Битола
Битола Обител, Манастир | |||
---|---|---|---|
| |||
Прекар(и): Градот на конзулите | |||
Гесло: Битола, бабам Битола | |||
Координати: 41°01′55″N 21°20′05″E / 41.03194°СГШ 21.33472°ИГДКоординати: 41°01′55″N 21°20′05″E / 41.03194°СГШ 21.33472°ИГД | |||
Земја | ![]() | ||
Регион | ![]() | ||
Општина | ![]() | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Наташа Петровска[1] (СДСМ) | ||
Површина | |||
• Градска | 422.39 км2 | ||
Надм. вис. | +576 м | ||
Население (2002) | |||
• Градско | 74.550 | ||
• Густина | 180/км2 (500/ми2) | ||
• Метро | 105.644 | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (DST) | CEST (UTC+2) | ||
Пошт. бр. | 7000 | ||
Повик. бр. | (0)47 | ||
Рег. таб. | BT | ||
Клима | Dfa | ||
Мреж. место | http://www.bitola.gov.mk |
Битола — град во југозападниот дел на Македонија, административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од земјата. Градот е познат под името град на конзулите, бидејќи тука се наоѓале конзуларните претставништва на европските земји во времето на Отоманската Империја, каде заедно со Солун бил најважно место во европскиот дел на Империјата. Во периодот 1864 - 1912, Битола бил главен град на Битолскиот вилает, еден од трите вилаети во регионот Македонија. И денес, голем дел од конзуларните претставништва во Република Македонија се наоѓаат тука. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители (2002 г.). За време на Југославија бил еден од културните центри, како во Кралството Југославија, така и во СФРЈ. Таткото на турската нација Кемал Ататурк завршил офицерска школа во Битола. Некои негови работи денес се чуваат во Народниот музеј.
Содржина
Етимологија[уреди | уреди извор]
Во текот на историјата, во зависност од владетелите, градот Битола имал многу имиња. Според Адријан Рум, словенскиот назив за градот, Битола, потекнува од зборот Обител (старословенски Обитѣль), овој израз до денес се употребува и во (хрватскиот јазик, Obitelj) кој за време на средниот век се користел за заедница на монаси, како фамилија односно манастир. Името го добил по многуте манастири што се наоѓале во градот и во околината, а некои постојат и денес. Со текот на времето, гласот О се исфрла во изговорот на зборот „Обител“, и името на градот станува Битола[2] Грците од истите причини градот го нарекувале Монастири (грчки: Μοναστήρι). Битола е денешен официјален назив за градот, но истовремено и најстариот назив, судејќи по Битолската плоча од 1015 година на којашто градот е спомнат, како и според многуте војсководци на царот Самуил, како и патниците од тоа време. Арапскиот патник Абу Абдалах Мухамед ал-Идриси во XII век напишал: „Потребни се два дена патување на исток за да се стигне од Ахрид (Охрид) до Бутили (Битола). Бутили е необичен и убав град“.
Постојат приказни според кои на десниот кеј на реката Драгор имало 41 цркви и исто толку воденици за нивно издржување. Исто така и на левиот кеј на Драгор имало 29 цркви со исто толку воденици. За време на празничните денови во тоа време, народот од селата од Битолското Поле се собирале кај овие цркви каде ги вршеле своите верски обреди. Со оглед на тоа што земјиштето на кое се наоѓал градот Битола тогаш било прекриено со многубројни цркви, градот го добил името Манастир. Има верзија која вели дека градот Битола името Манастир го добил по една огромна црква која се наоѓала над Битола, кај сегашниот мост викан Црн Мост (турски јазик: kara köprüsü). Во оваа црква можеле да се сместат сите присутни од селското население од битолското поле кои доаѓале за време на празниците да ги вршат верските обреди.
Според записите на Марко Цепенков, градот Битола своето име го добил по големопоседникот Тољо, кој имал своја тврдина во близината на денешното битолско село Буково. Во времето кога дошле Турците да го освојат овој дел од Македонија, за да го повикаат на борба големопоседникот Тољо, му велеле „Би Тољо, до би Тољо“, со што според Марко Цепенков од таму потекнува денешното име на градот Битола.
За време на отоманската власт, градот се викал Манастир, што Турците и Албанците го усвоиле од Грците. По Балканските војни од 1913 градот потпаѓа под српска окупација и повторно го добил старото име Битола.
Историја[уреди | уреди извор]
Многу важни настани од македонската и балканската историја се случиле во Битола. Градот е граден, доградуван, рушен и повторно граден и надградуван уште од неговото прво населување во доцното бронзено доба. Потоа во хеленистичкиот период, па Римското царство, сѐ до византиското време имал статус на град со висок степен на цивилизација.
Традиционално силниот трговски центар, е познат и како град на конзулите поради тоа што во еден период за време на Отоманската империја, Битола имала дури дваесет конзулати од разни европски земји. Во истиот период, градот имал многу школи, меѓу другите и воена академија, којашто ја посетувал и славниот турски реформатор Кемал Ататурк. На крајот на XIX век бил толку силен град, што неговото население непрестајно растело и го надминало бројот на населението на Белград. Градот бил преполн со фабрики и фотографски дуќани, а занимливо е и тоа што покрај Сингер, во Битола уште во тоа време постоела фабрика за слатки. Во Битола се снимени првите фотографии и филмови на Балканот, благодарејќи на браќата Манаки. Првата филмска камера Јанаки ја купува од Лондон, производство на компанијата „Charles Urban Trading”, и тоа 300-тиот примерок од серијата BIOSCOPE. Така, со таа фамозна „Камера 300" започнала кинематографијата на Балканот. Тоа било златното доба на градот. За жал, за време на Балканските војни, многу битки биле водени во околината на градот и самиот град, па многу материјални докази изгореле или биле потполно уништени. Архитектурата можела да се обнови, посебно последните петнаесетина години, а докази за сѐ што се случувало се и прераскажувањата на старите кои добро се сеќаваат. Меѓутоа, денес останале многу организации и фестивали, коишто по долг период, повторно се одржуваат. Еден од нив се одржува секој година од 29 јули до 2 август во Битола, во знак на спомен на Илинденското востание, под името „Културен фестивал Илинденски денови“.
Праисторија[уреди | уреди извор]
Градот Битола со околината е многу богат со споменици од праисторискиот период. Двата најзначајни се Велушка Тумба и Тумба Бара, коишто се наоѓаат покрај селото Породин. Од бакарното доба, тука се населува Тумба покрај селото Црнобуки, Шуплевац (покрај селото Суводол) и Висок Рид (покрај селото Букри).
Римски период[уреди | уреди извор]
Градот се наоѓа на римскиот пат Виа Игнација (Via Ignatia), каде што е и античкиот град Хераклеја Линкестис. Во периодот на II век п.н.е. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеја станува силен економско-политички центар (Septina Aurelia Heraclea) со свој постојан римски намесник и римска војска, што сведочи за Битола како центар на вечна моќ, цивилизација, култура и убавина којашто е тука и денес.
Османлиска власт[уреди | уреди извор]

Почетокот на турските завојувања на Балканот најавиле и нова ера на живеење. Турските војски во текот на 1382-1383 година по многу тешки и крвави борби и по жестокиот отпор кој го пружило локалното население конечно успеале да ја освојат Битола. Според некои легенди многу жесток отпор на турските освојувачи му пружиле и монасите од седумдесетте манастири и цркви кои во тој период постоеле во Битола. Хаџи Евронос беј кој се наоѓал на чело на турската војска револтиран од жестокиот отпор на кој наишол при освојувањето на градот наредил да се урне и битолската тврдина.
Од овој период всушност започнува и „ориенталното” вообликување на градот што било резултат токму на изградбата на ваквиот тип објекти, но и на ориенталните градителски техники и стилови. Во периодот на XVI - XVII век, период на историски но и културни промени, од страна на турската администрација градот Битола започнува да биде именуван како Манастир или Толи Манастир. Сепак во целиот период на своето постоење името Битола никогаш не било заборавено туку напротив од страна на христијанското население тоа било во секојдневна употреба.
Во средината на XVII век станал и важен културен центар на европска Турција. Таа е седиште на Битолска нахија во која имало 150 населени места. Познатиот патеписец Евлија Челебија, Битола ја посетил во 1662 година и забележал: „градот има околу 3000 мали и големи куќи на приземје и кат, групирани во 21 маало, чаршија со 900 дуќани и безистен“.
Во 1805 година во Битола живееле околу 15.000 жители. Од стопанските гранки виден напредок доживеало занаетчиството. Во средината на XIX век бројот на занаетчиските дуќани достигнал над 2.000 со околу 140 видови занаети, организирани во 70 еснафски организации. Виден придонес во развојот на Битола дале и дипломатските претставништва, конзулати на повеќе странски држави. Тоа довело Битола да стане „град на конзули” но и арена на странски пропаганди.[3]
Во Битола во крајот на XIX и почетокот на XX век имало околу 3000 клавири за што градот го викале и „Градот на клавирите“. Поради некои поранешни сфаќања клавирот симболизирал богатство, класна поделеност и во 50-тите години на XX век со процесот на национализација на многу од семејствата клавирите им биле одземени.[4]
Во учебната 1899/1900 година во Битолската машка гимназија, како учител се вработил еден од основачите на ВМРО, Даме Груев, кој бил задолжен да изведува настава по предметите географија, аритметика, геометрија и цртање.
