, стр. 17.
![]() |
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |