Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Прилеп
Поглед кон Прилеп од Марковите Кули
Поглед кон Прилеп од Марковите Кули
Знаме на Прилеп
Грб на Прилеп
Mестоположба
Mестоположбата на Прилеп
Прилеп на картата на Македонија

Часовен појас : CET/CEST (UTC+1/2)

Општи податоци
Име: Прилеп
Прекар: Градот под Маркови Кули
Поштенски бр.: 7500
Повикувачки бр.: (+389) 048
Автомобилска ознака: PP
Заштитници: Свети Никола
Портал: prilep.gov.mk
Историја
Управа
Држава: Flag of Macedonia.svg Македонија
Регион: Logo of Pelagonia Region.svg Пелагониски регион
Општина: Coat of arms of Prilep Municipality.svg Општина Прилеп
Градоначалник: Марјан Ристески
Географија
Надм. височ.: 620-650 м
Население
Население: 69.704
Образование:
Етнички групи: Македонци (92,90%)
Роми (6,28%)


Прилепград во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М-5. Има 73.925 жители и површина од 1.675 км². Се наоѓа на 128 км (воздушна линија) од главниот град Скопје.

Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до Кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).

Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и прилепско.

Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп.

Потекло на името[уреди]

Прилеп, Марковите Кули и планината Бабуна

Постојат повеќе претпоставки за потеклото на името на градот Прилеп. Според едно предание на Марко Цепенков, луѓето кои почнале да се доселуваат, своите куќи ги граделе прилепени до калето на Марко, па поради прилепените куќи и градот го добил името Прилеп. Во истото предание се споменува дека градот бил прилебно место (место каде што се правело леб).[1]

Според некои истражувачи името има старословенско потекло со значење блатно, мочурливо место, место покрај блато.[2] Според Блаже Конески името Прилеп е образувано од личните имиња Прилепа и Прилепка, кои се зачувани во руската антропонимија.[2]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Прилеп.

Праисторија и антички период[уреди]

Градот Прилеп и воопшто населби на подрачјето на поширокиот прилепски регион, датираат уште од антиката, како што е археолошкиот локалитет Стибера, кај селото Чепигово. Во близина на градот, на Марковите Кули се откриени траги од предисториска населба. Во раната антика тука израснала населбата Керамија (Ceramie), обновена во доцната антика, која до крајот на антиката останала селска населба и не прераснала во град и епископија.[3]

Средновековна историја[уреди]

Средновековен Прилеп, седиште на државата на Крал Марко

Денешната местоположба на градот Прилеп потекнува од раниот среден век, кога Прилеп бил многу важен трговски и воено-стратегиски град. Токму во градот Прилеп, по катастрофалниот пораз на самoиловата војска во Беласичката битка, 1014 година, кога ги видел своите ослепени војници, царот Самиул починал од срцев удар. По смртта на Самуил градот потпаднал под византиска власт, се до распаѓањето на Византија во 1204 год. Низ XIII век Прилеп преминува постојано во рацете на новите господари — двапати на деспотите од Епир, двапати на Бугарија, еднаш на царот од Никеја.[3] Во 1334 година Прилеп заедно со цела Македонија стануваат дел од Српското Кралство, на чело со Стефан Душан.

Во 1371 година Прилеп станал престолнина на средновековниот македонски феудален владетел, Волкашин, кој го создал Прилепското кралство, со седиште во Прилеп. По неговата смрт во Маричката битка (1371), го наследил неговиот син, Крале Марко, (во народните преданија и приказни, познат по своите натприродни сили и моќи), кој и по доаѓањето на Турците се до неговата смрт во 1395 година владеел со Прилеп и поширокиот регион на западна и југозападна Македонија.

Османлиско ропство[уреди]

Улица во Прилеп кон крајот на XIX и почетокот на XX век

Прилеп потпаднал под османлиско ропство за време на владеењето на султанот Мурат I. Со доаѓањето на Турците, Прилеп од високоразвиен трговски град, се преориентира кон селското производство особено на тутун. Во Прилеп во 1564/65 година ќе се случи и првиот поголем бунт на македонскиот народ кон турската власт, кога незадоволните Мариовци, ќе направат голем протест, проследен со нереди пред судот во Прилеп.

Во XVIII и XIX век во градот се одржувал голем панаѓур, кој бил еден од најголемите во Румелија и траел 25 дена.[4] На панаѓурот доаѓале трговци од целиот Балкански Полуостров, а се најмногу се тргувало: жито, тутун, ќилими, стока и др.

Во XIX век, во Прилеп учителствувал големиот македонски преродбеник и собирач на народно творештво Димитар Миладинов, заедно со својот помошник Рајко Жинзифов и токму во овој период во контакт со Миладинов, Марко Цепенков (роден прилепчанец) ќе ја прифати идејата на преродбеникот за собирање на македонското народно творештво. Други преродбеници кои учителствувале во Прилеп се: Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Јосиф Ковачев и др. Во овој период градот бил поделен на христијански и турски дел. Постоеле 17 христијански маала и 10 турски.[5] Реформите во војската и администрацијата што почнале да ги спроведуваат турските султани од почетокот на XIX век наишле на отпор, особено кај феудалците во Албанија и Босна. Во 1830 година пашата Мустафа Решид Бушатлија од Скадар навлегол во Македонија со цел да ја освои Битола. Меѓутоа, во неколку битки кај Прилеп и планината Бабуна, во април и мај 1831 година бил поразен и се повлекол во Скадар. Во средината на XIX век во Прилеп доаѓа до брз развој на занаетчиството и трговијата. Во овој период во Прилеп биле развиени: казанџискиот, ковачкиот, абаџискиот и ќурчискиот занает, а нешто покасно почнал да се развива и терзискиот занает.

Жени од Прилеп во почетокот на XX век

Според структурата на ВМОРО, Прилеп за време на илинденскиот период бил дел од Прилепската околија на Битолскиот револуционерен округ. Илинденското востание ќе има силен одглас во прилепско, а со борбите раководеле познатите прилепски војводи Петар Ацев и Крсто Гермов-Шаќир војвода. На Илинден востаниците во прилепско ги исекле телеграфските кабли меѓу Прилеп-Велес и Прилеп-Битола, а биле разрушени и некои дрвени мостови по патот Градско, Кичево, Крушево и Велес.

Голем број Прилепчани активно се вклучиле во Младотурската револуција. Во септември 1910 година властите уапсиле над 70 граѓани за време на акцијата за разоружување на младотурците.

Балканските и светските војни[уреди]

За време на Првата (1912-1913) и Втората Балканска војна (1913) во Прилеп и неговата околина се воделе жестоки борби. Таква е битката кај Прилеп помеѓу војските на Кралството Србија и Отоманската империја, во која отоманската војска била поразена. Крајот на војните се означил со Букурешкиот договор, со кој била поделена Македонија, а Прилеп крајно разурнат и разорен, како дел од Вардарска Македонија ќе влезе во рамките на Кралството Србија. Ширењето на идеите на Октомвриската револуција во Русија довеле во 1919 година во Прилеп да се формира Комунистичка партија, што ќе услови во градот да се пројави жива револуционерна активност меѓу двете светски војни.

Поранешниот бугарски полициски участок, со чиј напад од страна на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ на 11 октомври 1941 година започнала Народноослободителната борба на македонскиот народ против фашистичкиот окупатор. Зградата денес претставува меморијален музеј посветен на овој настан

Во април 1941 год. Прилеп потпаднал под фашистичка окупација. На 8 април таа година во градот влегла германската фашистичка војска, а на 26 април влегла и бугарската војска.[6] Уште од првите денови на окупацијата се појавил отпор, за конечно на 11.10.1941 година со нападот на бугарската полициска станица од страна на Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“ да започне антифашистичкото народно востание против окупаторската власт.[7][8]. Во текот на војната, населението од градот и околните села активно се вклучило во борбите. Во борбите се вклучиле и Сојузот на Комунистичка Омладина на Југославија (СКОЈ) и Антифашистичкиот фронт на жените (АФЖ). Градот бил ослободен на 9 септември 1944, а конечното ослободување е на 3 ноември истата година. Последните битки за ослободување на градот се водени кај местото Песјо Бртце.[9] Во текот на НОВ од Прилеп и прилепско од 8000 учесници, активни борци со оружје в рака биле 2700. Од нив 650 се загинати, 15 прогласени за Народни херои (10 загинати во НОВ) и 154 носители на „Партизанска споменица 1941“.[6] Поради големиот број на борци и жртви, кои Прилеп ги дал во Втората светска војна, градот по војната го добил епитетот „град херој“. По војната градот почнал да се развива и напредува во сите сфери.

