Прејди на содржината

Затвор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Најпознатиот затвор во светот Алкатраз во Сан франциско
Најпознатиот македонски затвор КПД „Идризово“ во с. Идризово

Затвор е државна или приватна установа чија главна задача е притворање на луѓе со криминални дела, нивно казнување и превоспитување. Затворот може да се сретне во три форми и тоа: машки затвор, женски затвор и казнено поправна установа за малолетни лица. Капацитетите на затворите и условите во нив се разликуваат од една до друга држава. Затворените лица најчесто се затворени во ќелии, но постјат и посебни простории за поголемо казнување наречени самици.

Затворите во Македонија

[уреди | уреди извор]

Во Македонија постојат повеќе затвори, односно казнено-поправни домови (КПД), како што се нарекуваат во официјалната терминологија, чиј вкупен капацитет изнесува 2.026 лица во затворскиот дел и 450 во притворските одделенија. Според големината, најголем затвор е КПД Идризово чиј капацитет изнесува 1.094 лица, а потоа следуваат следниве затвори: КПД Штип со капацитет од 210 лица; затвор Скопје со капацитет од 128 лица во затворскиот дел и 310 лица во притворските одделенија; затвор Куманово со капацитет од 178 лица во затворскиот дел и 48 лица во притворските одделенија; затвор Прилеп со капацитет од 85 лица во затворскиот дел и 16 лица во притворските одделенија; КПД од отворен тип Струга, со капацитет од 60 лица; затвор Тетово, со капацитет од 48 лица во затворскиот дел и 24 лица во притворските одделенија; затвор Битола, со капацитет од 60 лица во затворскиот дел и 22 лица во притворските одделенија; затвор Струмица, со капацитет од 62 лица; затвор Гевгелија, со капацитет од 43 лица во затворскиот дел и 12 лица во притворските одделенија; отворено одделение во Крива Паланка, со капацитет од 23 лица; и малолетнички затвор Охрид, со капацитет од 35 лица во затворскиот дел и 18 лица во притворските одделенија. Покрај овие затвори, постои и воспитно-поправен дом во Тетово со капацитет од 43 лица. Притоа, во 2014 година, во македонските затвори биле сместени 2.976 осудени лица и 401 притворено лице.[1]

Затворот како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Затворот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Затворот како тема во книжевноста

[уреди | уреди извор]
  • „Затвореничка песна“ - македонска народна песна.[2]
  • Во занданата“ (српски: U zindanu) - расказ на југословенскиот писател Иво Андриќ.[3]
  • „Од затворот“ - песна на францускиот поет Пол Верлен.[4]
  • „Моите затвори“ (француски: Mes prisons) - збирка песни на францускиот поет Пол Верлен од 1893 година.
  • „За политичката затвореничка“ ('англиски: 'On a Political Prisoner) - песна на ирскиот поет Вилијам Батлер Јејтс.[5]
  • „Песната на затворницата“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[6]
  • „Две другачки (В затвор на „свиждане“ - 1942 година)“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески од 1942-1951 година.[7]
  • „Робија“ — песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.[8]
  • „Затвореник“ - кус расказ на македонскиот писател Митко Маџунков од 1984 година.[9]
  • „Заробеник“ - песна на македонскиот поет Анте Поповски.[10]
  • „Затвор“ (италијански: Il carcere) - книга на италијанскиот писател Чезаре Павезе од 1959 година.[11]
  • „Спомени од затворот“ - книга на бразилскиот писател Грасилијано Рамос од 1954 година.[12]

Затворот како тема во музиката

[уреди | уреди извор]
  • „Апсана ме кладе“ - македонска народна песна.[13]
  • „Живот в затвор“ (Life in Prison) - песна на американската рок-група „Брдс“ (The Byrds) од 1968 година.[14]
  • „004 Здраво, тато, јас сум в затвор & извади ме...“ (004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back...) - песна на американската поп-група „Воз (Нот Воз)“ (Was (Not Was)) од 1988 година.[15]
  • „Градскиот затвор во Старквил“ (Starkville City Jail) - песна на американскиот кантри-музичар Џони Кеш (Johnny Cash).[16]
  • „Сан Квентин“ (San Quentin) - песна на американскиот кантри-музичар Џони Кеш (Johnny Cash).[16]
  • „Блуз од затворот Фолсом“ (Folsom Prison Blues) - песна на американскиот кантри-музичар Џони Кеш (Johnny Cash).[16]
  • „Затвор без ѕидови“ (англиски:Prison Without Walls ) — песна на британската хард-кор група „Напалм дет“ (Napalm Death) од 1987 година.[17]

Затворот како тема во филмот

[уреди | уреди извор]
  1. Влатко Стојановски, „ДПМНЕ и спречија амнестија со закон за да помилуваат и убијци преку Иванов!“, Фокус, број 1058, 15.1. 2015, стр. 22.
  2. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 136.
  3. „U zindanu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 130-136.
  4. Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987, стр. 61.
  5. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 104.
  6. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 13.
  7. Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 125-129.
  8. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 50-51.
  9. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 133-134.
  10. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 48.
  11. Jugana Stojanović, „Čezare Paveze“, во: Čezare Paveze, Među usamljenim ženama. Beograd: Rad, 1964, стр. 120.
  12. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 288.
  13. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 110.
  14. YouTUbe, Sweetheart of the Rodeo | The Byrds | 1968 (пристапено на 25.2.2018)
  15. Was (Not Was) 004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back... (пристапено на 8.11.2017)
  16. 16,0 16,1 16,2 Discogs, Johnny Cash ‎– Johnny Cash At San Quentin (пристапено на 21.2.2020)
  17. Discogs, Napalm Death ‎– Scum (пристапено на 3 февруари 2021)
  18. HRT, Osuđenik na smrt pobjegao je iliti vjetar puše kako ga volja, francuski film (пристапено на 8.5.2020)