Вилијам Батлер Јејтс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Вилијам Батлер(13 јуни 1865 - јануари 1939) - ирски поет.

Вилијам Батлер Јејтс

Биографија[уреди | уреди извор]

Вилијам Батлер Јејтс се родил на 13 јуни 1865 година во даблинското предградие Сендимаунт. Набргу по неговото раѓање, семејството ја напуштило скромната, приземна семејна куќа на авенијата Сендимаунт, број 5. Всушност, семејството на Јејтс постојано се селело од место до место: кога тој имал две години, семејството се преселило во Лондон; на седумгодишна возраст се вратил во куќата на мајчините родители, имотни трговци од Слајго; во деветтата година повторно заминал во Лондон; а кога имал 15 години се вратил во Хаут крај Даблин. За време на неговото детство, пресудно влијание врз него имала грофовијата Слајго во западниот дел на Ирска, каде често ги минувал летните распусти. Таму ја засакал природата, а од мајка му и од соседите ги слушал древните келтски преданија. Неговата мајка, Сузан Полексфен, била тивка и чувствителна жена која често му раскажувала бајки. Јејтс се навраќал на Слајго во текот на целиот живот; во староста му ја посветил својата проштална песна во која ја изразил желбата да биде закопан таму. Неговите предци имале протестантско потекло, а во Ирска се доселиле во XVII век од Англија. Неговиот дедо и предедо биле англикански пастори во Слајго, а се школувале на познатиот Тринити колеџ. Таму, своето образование го стекнал и татко му, Џон Батлер Јејтс, кој во 1880-тите бил познат прерафаелитски сликар. Сè до смртта на татко му, Вилијам Батлер Јејтс се допишувал со него, разменувајќи ги искуствата и мислењата. И неговата мајка била од протестантско семејство, кое не било толку угледно како она на татко му. Во 1874 година, на деветгодишна возраст, семејството на Јејтс по вторпат се доселило во Лондон, каде најпрвин го учел татко му, а потоа се запишал во училиштето „Годол Фин“ во лондонскиот кварт Хамерсмит. Според неговиот биограф Донехју, тогаш Јејтс конечно сфатил дека, според мислата и срцето, е Ирец. Во Лондон се школувал до 1880 година, а меѓу петнаесеттата и дваесеттата година живеел во Хаут, приморско место до Даблин. Тогаш почнал да пишува драми и стихови, но без некој успех.[1] [2]

Вилијам студирал во Уметничката школа во Даблин, каде што се запознал со Џорџ Расел со кого го споделува својот интерес за мистичното и натприродното. Во 1885 година го осознава Даблинското херметичко друштво како разгранок на Лондонската Златна зора. Почнува да пишува поезија и пиеси под влијание на Шерли и Спенсер, и на англиските прерафаелити од крајот на 19-ти век, но со посебен интерес кон ирските преданија и легенди. Во 1922 е избран за сенатор на слободната Република Ирска. Во 1923 ја добил Нобеловата награда за литература.[3]

Јејтс умрел на 28 јануари 1939 година, во местото Рокбрин, на Азурниот Брег. Во 1948 година му била исполнета последната желба - да биде закопан во црквената порта во Драмклиф, каде во далечината се гледа ридот Бен Балбен. На неговиот гроб стои прост надгробен споменик, без украси и со следниов натпис:[4]

Фрли студен поглед
на животот, на смртта.
Коњанику, помини!

Cast a cold eye
On life, on death.
Horseman, pass by!

Tворештво[уреди | уреди извор]

Јејтс е автор на богато поетско дело, создавано во текот на пет децении, од 1888 до 1939 година. Тој претставува пример за чист поет, кој целосно се изразува само низ песните, т.е. нема ниедна тема која не ја обработил поетски. Неговото творештво ги поседува сите својства на класичниот лирски пристап: тоа е исповедно, автобиографско и организирано околу неколку клучни точки на лирскиот израз. Сите негови дополнителни активности (есеистичката и автобиографската проза) служат само како дополнително објаснување на неговите поетски творби.[5]

Сметал дека песните треба да му се рецитираат пред публика и самиот често ги изведувал како вистински актер. Првите драмски обиди под наслов Островот на статуи, ги објавува во Даблинско универзитетско списание во 1885, но тоа е всушност романтична поема со незначително драмско дејствие.