Географија[уреди]

Градот Прилеп се наоѓа во североисточниот дел на најголемата македонска котлина, Пелагонија, односно во Прилепското поле, како најголема населба и негов центар. Опкружен е со планините Бабуна и Дрен Планина.

Населби[уреди]

Сушење на тутун во Прилеп
Чаршијата и Саат-кулата

Клима[уреди]

Градот Прилеп и околината се наоѓаат на надморска висина од 550-700 метри, а Прилепското поле го ограничуваат високи планини (1500м) коишто условуваат умерено-континентална клима. Средната годишна минимална температура според мерниот пункт во Прилеп изнесува 6,1° додека пак апсолутната максимална температура изнесува до 39,4°. Овие температури се повисоки од апсолутните максимални температури во Струга, Ресен, Охрид и Битола. Малото количество на врнежи во текот на годината (500-600 мм) е услов за појава на послаби извори на вода.[10] Прилеп и околината во текот на годината имаат најчести ветрови од североисточен правец. Североисточниот ветар дува со максимална брзина 22,5 m/s. Југоисточниот ветар дува со просечна брзина од 3,8 m/s.[11] Градот има повеќе од 250 сончеви денови во годината.[12]

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Транспорт[уреди]

Железничката станица во Прилеп

Прилеп со патишта е поврзан со останатите делови од Македонија. Поважни патни правци се Прилеп-Битола, Прилеп-Охрид (преку Ресен), Прилеп - Кичево и патниот правец Прилеп-Велес-Скопје.

Прилеп е поврзан и со железница со Битола на југ и Велес и Скопје на север, а од железничката станица во Прилеп во 2010 година отпатувале 149.000 патници.[13]

Во градот функционира и јавен автобуски градски превоз. До околните населени места има организирано редовен автобуски или железнички сообрајќај.

Население[уреди]

Население низ историјата
Година Жители  %±
1921 18.508 —    
1931 22.821 +23,3%
1948 24.816 +8,7%
1953 29.776 +20,0%
1961 37.459 +25,8%
1971 48.202 +28,7%
1981 60.464 +25,4%
1991 66.817 +10,5%
2002 66.246 −0,9%
Извор: Податоците од 1948-2002 се според официјалните пописи[14]

Градот Прилеп има поволна демографска слика, бидејќи бројот на неговото население бележи константен прираст на секој попис. На почетокот на XX век, во Прилеп живеат 24.520 жители.[15] За време на Балканските војни, бројот на населението опаѓа, па така во 1914 год. изнесува 22.237 жители. Потоа започнува процес на миграција на турското население и Првата светска војна, а поради тоа населението во градот повторно се намалува и во 1921 год. изнесува 18.508 жители. По овие периоди започнавува постојан природен прираст на населението. Тоа се јавува првин поради доселувањето на извесен број колонисти од Југославија. Во периодот од 1948 до 1971 бројот на жителите во градот се зголемил повеќе за два пати. Тоа се должи на миграцијата село-град, како и на големиот природен прираст. Денес природниот прираст е во стагнација.


Прилеп е четврт по големина град во Македонија, а според последниот попис од 2002 година, во градот се регистрирани 66.246 жители. Со новата територијална поделба селото Варош преку конурбација е споено со градот Прилеп и денес претставува негова населба. Заедно со 3.458 жители од Варош, во градот Прилеп вкупно живеат 69.704 жители. Според етничката структура населението во градот е следново: Македонци - 64.754 (92,56%), Роми - 4.379 (6,60%), Срби - 162 (0,23%), Турци - 123 (0,19%), Албанци - 21 (0,03%), Власи - 17 (0,02%), Бошњаци - 17 (0,03%) и останати - 229 (0,34%).[14] Според религијата, најголем дел од населението се православни христијани, додека Ромите најмногу се муслимани. Во градот најмногу се зборува македонскиот јазик, односно неговиот прилепски говор.

