Отпорен на смрт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Отпорен на смрт
Death Proof“
Deathproofposter.jpg
Филмскиот плакат за Отпорен на смрт.
РежисерКвентин Тарантино
ПродуцентЕлизабет Авелан
Ерика Стајнберг
Роберт Родригез
Квентин Тарантино
СценаристКвентин Тарантино
НастапуваатКурт Расел
Зои Бел
Розарио Досон
Ванеса Ферлито
Џордан Лед
Сидни Појтер
Трејси Томс
Мери Елизабет Винстид
Роуз Мекгован
Марли Шелтон
Марси Хариел
КинематографијаКвентин Тарантино
МонтажаСали Менк
ДистрибутерDimension Films
The Weinstein Company
Премиера21 септември, 2007
Времетраење114 мин.
Држава САД
ЈазикАнглиски

Отпорен на смрт (англиски: Death Proof) е американски филм од 2007 година, режиран од Квентин Тарантино, кој е автор и на сценариото. Во филмот настапуваат Курт Расел, Зои Бел, Розарио Досон, Ванеса Ферлито, Џордан Лед, Сидни Поатје, Трејси Томс, Мери Елизабет Винстид и Роуз Мекгован.

Филмот е посвета на насилните филмски жанрови од 1970-те години. Тој се прикажувал во кината во САД заедно со филмот „Планетата терор“ (Planet Terror)) на Роберт Родригез како втор дел од заедничкиот проект „Грајндхаус“ (Grindhouse), со цел да се копира искуството на гледање на два експлоатациони филмови во една вечер, во т.н. „грајндхаус“ (англиски: grindhouse) кина. Филмовите биле објавени одделно на DVD, додека „Отпорен на смрт“ бил издаден во продажба на 19 септември 2007.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот се фокусира околу психопатскиот каскадер Мајк (го игра Расел), кој следи млади жени, ги фотографира, а потоа ги убва во наместени автомобилски несреќи, употребувајќи го својот каскадерски автомобил кој е „отпорен на смрт“. Еднаш, во Остин, Мајк се спријателува со неколку девојки кои излегуваат во еден клуб. По неколку пијачки и заводлив танц со нив, тој поаѓа во својата убиствена акција. Другпат, во Тенеси среќава група девојки кои работат како глумици и каскадерки во филмовите од Б-продукцијата. Гледајќи ги како се забавуваат со својот автомобил, повторно не може да се воздржи од убиствениот нагон...[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антена, број 857, 28.11.2014, стр. 27.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]