  • Во 1889 ја објавува првата збирка на лирски песни крстосници и долгата нартивна поема Скитањата на Оизин, со теми од Келтските балади на Ирскиот гелски во англискиот превод на Семјуел Фергусон. Истата година се вљубил безнадежно во Мод Гон, актерка, но и активен борец за независна Ирска.
  • Пиесата Грофицата Катлин е првата драма што ги открива неговите цели да излезе од ирското наследство во винстинскиот национален живот.
  • Во 1893 следат песните од збирката Роза, а истата година ги издава, заедно со Едвин Елис, собраните дела на Вилијам Блејк.
  • Во 1896 се запознава со Леди Грегори, втората важна жена во неговиот живот, и неколку следни лета проведува на нејзиниот имот во Кул, западна Ирска, проучувајќи го локалниот фолклори кроејќи планови за создавање на Ирскиот национален театар. Во 1899 следува и првата изведба на Грофицата Катлин во Даблин под полициска заштита, зашто на публиката не и се допаднаа главната личност која си ја продава својата 'ирска душа' за да ги спаси своите поданици.
  • Ветерот меѓу трските од 1899 го означува врвот од раниот период на Келтскиот самрак, со влијание од француските симболисти, на кои му обрнува внимание неговиот пријател и познат критичар Артур Сајмондс.
  • Во 1902 година ги напишал пиесите Кога нема ништо и Кетлин од Хулихан, во која насловна ролија ја игра Мот Гон.
  • Во 1903 година ги објавил нартивните поеми Старост на кралицата Маев и Бајл и Ајлин
  • Во 1904 ја објавува стихозбирката Во седумте шуми и го основа, заедно со Лени Грегори, театор Аби во Даблин за да стане негов извршен директор до 1910. Обајцата несебични го оромовираат драмското дело на Џон Синк, што кулминира со изведбата на Веселникот од западниот свет во 1907.
  • Следува драмска поема Засечени води, 1906.
  • Деирдре, пиеса 1907
  • Темите од пиесата Златниот шлем, 1908, се преточени во збирката Зелениот шлем и други песни, 1910.
  • Следува наративната поема Двајца кралеви, 1914, со тема пак од митското минато на Ирска, но збирката песни Одговорности објавена истата година означува драстичен раскин со митолошкото наследство и свртување кон суровата стварност на Ирска, со потресното задушување на Велигденското востание 1916 и погубување на неговите водачи меѓу кои бил и сопругот на Мод Гпн.
  • Во 1917 се венчал со Џорџија Хај-лис, кај која открил дарба за “автоматско пишување“ чие секојдневно дешифрирање му овозможило да изгради цел систем на толкување врски со минатото и историјата од што произлегла книгата Визија.
  • Езра Паун го запознаво со јапонската традиционална драма, по што следуваат пиесите На јастребивиот кладенец, 1916, и Едиствената љубомора на Емер, 1919.
  • Во 1919 ја објавува книгата Дивите лебеди кај Кул, со првите песни поврани со Визијата
  • Во 1921 е изведена пиесата Калварија, за распнувањето на Исус, со употреба на танец и маски по стилот на јапонските но-драми, а истата година му излегува и збирата песни Мајкл Робартс и танчерот.
  • Дарбата на Харун Ал-Рашид, наративна поема, 1923.
  • Ги објавуба песните од својот најзрел творечки период во Кулата, 1928. Истата година е изведена трагедијата Крал Едип на Софокле во негов превод, а потем и Едип на Колон, 1934.
  • Во 1931 година му е изведена драмата Воскресение, преработка на Калвирајата, но со многу поживотна структура и ефикасен развој.
  • Зборови за музика можеби, лирски песни, за лудата Џејн, 1931.
  • Следува збирката Кривулести скали и други песни, 1933.
  • Изведена му е најумешно напишаната драма Зборови на прозорскиот праг, 1934.
  • Во 1935 ја објавува книгатан Песни, Полната месечина во поход, а под ист наслов изведена му е и едната пиеса, преработка на Саломе од Оскар Вајлд.
  • Следуваат пиесите Јајцето на Херне, 1938, и Чистилиште, 1939.
  • Ги објавува последните песни, 1936-1939 и пиесите Смрта на Кухален, 1939.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 10-12.
  2. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, Битола: НИД „Микена“, 2010.
  3. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, Битола: НИД „Микена“, 2010.
  4. Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 10-11.
  5. Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 9-10.