Славно е да се умре за татковината

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Салвно е да се умре за татковината (српски: Slavno je za otadžbinu mreti) - расказ на српскиот писател Данило Киш, дел од збирката раскази „Енциклопедија на мртвите“ од 1983 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во затворската ќелија влегуваат група офицери и свештеник за да му ја соопштат смртната казна на младиот гроф Естерхази, кој учествувал во побуна против царот. Претходно го посетила неговата мајка, која му ветила дека ќе се обиде да побара прошка од царот, велејќи дека ќе носи бел фустан, ако успее да добие позитивен одговор на молбата. Утрото, младиот гроф се моли, а потоа го изнесуваат на улица, водејќи го до бесилката. Тој ја здогледува својата мајка на балконот, облечена во бел фустан и до самиот крај се надева дека ќе се случи чудо. Подоцна, офицерите кои присуствувале на бесењето сведочеле за храброто држење на грофот.[1]

Осврт кон расказот[уреди | уреди извор]

Во пост-скриптумот кон збирката, Киш објаснува дека расказот е слободна обработка на една граѓанска легенда која претрпела чести варијации.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Slavno je za otadžbinu mreti“ во: Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015, стр. 105-110.
  2. „Post scriptum“ во: Danilo Kiš, Enciklopedija mrtvih. Beograd: Arhipelag, 2015, стр. 168.