Стопанство[уреди]

Поголеми компании во Прилеп
Компанија Индустрија Вработени
Тутунски комбинат Прилеп тутунска 1200
Мермерен Комбинат рударство 585
Витаминка прехрамбена 560
Еурокомпозит наменска 383
Комфи Ангел текстилна 300
Металец метална 253
Прилепска Пиварница производство
на пијалоци
250
11 Октомври печатарска 170
Жито Прилеп прехрамбена 150
Микросам композитни
материјали
80

Прилеп е центар на производство на високо квалитетен тутун и цигари, метало преработувачка, електронска, дрвна, текстилна, прехрамбена и мермерна индустрија (рудникот “Сивец“).

Нива со тутун во близина на Прилеп

Тутунот е еден од Прилепските традиционални култури што успева во Македонската клима. Многу од големите светски производители на цигари го користат Прилепскиот тутун откако ќе се обработи во нивните локални фабрики. Кога во Прилеп бил основан Институтот за Тутун за креирање на нови видови тутун, тоа било прв пример за примена на генетиката во земјоделството на Балканот. Повеќето жители на Прилеп опстојуваат со производство на тутун, кој потоа се откупува од Тутунски Комбинат АД Прилеп во Прилеп. Во 2012 година во Прилепско поле биле произведени 8 233 тони тутун[16] што претставува 30% од вкупното количество тутун произведено во Македонија.

Покрај тутуно-производството во Прилеп, од големите индустриски претпријатија работат и Прилепска пиварница, мермерниот комбинат, индустријата за висока технологија „Микросам“ кој е позната во светот по големиот број произведени роботи и разни технолошки изуми, повеќе фабрики за мебел, градежни материјали и воена опрема.

Во градот функционираат и јавните претпријатија: ЈКП Комуналец, ЈКП Водовод и канализација, ЈКП Пазари и ЈП за просторни и урбанистички планови.

Образование[уреди]

Куќата на Бектешовци изградена во 1923 година претставува споменик на културата

Образованието во Прилеп се одвива во повеќе училишта. Основни училишта се: ОУ „Блаже Конески“, ОУ „Гоце Делчев“, ОУ „Добре Јованоски“, ОУ „Кире Гаврилоски Јане“, ОУ „Климент Охридски“, ОУ „Кочо Рацин“ и ОУ „Рампо Левката“. Во составот на основните училишта функционираат и повеќе подрачни училишта во градот и околните села.

Средните училишта се: Гимназијата „Мирче Ацев“, а од стручните: СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески - Ричко“ и СУ „Орде Чопела“, на кои постојат голем број на стручни насоки.

Од високото образование постои Економскиот факултет, како и дисперзирани студии за информатика и компјутерска техника,[17] производство и преработка на тутун,[18] рударство, геологија и инженерство на природни ресурси. Исто така, во Прилеп функционираат и постдипломски студии при Институтот за композитни материјали и роботика.[19]

Култура[уреди]

  • Институт за Старословенска Култура - ИСК генерално се занимава со етногенезета на старите Словени, преку истражувањата на археолозите, историчарите на уметност, етнолозите, лингвистичарите и други помошни историски науки. Формиран е како Центар за истражување на Старословенската Култура при Музејот на град Прилеп, а во 1980 година се осамостојува како Институција од научен карактер. Негов основач е тогашниот директор на Музејот на град Прилеп - Проф. д-р. Бошко Бабиќ, а подоцна и негов директор од 1980 година.
Споменици посветени на десетте прилепски бранители кои во конфликтот во 2001 година загинаа кај месноста Карпалак
  • Центар за Современа Ликовна Уметност (ЦСЛУ) - Уметничка Колонија, којашто секоја година (во летниот период во месеците јули и Август) се одржува во центарот на градот Прилеп, за време на Прилепското Културно Лето. Основана е во 1957 година, од страна на историчарот на уметност и археолог - Проф. д-р. Бошко Бабиќ (директор на ЦСЛУ до 1981 година, а потоа и нејзин доживотен почесен претседател), по негова иницијатива и исто така по иницијатива на неговиот пријател и долгогодишен соработник на ЦСЛУ - академскиот сликар Ристо Лозановски. Уметничката Колонија е една од најстарите во Југоисточна Европа, а е најстара на Балканот. Секоја година, се одржуваат, редовни четири работилници: Интернационалната Сликарска Колонија (започната 1957 год.), Интернационален Скулпторски Симпозиум "Мермер" (1963 год.), Интернационално Студио за Пластика во Дрво (1971) и Интернационално Ателје за Скулптура во Метал (1984). Периодично се одржуваат и други работилници, како: Уметничка Фотографија, Керамика, Витраж, Мозаик,Графика, а од 2005 година и Студиото за Пластика во Пластика, основано по инцијатива на директорот на ЦСЛУ Диме Јанески (на функција од 1981 година до денес) и академскиот скулптор - Предраг Јаневски.
  • Македонски Театарски Фестивал "Војдан Чернодрински" - кој се одржува во чест на првиот модерен македонски автор на драми, Војдан Чернодрински, кој бил роден во село Селци, Струшко во 1875 год. Основан е во 1965 година, од страна на познати македонски актери, кои ја дале целата нивна поддршка, како што се: Нада Гешоска, Димче Гешоски, режисерот Мирко Стефаноски и други. Овој Театарски Фестивал е најголемиот и најзначајниот за македонската театарска дејност, како и пошироко на Балканот, чии признанија се од голема важност во животот на актерите. Се одржува секоја година, во првата недела од месецот Јуни.
  • Манастирот во Зрзе и манастирот “Св. Архангел Михаил“, кои имаат фрески од XII и XIV век, се значајни знаменитости на културата во Прилеп.
  • Исто така е важен манастирот „Трескавец“, кој се наоѓа на падините под врвот Златоврв и каде се снимени дел од сцените на филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