Христијанските жители на градот биле разделени во повеќе конфесии. Според статистиката на секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година христијанското население на Битола се состоело од 15.252 Македонци, од кои 8.844 егзархисти, 6.300 грчки патријаршисти, 72 српски патријаршисти и 36 протестанти, потоа 100 Грци, 7.200 Власи, 120 Албанци и 120 Роми. Во градот имало 10 основни и 3 средни бугарски училишта, 7 основни и 2 средни грчки, 2 основни и 2 средни влашки и 1 основно и 2 средни српски.[5]
Битола поради својата местоположба, на крстопатот помеѓу сите најзначајни патни правци (исток, запад, север и југ), уште од најраниот период на турското завладување го добила заслуженото значење при што станала значаен воено-стратешки центар што било само потврдено во 1830 година кога таа станува и политички центар на Румелискиот вилает. По распаѓањето на тимаро-спахискиот систем и интензивираните малтретирања од страна на чифликсајбиите дошло и до нови промени во етничката структура на населението во Битола. Во 1864 година бил формиран Битолскиот вилает со седиште во Битола. На чело на вилаетот стоел валија, со титула паша, кој бил назначуван со султанско ираде. Вилаетот зафаќал територија од околу 32.000 км2, простирајќи се на делови од денешните држави: Македонија, Албанија и Грција.
Балкански војни[уреди | уреди извор]

За време на Првата балканска војна во околината на градот се водела Битолската битка во којашто отоманската војска била победена од страна на српските сили. Градот страдал за време на Првата светска војна заради близината на Солунскиот фронт.
Во периодот меѓу двете светски војни, Битола станала пограничен град. Ги изгубила гравитациските подрачја спрема Грција и Албанија. Сепак, во овој период градот за прв пат започнал плански да се гради и тоа според урбанистички планови
Втора светска војна[уреди | уреди извор]
За време на Втората светска војна, градот најпрво го окупирале Германците, а подоцна Бугарите. Во септември 1944, Бугарија капитулирала и започнала да се повлекува од Југославија и Битола била ослободена од македонските партизани. На 4 ноември 1944, Седмата македонска бригада победнички влегла во Битола. На 6 февруари 1945 година, во Битола била отворена првата гимназија (наречена „Јосип Броз Тито“) на која се предавало на македонски јазик.
Евреите во Битола[уреди | уреди извор]
Битола била населена со Евреи, кои избегале од Шпанија за време на црквината инквизиција на кралицата Изабела Кастиљска[6].Тие Евреи се доселиле во најголем дел на Балканот во градовите од поголемо значење и со развиена трговија, меѓу другите и во Битола. Тука го потпомогнале развојот на градот со добри трговски врски. На 11 март, 1943 година, целокупното еврејско население од Битола (3.011 Евреи) било депортирано во логорот Треблинка во Полска од страна на бугарските фашисти.
Географија[уреди | уреди извор]
Градот е сместен на североисточното подножје на планината Баба и југоисточното подножје на Облаковска Планина, во средишниот дел на Пелагониската Котлина. Низ него тече реката Драгор. Се наоѓа на 14 км северно од границата со Грција, на надморска височина од 576 m. Битола е традиционално важна трговско-патничка врска помеѓу Јадранското и Егејското Море, како и една од најзначајните патнички врски на Балканот со Централна Европа. Битола е оддалечен 42 км југозападно од Прилеп, 32 км источно од Ресен, 33 северно од Лерин (Грција) и 28 км јужно од Демир Хисар. Се наоѓа на 200 километри во северозападен правец од Егејско Море.
Клима[уреди | уреди извор]
Градот има средна годишна температура на воздухот од 11,1°С, но со големи отстапувања во одредени години: од 10,1°С во 1975 година до 13,1°С во 1952 г. Најстуден месец е јануари, со просечна месечна температура од -0,6°С, но со апсолутна минимална температура од -30,4°С. Најтопол месец е јули, со средна месечна температура од 22,2°С и со апсолутно максимална температура од 41,2°С. Апсолутното годишно варирање на температурата на воздухот изнесува 71,6°С што е специфика за континенталната клима.
Температурата има карактеристика на континентална клима, а врнежите на сушна изменето-медитеранска или степска клима која, на моменти, има пробиви и на жешки воздушни маси од Северна Африка т.е. Сахара. Просечното годишно количество на врнежи изнесува 601 мм, со вредности кои се движат од 338 мм до 879 мм.
