Надвор од законот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Надвор од законот“
Down by Law (1986 film) poster.jpg
Promotional poster
РежисерЏим Џармуш
ПродуцентАлен Клинберг
СценаристЏим Џармуш
НастапуваатТом Вејтс
Џон Лури
Роберто Бенињи
МузикаЏон Лури
Том Вејтс
КинематографијаРоби Милер
МонтажаMelody London
Премиера20 септември 1986 (limited)
Времетраење107 минути
ДржаваСАД
Јазиканглиски

Надвор од законот (на англиски јазик: Down by Law) е црно-бел филм од 1986 година, во сценарио и режија на Џим Џармуш. Глумат Том Вејтс, Џон Лури и Роберто Бенињи.

Филмот зборува за апсењето, престојот во затвор и бегството на тројца мажи. За разлика од конвенционалните филмови за затвореници, овде повеќе се зборува за комуникацијата меѓу тројцата затвореници, а не многу за начинот на бегство. Главен елемент во филмот е бавното движење на камерата на Роби Милер, и така е прикажана архитектурата на Њу Орлеанс и речниот пејсаж во Лујзијана, каде што бегаат затворениците.

Прикажување[уреди | уреди извор]

Надвор од законот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1986 година.[1] Посветен е на Паскал Огиер и Ензо Унгари.

Филмот добил 88% позитивен рејтинг на Rotten Tomatoes.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Festival de Cannes: Down by Law“. festival-cannes.com. конс. 2009-07-11. 
  2. "Down by Law (1986)". rottentomatoes.com. Retrieved 2010-10-27.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: