СОЕПТУ „Кузман Јосифовски Питу“ - Прилеп

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кузман Јосифовски Питу

Место
Општина: Прилеп
Место: Прилеп
Адреса: ул. „Цар Самоил“ бб
Основни информации
Основано: 1957
Директор: Билјана Марковска
Број на ученици: 460
Настава на: македонски
Контактни информации
Портал www.kjpitu.edu.mk

„Кузман Јосифовски Питу“ — средно училиште во Прилеп, Општина Прилеп[1].

Основање[уреди | уреди извор]

Средното општинско економско училиште “Кузман Јосифоски - Питу” од Прилеп постои уште од 1962 година. Денес во ова училиште се одвива настава чија цел е професионално определување на ученикот за да може правилно да ги развие сопствените работни способности и правилно да ја изгради својата личност. За остварување на оваа цел ангажирарани се професионални кадри кои одржуваат настава на ученици распоредени во три струки :

  • Економска струка
  • Правна струка
  • Трговска струка
  • Деловен секретар
  • Банкарски техничар

Историски развој[уреди | уреди извор]

По ослободувањето, со брзиот развој на стопанството се јави голема потреба од кадри со средно стручно образование.Во учебната 1955/56 година се роди идејата да се формираат неколку економски паралелки кои најпрво работеа во составот на гимназијата „Mирце Ацев“-Прилеп.Со одлука на Советот за просвета на НРМ од 1956 год. во Прилеп се отвори средно економско училиште.Во наредниот период општествено политичките организации го определија името на училиштето „Кузман Јосифоски-Питу“. Во 1956 год. трговската комора на Македонија а во соработка со истата асоцијација во Прилеп, формира средно училиште за потребите на трговијата. Во прво време средното економско училиште и средното трговско училиште работеа одделно,а со посебна одлука за поврзување на двете училишта која одлука се спроведе во учебната 1987/88год. започнува забрзан развој на економско-трговскиот ценар.Основната дејност на училиштето е воспитно образовна на ученици од стручно образование со четири годишно траење од економска,правна и трговска насока.

ЛЕТОПИС[уреди | уреди извор]

Цветан Беличански-прв директор на Гимназијаа и Економското Училиште.

По Втората светска војна и со создавањето на Р. Македонија во Прилеп работеше едно средно училиште гимназијата „Мирче Ацев“ но заради брзиот економски развој тогаш се јави потреба за средни стручни кадри од економска струка. Така,уште во учебната 1955/56 година при Гимназијата се формираа неколку економски паралелки, а веќе во следната 1956/57 год. во Прилеп се основа средното економско училиште.

Стојан Силјаноски-прв директор на Трговското училиште

„Во 1956 год. Трговската комора на Македонија во сораборка на истата асоцијација од Прилеп формира училиште за потребите на Трговијата со современ и образован кадар."

Пајмакоски Гога-директор на економското училиште од 1959 год.

Ношпал Јово-директор на економското училиште од 1968/69год.

Тренкоски Ристе

„Има малди и талентирани деца кои покрај учењето го сакаат спортот и спортуваат.... Од своето постоење од 1956 година Трговскиот училиштен Центар во Приелп, оспособил голем број на трговски работници, кои се афирмирани низ целата наша земја.Новата трансформација на средното образование ќе овозможи не само квалитет во наставата, туку и задоволување на дел од потребите во здружениот труд."

Ќофкароски Илија-директор на економското училиште 1978 год.

Џингоски Јане-директор на економското училиште 1987/88 год.

„Како и во секоја работа, така и во директорската доколу се сака само да се уживаат благодетите и привелегиите што ги овозможува функцијата, директорувањето е многу лесно. Но дололку работата се работи онака како што треба, притоа да се мисли и работи на осовременување на наставата,подобрување на условите за работа и за внесување на дополнителни нешта, тогаш таа воопшто не е лесна."

Смугрески Димитрија-директор на економското училиште 1998 год.

„Поткрепени од PHARE-програмата голем процент од наставничкиот кадар и менаџерскиот тим, учествуваше и учествува на најразлични обуки, семинари кои се добредојдени како извор на нови сознанија,искуства и информации за сето она што се нарекува современо средно стручно образование."

Бунеска Елена-директор на економското училиште 2002/03 год.

„Работата со ученици е мошне хумана. Но во исто време работата со нив е мошне одговорна. За учениците одмор се матурските вечери и екскурзиите, но и тогаш одговорноста кај наставницита останува."

Ристеска Пандора-директор на економското училиште 2003/04 год.

„Меѓутоа и СОЕПТУ„Кузман Јосифоски-Питу“ Прилеп има своја "ахилова пета“. 50 години од основањето до денес училиштето е без фискултурна сала. Апелиравне до сите можни и компетентни адреси. Ситуацијата е статус „КВО".

Котески Цане-директор на економското училиште 2006 год.