Битола исто така е пример со појавата на поларна светлина. Преку Битола поминува изохазмата (линија која поврзува места со еднаков број на денови со појава на поларна светлост) 0,1 што значи дека на небото на Битола просечно само еднаш во 10 години, се појавува поларната светлост.
Во Битола исто така има метеоролошка станица, лоцирана на излезот од градот на патот кон Новаци. Започнала со работа од 16 март 1945, иако за одредени метеоролошки елементи има систематски податоци од 1926 и 1927 година. Метеоролошката станица во градот се наоѓа на надморска височина од 586 м, блиску до просечната надморска височина на градот која изнесува 576 м.
Климатски податоци за Битола | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Прос. висока °C (°F) | 3.3 (37.9) |
6.5 (43.7) |
11.3 (52.3) |
16.5 (61.7) |
21.7 (71.1) |
25.9 (78.6) |
28.6 (83.5) |
28.5 (83.3) |
24.8 (76.6) |
18.3 (64.9) |
11.5 (52.7) |
5.3 (41.5) |
16.9 (62.4) |
Сред. дневна °C (°F) | −0.8 (30.6) |
1.9 (35.4) |
6.3 (43.3) |
11.1 (52) |
15.7 (60.3) |
19.5 (67.1) |
21.7 (71.1) |
21.1 (70) |
17.2 (63) |
11.4 (52.5) |
6.2 (43.2) |
1.0 (33.8) |
11.0 (51.8) |
Прос. ниска °C (°F) | −4.5 (23.9) |
−2.3 (27.9) |
1.3 (34.3) |
5.0 (41) |
8.7 (47.7) |
11.7 (53.1) |
13.1 (55.6) |
12.8 (55) |
9.9 (49.8) |
5.6 (42.1) |
1.7 (35.1) |
−2.6 (27.3) |
5.0 (41) |
Прос. врнежи мм (ин) | 50.1 (1.972) |
49.9 (1.965) |
51.2 (2.016) |
43.8 (1.724) |
61.0 (2.402) |
40.4 (1.591) |
40.2 (1.583) |
31.2 (1.228) |
35.0 (1.378) |
55.9 (2.201) |
73.2 (2.882) |
68.0 (2.677) |
599.9 (23.618) |
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 1,0 мм) | 8 | 8 | 8 | 7 | 8 | 6 | 5 | 4 | 5 | 6 | 8 | 9 | 82 |
Прос. релативна влажност (%) | 83 | 78 | 71 | 65 | 65 | 60 | 56 | 57 | 64 | 72 | 79 | 83 | 69 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 81.1 | 106.9 | 155.2 | 199.2 | 250.5 | 291.3 | 334.0 | 312.2 | 241.0 | 176.5 | 111.1 | 75.9 | 2.334,9 |
Извор: NOAA[7] |
Население[уреди | уреди извор]
Според пописот на населението од 2002 година, во градот имало 74.550 жители и спаѓал во групата на големи градови.[8] Иако Горно Оризари статистички се води како посебна населба, сепак е дел од град Битола. Заедно со Горно Оризари (2.554 ж.), Битола има население од 77.104 жители.
Етнички гледано, населението (без Горно Оризари) е составено од:[9]
народ | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Македонци | 66.038 | 88,5 |
Албанци | 2.360 | 3,1 |
Турци | 1.562 | 2,0 |
Роми | 2.577 | 3,4 |
Власи | 997 | 1,3 |
Срби | 499 | 0,6 |
Бошњаци | 20 | 0,02 |
други | 497 | 0,6 |
- Јазик
Во градот се зборуваат следниве јазици[9]:
јазик | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
македонски | 69.255 | 92,8 |
албански | 2.399 | 3,2 |
турски | 1.392 | 1,8 |
ромски | 287 | 0,3 |
влашки | 548 | 0,7 |
српски | 390 | 0,5 |
бошњачки | 10 | 0,01 |
други | 269 | 0,3 |
- Вероисповед
Битола е епископски град и седиште на Преспанско-пелагониската епархија. Во Втората светска војна оваа епархија го добила името Охридско-битолска. Со обновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква во 1967, го добила сегашното име Преспанско-пелагониска епархија и ги опфаќа регионите на градовите: Битола, Ресен, Прилеп, Крушево и Демир Хисар.