Уметност и архитектура[уреди]

Црквата „Св. Кирил и Методиј“

Постојат неколку антички знаменитости во Прилеп, вклучувајќи една кај Маркови Кули, црквата “Св. Никола“ од XIII век, црквата “Св. Успение Богородично“ (“Трескавец“), црквата “Св. Преображение“ и “Могилата на Непобедените“, споменик во чест на жртвите од фашизмот кој се наоѓа во централниот парк на Прилеп. Познато е дека постои голем римски некрополис и каде се најдени голем број на ѕидини. Римски рушевини се наоѓаат и блиску до Варошкиот Манастир, изграден во стрмните падини на ридот, каде подоцна е населена средновековна заедница. Голем број на рано римски гробници, некои со скулптурни релјефи на починатите или од “тракијскиот јавач“ и други споменици од официјална природа, се наоѓаат во двориштето на црквата под јужната падина на Варош. Некои од најголемите споменици биле изградени во ѕидовите на црквата.

Најважниот антички споменик е стариот град Стибера ситуриран во ридот Бедем близу Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Манастирот Трескавец, е изграден во XII век во планините на 10км северно од Прилеп, под Златоврв, на работ на мала висорамнина околу 1100 метри надморска висина. Други инскрипции во Трескавец вклучуваат неколку римски творби од I век посветени на Аполон. Старата тврдина била користена од Римјаните, а подоцна Византијците. Во средновековието, Крале Марко ја обновил цитаделата, правејќи ја важна воена тврдина. Дури и Цар Самуил дошол таму по поразот на Беласица во 1014 година.

Цркви

Редовни настани[уреди]

  • Пиво фест“ - фестивал на пивото со голема посетеност и разни домашни и странски естрадни гости.

Личности од Прилеп и околината[уреди]

Види исто така целосна Листа на личности од Прилеп, Категорија:Родени во Прилепско, Категорија:Починати во Прилепско

Збратимени градови[уреди]

Градот Прилеп е збратимен со градовите[23]:

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. К. Цепенков, Марко (1989). „Македонски народни приказни“. Македонска книга. стр. 106. ISBN 8636900425. 
  2. 2,0 2,1 „Прилеп во средниот век“. Завод и Музеј - Прилеп. http://muzejprilep.org.mk/en/muzejska-dejnost/oddelenie-za-istorija/116-prilep-vo-sredniot-vek. 
  3. 3,0 3,1 Иван Микулчиќ, „Средновековни градови и тврдини во Македонија“, Скопје, 1996, стр. 249-250.
  4. „Кратка историја на Прилеп“. НУ Завод и музеј - Прилеп. http://www.muzejprilep.org.mk/en/component/content/article/94-kratka-istorija-na-prilep. 
  5. Хаџи Васиљевиќ, Јован (1902) (на српски). „Прилеп и његова околина“. Чупићеве задужбине Л., Београд. стр. 32, 33. 
  6. 6,0 6,1 „Прилеп низ историјата“. www.prilepinfo.mk. http://www.prilepinfo.mk/mk/za-prilep/prilep-niz-istorijata/133-prilrp-niz-istorijata. 
  7. „Антифашистичката војна во Македонија“. А1 телевизија. http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=46275. 
  8. „Историја на АРМ“. http://www.morm.gov.mk/morm/mk/ARM/History/History3.html. 
  9. „Останаа спомените за Песјо Бртце“. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3E07D0C5FDFAE440A1A61B1D841BAF71. 
  10. „Клима туризам“. Општина Прилеп. http://www.prilep.gov.mk/informacii/mk/klima-turizam-1/. 
  11. „Клима земјоделие“. Општина Прилеп. http://www.prilep.gov.mk/informacii/mk/klima-zemjodelie-1/. 
  12. „Во Прилеп ќе се гради прва соларна централа“. Утрински Весник. http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=721555F285D8F44CBDF43B545384B6DC. 
  13. Транспорт и други услуги, 2010“. Државен завод за статистика на Република Македонија. 2011. стр. 17. ISBN 9786082270463. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/8.4.11.03_700.pdf. 
  14. 14,0 14,1 „Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/pxweb2007bazi/Dialog/varval.asp?ma=Popis_nm_1948_2002_NasPoEtnPrip_mk&ti=%CD%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+%ED%E0+%D0%E5%EF%F3%E1%EB%E8%EA%E0+%CC%E0%EA%E5%E4%EE%ED%E8%BC%E0+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%E8%E7%BC%E0%F1%ED%F3%E2%E0%9C%E5%F2%EE+%E7%E0+%E5%F2%ED%E8%F7%EA%E0%F2%E0+%EF%F0%E8%EF%E0%E4%ED%EE%F1%F2%2C+%EF%EE++%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8+%EC%E5%F1%F2%E0%2C+%F1%EF%EE%F0%E5%E4+%EF%EE%EF%E8%F1%E8%F2%E5+%ED%E0+%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5+1948%2C+1953%2C+1961%2C+1971%2C+1981%2C+1991%2C+1994+%E8+2002++%E3%EE%E4%E8%ED%E0+%28%F1%EE%E3%EB%E0%F1%ED%EE+%F2%E5%F0%E8%F2%EE%F0%E8%BC%E0%EB%ED%E0%F2%E0+%EE%F0%E3%E0%ED%E8%E7%E0%F6%E8%BC%E0+%EE%E4+1996+%E3%EE%E4%E8%ED%E0%29&path=../Database/%CF%EE%EF%E8%F1%E8/%CF%EE%EF%E8%F1%E8%20%ED%E0%20%ED%E0%F1%E5%EB%E5%ED%E8%E5%201948%20-%202002/&lang=18. 
  15. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр.244.
  16. Полјоделство, овоштарство и лозарство, 2012“. Државен завод за статистика на Република Македонија. 2013. ISBN 9786082271019. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/5.4.13.02.pdf. 
  17. „Додипломски студии“. УКЛО. http://www.uklo.edu.mk/categories/view/91. 
  18. „Производство и преработка на тутун (Дисперзирана настава во Прилеп)“. Факултет за земјоделски науки и храна, Скопје. http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/20100912286/proizvodstvo-i-prerabotka-na-tutun.html. 
  19. „Постдипломски студии“ (на англиски). Институт за композитни материјали и роботика - Прилеп. http://www.iacr.edu.mk/pages/postgraduate-studies/. 
  20. „ЦРКВА „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ – ПАРАКЛИС“ (на македонски). http://www.oldprilep.com/prilepska-crkovna-opstina/crkva-sveti-kiril-i-metodij.html. конс. 25 април 2012. 
  21. „Донирани средства за изградба на црквата Св. Петка во Прилеп“ (на македонски). Курир. Петок, 20 Јануари 2012 16:14. http://kurir.mk/republika/opstini/57798-Donirani-sredstva-za-izgradba-na-crkvata-Sv-Petka-vo-Prilep. конс. 25 април 2012. 
  22. 22,0 22,1 22,2 Осветени темели на уште на една црква во Прилеп“, Дневник, 24 април (конс. 25 април 2012). (на македонски)
  23. http://www.prilep.gov.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=261
  24. Прилеп се збратими со украински Чернигов

Надворешни врски[уреди]


Координати: 41°20.40′N, 21°33.20′E