„За сериозен човек оваа функција е многу одговорна и бара голема динамика и еластичност во секојдневната работа како и во трасирањеро на долгорочната воспитно образовна стратегија и цел на училишниот Центар. Раководењето на школото го сочинуваат голем број на тимови, нормално како и менаџерскиот тим на чело со директорот, педагошко-психолошка служба, стручните активи како и администрацијата и помошниот персонал. Мојата работна стратегија и менаџирање ќе ги насоќам кон обезбедување на се што недостасуваше во моето училипте од: нови работни простории,нова информатичка опрема,спортска сала,како и успешно завршување на сите проекти како што се Модернизација на образованието, отворање на Кариерен и Проектен Центар за учениците, формирањето на виртуелните компании и секако преку СЕА проектот и формирање на реална компанија."

Китаноска Менка-директор на економското училиште 2009/11год.

м-р Наталија Ацеска-директор на економското училиште од ноември 2011 год.

Секции[уреди | уреди извор]

  • Драмска секција
  • Рецитаторска секција
  • Хор
  • Англиска секција
  • Правна секција
  • Планинарска секција
  • Бизнис и претприемништво
  • Германска секција
  • Новинарска секција

Натпревари[уреди | уреди извор]

  • Спортски натпревари
  • Општообразовни натпревари
  • Локални натпревари
  • Меѓународни натпревари
  • Хуманитарни натпревари
  • МАССУМ натпревари

Учество на натпревари[уреди | уреди извор]

Училиштето има учествувано на многу натревари од најразлични карактери.

Најбитен е саемот на средни стручни училишта од Македонија, на кој училиштето освои :

  • 2006 - златен медал за најдобар штанд.
  • 2007 - 2 златни медали за најдобар штанд на виртуелна компанија и 1 сребрен медал за најдобар штанд на училиште и 1 сребрен медал за најдобар МАССУМ огранок.
  • 2008 - 1 залтен медал за најдобар ученик доделен на Кирил Димески.
  • 2009 - 2 златни пехари, од кои едниот за женски фудбал а другиот за најдобра рап и хип-хоп изведба и 1 сребрен медал за најдобар штанд на училиште.
  • 2009 - 2 место на натпреварот по математика „Кенгур“.

Освоени награди[уреди | уреди извор]

  • 2008 - Петреска Ивана I год. Диплома за освоено трето место(III) на конкурсот за најдобри лични творби
  • 2009 - СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ за освоено III(трето)место на општински натпревар по Прва помош.
- Билјана Стојоска II год.- Диплома за освоено III(трето)место на општинскиот натпревар за јавно говорење.
- Илиоска Марина III год. Диплома за освоено прво место и Шарчевиќ Златко III год.-Диплома за освоено второ место на Државниот натпревар по Географија.
  • 2010 - Ивана Наумческа Диплома за освоено III место на 46-та Државна смотра за млади истражувачи од Р.М
- СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Диплома за освоено трето место на Општински натпревар по Прва помош.
- Мики Донески трето место најдобра фотографија на МАССУМ.
  • 2011 - Жежоски Александар учествуваше на Регионалната Олимпијада по Германски јазик во Охрид и освои второ место, а потоа учествуваше на Државната олимпијада по Германски јазик во Скопје и освои шесто место.
- Доан Сулејманоски прво место за најдобра маска на прочка 2011г.
- Ѓоргоски Живе III место за најдобра маска прочка 2011г.
  • 2012 - Информатика-Дизајн на мрежни места Кристијан Момироски освои четвртото место.
- Информатика-Компјутерско програмирање Јордан Чавлески освои четвртото место.
- Доан Сулејманоски е добитник на прва меѓународна награда во категоријата средношколци (ПОЕЗИЈА) на Меѓународниот фестивал за расказ, расказ и песна „Трифун Димич“ 2012 година.
- На општинсиот наптревар за најдобар есеј на тема „Основање на партизанските одреди и нивното дејствување 1941/42“ , распишан од Сојузот на борците од НОБ на град Прилеп по повод 3 Ноември - Денот на ослободувањето на градот Прилеп, третото место му припадна на ученикот Доан Сулејманоски
- МАССУМ натпревари:
  • Прво место - НАЈДОБАР ШТАНД
  • Прво место - НАЈДОБАР ФИЛМ
  • Прво место - Најдобра драмска претстава
  • Прво место - Најдобро интервју за работа (Ивана Ивческа III ѓ)
  • 2013 - МАССУМ натпревари:
  • Прво место - Кариерно портфолио на Доан Сулејманоски
  • Прво место - Маркетинг план
  • Второ место - Најдобар штанд
  • Второ место - Модна ревија
  • Второ место - Соло пеење
- СОЕПТУ „ Кузман Јосифоски – Питу “ – Прилеп го освоија првото место со драмата „Промена “
- Андријана Ѓореска и Бојан Ѓорѓиоски - III место за видео во Сандански-Бугарија
- Државен натпревар по математика „Кенгур“:
  • Прво место - Андријана Ѓореска
  • Второ место - Бојан Ѓорѓиоски
  • Трето место - Симона Бонеска, Јасмина Зијадиќ
- Симона Мрсеска ја освои II награда во категорија есеј на Државен литературен награден конкурс.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]