Првиот митрополит на епархијата (1958 - 1979) бил блаженопочинатиот Климент. Вториот митрополит и сегашен администратор на епархијата, надлежен како архиереј од 1981 е Господин Петар. Во Преспанско-пелагониската епархија има околу 500 цркви и манастири. Во последните десетина години во епархијата се изградени или се градат околу 40 цркви и 140 црквини објекти. Епархијата има два црковни музеи - во соборниот храм „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола и во храмот „Св. Јован“ во Крушево, како и постојана изложба на икони и библиотеки во зградата на митрополијата. Митрополијата е изградена помеѓу 1901 и 1902 година и е еден од најубавите примери на необарокна архитектура. Покрај доминантната Македонска православна црква, во Битола постојат и други поголеми верски заедници како што се Исламската верска заедница, Римокатоличката црква и други.
Во Битола се застапени следните религиски групи[9]:
религија | вкупен број | % од вкупното население |
---|---|---|
Православни | 66.492 | 89,1 |
Муслимани | 6.843 | 9,1 |
Католици | 140 | 0,1 |
Протестанти | 9 | 0,01 |
други | 1.066 | 1,4 |
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во градот Битола:
Население во минатото | ||
---|---|---|
Година | Нас. | ±% |
1948 | 30.761 | — |
1953 | 37.564 | +22.1 % |
1961 | 49.001 | +30.4 % |
1971 | 65.035 | +32.7 % |
1981 | 78.507 | +20.7 % |
1991 | 84.002 | +7.0 % |
1994 | 77.464 | −7.8 % |
2002 | 74.550 | −3.8 % |
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948[10] | 23.734 | 1.327 | 3.543 | ... | 420 | 912 | — | 825 | 30.761 |
1953 | 28.912 | 484 | 6.189 | 3 | 482 | 834 | — | 660 | 37.564 |
1961 | 43.108 | 378 | 3.265 | — | — | 1.035 | — | 1.215 | 49.001 |
1971 | 57.282 | 1.317 | 3.061 | 28 | — | 1.143 | — | 2.204 | 65.035 |
1981 | 68.897 | 2.347 | 3.068 | 535 | 543 | 843 | — | 2.274 | 78.507 |
1991 | 75.308 | 2.232 | 2.058 | 1.274 | 715 | 731 | — | 1.684 | 84.002 |
1994 | 70.528 | 1.967 | 1.547 | 1.676 | 696 | 556 | — | 494 | 77.464 |
2002 | 66.038 | 2.360 | 1.562 | 2.577 | 997 | 499 | 20 | 497 | 74.550 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Битола како град на конзулите[уреди | уреди извор]

Градот на конзулите е второто име за градот Битола. Во врвот на својата слава, Битола имала дваесет конзулати, но постепено со слабеењето на државата, со доаѓањето на династијата Караѓорѓевиќ на власт, а подоцна и комунизмот, тој број постепено опаѓал до само неколку конзулати. Со независноста на Македонија, повторно почнуваат да се отвораат конзулати и градот го добива својот некогашен сјај.
Времето на конзулите[уреди | уреди извор]
За време на Отоманската Империја, градот имал многу конзули од сите значајни земји, па Битола се сметал за конзуларен град. На 26 јули 1903, на влезот во градот бил погубен рускиот конзул Александар Аркадјевич Ростковски, борец за правата на угнетената православната раја. На местото на погубувањето денес стои голем руски крст.
Денешни конзуларни претставништва[уреди | уреди извор]
Моментално градот Битола има дванаесет конзуларни претставништва од кои два генерални и десет почесни:
Генерални конзулати[уреди | уреди извор]
Почесни конзулати[уреди | уреди извор]
Затворени конзулати[уреди | уреди извор]
Попознати места[уреди | уреди извор]
Широк Сокак[уреди | уреди извор]
Широк Сокак (официјалното име на улицата е „Маршал Тито“, позната и како „битолското корзо“) е најфреквентната улица во Битола. Во почетокот била наменета за автомобили, но денес е исклучиво пешачка улица и вистинското срце на градот. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу други кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. А на самиот крај на Широк Сокак се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до зоолошката градина и античкото наоѓалиште Хераклеја Линкестис.
Хераклеја Линкестис[уреди | уреди извор]
Хераклеја Линкестис (латински: Heraclea Lyncestis) е древен град од римскиот период, што се наоѓа во близина на самиот град, во подножјето на Баба Планина и датира од средината на IV век п.н.е. Основан е од македонскиот крал Филип II. Градот бил развиен воено-стратешки центар на северозападната граница на тогашната македонска област Линкестида (денешно Битолско Поле).
Историски градби[уреди | уреди извор]
Саат-кула[уреди | уреди извор]
Не се знае точно кога е изградена саат-кулата. Пишани извори од XVI век ја спомнуваат саат кулата, но не е утврдено со сигурност дали се работи за истата градба. Многумина веруваат дека е изградена во исто време со црквата Св. Димитрија Солунски, поточно 1830 година. Според легендата, кулата е изградена кога отоманските власти во градот, односно Турците, поминале по сите околни села и собрале околу 60.000 јајца од коишто направиле малтер. Од смесата измешана со камења ја изградиле кулата чии цврсти ѕидови стојат и денес неоштетени.
Кулата има основа во облик на квадрат и е висока околу 30 метри. На врвот на кулата се наоѓаат тераси со ковани огради. Од сите страни на терасите се наоѓаат конструкции коишто држат светилки со помош на што целата кула и нејзиниот саат се видливи и ноќе. Саатот се наоѓа на најгорното од трите нивоа. Првобитниот саат е заменет за време на Втората светска војна со понов и многу попрецизен и помодерен саат. Новиот саат го купиле нацистите во знак на благодарност на граѓаните за германските гробишта коишто ги подигнале за жртвите од конфликтот во Битола, заедно со англиските и француските гробишта за време на Првата светска војна.
Саат-кулата за многумина е и симбол на градот Битола. Кулата се наоѓа во паркот каде што постојано се собираат млади, уживајќи во центарот на градот, покрај гитарските звуци што се честа појава. Таа, исто така, е место каде што граѓаните за време на Бадниковата вечер го чекаат Божик и притоа палат свеќи за здравје, вдолж тревникот и тротоарот на паркот каде што е кулата.
Ајдар-кади џамија[уреди | уреди извор]
Ајдар-кади џамијата (турски суд) е еден од најатрактивните споменици на Исламската архитектура во Битола. Градена е во периодот од 1561 до 1562 година, како проект на славниот архитект Мимар Синан. Џамијата ја нарачал битолскиот кадија Ајдар-кади по кој и џамијата го добила името. Низ времето џамијата тешко се оштетила, заради што моментално се реставрира, што ќе донесе приближно до нејзиниот првобитен изглед.
Јени џамија[уреди | уреди извор]
Името на турски јазик означува Нова Џамија. Лоцирана е во центарот на градот. Има квадратна основа, со купола на врвот. Близу џамијата има минаре високо 40 m. Денес, одаите на џамијата се употребуваат за изложби. Недамнешни археолошки ископувања откриле дека е изградена врз стара црква. Според поетот Лаели џамијата е изградена 973 година по хиџра или 1565 година. Но според пресметувањето на М. Тефик и К. Томовски, точната година е 966 хиџра или 1558-59 година, додека според најновата пресметка (Ебџед хесап) на Е. Ајверди и на М. Асимов, точната година на изградбата е 961 по хиџра или 1553-54.
Исак џамија[уреди | уреди извор]
Изградена е в 1506 година, од познатиот кадија Исак Челеби. Во нејзиниот голем двор има неколку гробови, привлечни заради фините облици на саркофазите. Се наоѓа напротиСаат Кулата и Безистенот. Оваа џамија има минаре високо околу 50 метри, поради кое џамијата едноставно доминира во просторот.
Безистен[уреди | уреди извор]
Безистенот е спомнат во еден опис на градот од XVI и XVII век. Сегашниот безистен не се разликува многу од изгледот на тогашниот. Безистенот има 86 продавници и 4 големи железни порти. Продавниците порано продавале текстил, а денес дуќаните имаат различна стопанска дејност, од кои еден дел се канцеларии.
Бања Дебој[уреди | уреди извор]
Дебојот претставува турска бања - амам. Не е познато кога е изградена. Тешко е оштетена, но по поправките сега го има стариот изглед две големи куполи и неколку мали и впечатлива фасада.
- Археолошки локалитети[15]
- Хераклеја Линкестис - населба од хеленистичко, римско, доцноантичко време и среден век;
- Бадем Балери - депо на монети од среден век;
- Гургур Тумба - населба од неолитско време;
- Еврејски Гробишта - населба од неолитско време;
- Кале - населба од среден век;
- Св. Троица - базилика од старохристијанско време;
Образование[уреди | уреди извор]

Универзитети[уреди | уреди извор]
- Универзитет „Св. Климент Охридски“.
- БАС - Бизнис академија Смилевски.
Средни училишта во градот[уреди | уреди извор]
- Гимназија „Јосип Броз-Тито“,
- Гимназија „Таки Даскало“ -Битола,
- Сообраќајно, графичко, рударско и текстилно училиште(Стопанско училиште, дел од Таки Даскало)
- Медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“,
- Економско училиште „Јане Сандански“,
- Земјоделско училиште „Кузман Шапкарев“,
- Електромашинско училиште „Ѓорѓи Наумов“,
- „Средно музичко училиште“ на град Битола.
- Државно Училиште за глуво-неми лица - Битола.
Приватни средни училишта во Битола[уреди | уреди извор]
- Гимназија „Прва приватна гимназија - Битола“,
- Приватно средно стручно училиште „САБА“,
Основни училишта во градот[уреди | уреди извор]
- ОУ „Гоце Делчев“ - Битола,
- ОУ „Даме Груев“ - Битола,
- ОУ „Д-р Трифун Пановски“ - Битола,
- ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ - Битола,
- ОУ „ОУ „Елпида Караманди“ - Битола,
- ОУ „ОУ „Коле Канински“ - Битола,
- ЦОУ „ЦОУ „Тодор Ангелевски“ - Битола,
- ПОУ „Тодор Ангелевски“ - населба Горно Оризари,
- ПОУ „Тодор Ангелевски“ - населба Стрелиште
- ОУ „ОУ „Св. Кирил и Методиј“ - Битола,
- ОУ „ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола,
- ОУ „ОУ „Стив Наумов“ - Битола,
Основни училишта во околните села[уреди | уреди извор]
- ОУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци,
- ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Бистрица,
- ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Кравари (четирилетка)
- ОУ „Александар Турунџиев“ - Кукуречани,
- ОУ „Кочо Рацин“ - Ивањевци,
- ОУ „Браќа Миладиновци“ - Добрушево,
- ОУ „Трајан Белев“ - Цапари,
- ОУ „Мирче Ацев“ - Бач
- ОУ „Гоце Делчев“ - Могила
Населби[уреди | уреди извор]

- Бадембалари
- Баир
- Бела Чешма
- Боримечка
- Брусничка населба
- Буковски Ливади
- Гратчето Пејтон
- Горно Оризари
- Девејани
- Довлеџик
- Ремо
- Јени Маале
- Карпош
- Кланица
- Лавчанска населба
- Мал Париз
- Маџармаале
- Недопирливи
- Нова Битола
- Стрежевска населба
- Cтара Болница
- Стрелиште
- Стрчин
- Ушици
Награди и признанија[уреди | уреди извор]
- 2011: Балканска алијанса на хотелски асоцијации (БАХА) — Балкански лидер во развојот на културниот туризам[16]
- 2012: Саем за туризам и култура Лугано, Швајцарија — Најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми[17]
Личности од Битола[уреди | уреди извор]
![]() |
|
Проблеми со пуштањето? Помош. |
- Атанас Лозанчев (1870-1945) - револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на МРО
- Рафаел Камхи (15 декември 1870 - Тел Авив, 8 јули 1970) - македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење
- Ѓорѓи Сугарев (1876-1906) - револуционер, член и војвода на Битолскиот револуционерен округ на МРО
- Рајна Алексова (1882-1959) - прва жена фармацевт во Македонија
- Стефан Наумов - Стив (1920-1942) - комунист, учесник во НОВ, народен херој
- Димитар Николовски – Таки Даскало (17 ноември 1921 - 3 мај 1942), учесник во НОВ
- Естреја Овадија - Мара (1923-1944) - учесничка во НОВ, народен херој
- Кирил Македонски (1925-1984) - македонски композитор
- Ајри Демировски (1927 - 21 октомври 2009) — македонски музичар од турско потекло, автор на песната „Битола, мој роден крај“
- Јонче Христовски (1931-2000) - пејач, текстописец и композитор
- Петар Ангеловски (1931 - 2003) - македонски сценограф
- Владимир Костов (22 септември 1932) - македонски писател на романи, кратка проза и литература за деца и млади
- Виолета Томовска (1945) - македонска пејачка на забавна и народна музика
- Славе Димитров (1 јуни 1946) - македонски композитор, пејач, аранжер и музички продуцент
- Кире Костов (1949) - македонски композитор, инструменталист и диригент
- Сашка Петковска (1951-1983) - македонска пејачка
- Горан Стефановски (27 април 1952 – Кантербери, Велика Британија, 27 ноември 2018) - македонски драмски писател.
- Илко Стефановски (1952 - 6 декември 2011) - македонски театарски и филмски актер
- Димитар Илиевски - Мурато (1953-1989) - алпинист, прв Македонец кој се искачил на Монт Еверест
- Митко Апостолски (7 март 1955) - македонски актер
- Јовица Михајловски (12 јуни 1955) - македонски актер
- Јани Макрадули (1966-) - македонски политичар
- Саша Николовски (1966-) - македонски диригент
- Маргарита Христова (1973-) - македонска пејачка
- Оливера Наковска - Бикова (1974-) - спортистка во стрелаштво, добитник на златен медал на Параолимписките игри 2012
- Ѓорѓи Христов (30 јануари 1976) - македонски фудбалер
- Игор Дурловски (1977) - македонски оперски пејач
- Николче Новески (1979-) - македонски фудбалер
- Каролина Гочева (1980-) - поп пејачка
- Исмаил Лумановски (19 Август 1984-) - виртуоз на кларинет од Њујорк
- Пеце Матичевски (1969 – 2001) — македонски бранител
- Благојче Силјанов (1969 – 2001) — македонски бранител
- Влатко Миленковски (1972 – 2001) — македонски бранител
- Марјан Божиновски (1974 – 2001) — македонски бранител
- Кире Костадиновски (1976 – 2001) — македонски бранител
- Бошко Најдовски (1976 – 2001) — македонски бранител
- Илче Стојановски (1976 – 2001) — македонски бранител
Збратимени градови[уреди | уреди извор]
Градот Битола е збратимен со градовите:[18]
Епинал, Франција од 1968
Центар, Виена, Австрија од 2006
Бурса, Турција од 1994
Кременчук, Украина од 2006
Пушкин, Русија од 2005
Нижни Новгород, Русија од 2010
Трелеборг, Шведска од 1981
Рокдејл, Нов Јужен Велс, Австралија од 1985
Плевен, Бугарија од 1999
Велико Трново, Бугарија од 2006
Пожаревац, Србија од 1976
Стари Град, Белград, Србија од 2006
Крањ, Словенија од 1965
Херцег Нови, Црна Гора од 21.10.1976
Риека, Хрватска од 2011
Нингбо, Кина од 2014
Битола има соработка со:
Галерија[уреди | уреди извор]
Битола во рамките на Општина Битола
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ "Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017". Државна изборна комисија на Македонија. конс. 18 октомври 2017.
- ↑ Room, Adrian (2006), Placenames of the world: origins and meanings of the names for 6,600 countries, cities, territories, natural features, and historic sites (2nd изд.), Jefferson, N.C.: McFarland & Company, Inc., стр. 60, ISBN 0-7864-2248-3
- ↑ Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје
- ↑ https://www.babambitola.mk/%D0%B4%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D0%B5%D1%82%D0%B5-%D0%B4%D0%B5%D0%BA%D0%B0-15/
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, р.166-167.
- ↑ "Битолските Евреи" (македонски). Ѓорги Димовски - Цолев. 2002. Text "accessda26/5/13" ignored (помош);
- ↑ "Климатски нормали за Битола (1961–1990)". NOAA. конс. March 22, 2015.
- ↑ Стојмилов, Александар; Апостоловска - Тошевска, Билјана (2016). Социоекономска географија на Република Македонија (II доп. издание). Скопје: Природно-математички факултет. стр. 91. ISBN 9989-668-50-7. http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/567_%D0%A1%D0%BE%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%BE%D0%BC%D1%81%D0%BA%D0%B0%20%D0%B3%D0%B5%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0%20%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0,%202016.pdf.
- ↑ 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 "Попис на Македонија" (PDF) (македонски). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 26 мај 2012.
- ↑ http://pop-stat.mashke.org/yugoslavia-ethnic1948.htm
- ↑ http://bitolskivesnik.mk/otvoren-pochesen-konzulat-na-bosna-i-hertsegovina-vo-bitola/
- ↑ http://libertas.mk/%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD-%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B5%D1%80%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D0%B7%D1%83%D0%BB%D0%B0%D1%82-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BB%D0%BE/
- ↑ http://www.dnevnik.mk/?ItemID=EBE37D5D609F6C499511F644008B95F3
- ↑ http://novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=35808
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
- ↑ http://www.mn.mk/kultura/5129
- ↑ http://mkd-news.com/bitola-dobi-nagrada-za-najprestizhna-destinatsija-na-balkanot-za-kulturno-nasledstvo-i-festivalski-programi/
- ↑ "Збратимени градови". www.bitolatourist.info.
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Прилепско-битолски дијалект
- Битолска битка
- Градски стадион Битола
- Зоолошка градина Битола
- Општина Битола
- Спортска сала Битола
- Хераклеја
- Широк Сокак
- ЕГО
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Битола“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- НУ Завод и Музеј Битола
- Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“
- Битола град во Македонија
- Заедница на Евреите во Битола
- Фестивал за Музика Традиција и Храна во Битола
- Неделен магазин ЕГО Битола
- Туристички портал на Битола
- Битола низ стари разгледници
![]() |
Могила и Кукуречани |
![]() | ||
Дихово | ![]() |
Новаци | ||
![]() ![]() | ||||
![]() | ||||
Бистрица |
|
|
|
|
![]() |
Статијата „Битола“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |